Дијаспора

КОРЕНИТЕ НА ФАМИЛИЈАТА НА СВЕТЛЕ СТАМЕВСКИ (9)

Славе Катин

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СВЕТОЗАР – СВЕТЛЕ СТАМЕВСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Светозар-Светле Стамевски  е исклучително доблестен, комуникативен и полн со позитивна енергија Македонец, Затоа, за подобро да го портретираме неговиот лик и воопшто неговиот животек ќе се вратиме многу децении наназад

Инаку,  бабата Менка која била најмала, немала брат, а сите сестри и биле омажени, па дечињата и немале каде да одат. Тогаш некој ги земал и ги донел во селото Одри, каде всушност и почнува да се плете приказната на семејството Стамевски. Во големата фамилија на Јанковски, кои биле седум-осум браќа, бил земен Крсте.

Тие имале надимак Патроњари, додека пак кај Крстиќи бил посинет Ристо. Дедо му на Крстета кај Јанковци се викал Ѓоро, а баба му Коцана. Од Старо Село, во Одри бил дојден прадедото Стаме каде и бил посинет. Но, посинет бил од тетката Трпка која со својот маж Јанко, решиле да го земат Стамета.

Сопругата на Јанко, пак,  била од попска фамилија од Давошник а тој бил од Одри. Стаме дошол од Старо Село во Одри. Тоа значи дека Стаме му е притатко на Крстета, кога веќе татко му Димо умрел а мајка му само што се премажила, па и таа умрела. Крсте бил човек кој, исто така, минал низ доста тешки години од својата најрана возраст. Тој живеел во Одри, но, веќе во детство морал да замине во Романија.

Инаку, од памтивек влашката земја била “ветена земја” за голем број Македонци, особено од западниот дел на Македонија, кои со торбата на рамо, тргнале по белиот свет да спечалат и пак да се вратат во Македонија на дедовските корени. Таквите печалбарски движења, според некои пишувани документи и од комуникацијата со бројни раскажувачи, може да се каже дека биле прилично интензивни и оставиле свој белег врз историјата на македонскиот народ.

Дел од црквата во Одри

Се знае дека по неколку илјади Македонци од Галичник, Кичевско, Струшко, Тетовско, Мијачијата, Маврово, и од други делови на Македонија оделе на гурбет во Влашко. Таму се занимавале со различни занимања и живееле претежно групирани во тајфи, односно групи, с# со цел полесно да го организираат животот и подобро да се снајдат во новата средина. Таквиот печалбарски живот оставил траги во историјата, културата, обичаите и црковното живеење на македонскиот печалбар. Затоа, не случајно се испеани бројни песни за одењето, живеењето и враќањето на печалбарите од Влашко.

Таква била и судбината на дедото на Стив –  Крсте. Уште во 1909 година, Крсте, трнал на печалба во Романија. Таму, тој како детенце, некако се снаоѓал за да придонесе во заработувачката на фамилијата. Продавал ѓевреци и сладоледи и за време од двете години колку што бил во Романија, него веќе почнал да го челичи животот.

He му било лесно. Ама и дома, откако си дошол, по три години бил собран од тогашните џандари и бил испратен на фронтот не како македонски, туку, како српски војник во балканските војни. Каква голгота преживеал, само тој знаел бидејќи тешките лузни во душата никогаш не биле избришани. Co самото тоа што од петнаесет илјадна војска само околу девет илјади Бог ги спасил за да се вратат живи дома, најилустративно зборува за сета таа мрачна страница на Крстета.

Ама тоа било само почеток. Зашто, тој морал пак аскер да замине со сила, сега, во Првата светска војна. Повторно поминува низ пеколот, ама пак Бог го дочувал. Си доаѓа назад дома во Одри. Решил да се жени. Избраничката на неговото срце е личната мома Наца од Јалошник.

Но, само што се израдувал на првите брачни заеднички дни, Крсте морал да го нарами торбулето и повторно преку Србија и Дунав да замине на печалба во Романија, каде што веќе бил појден татко и’ на баба му на Светле Стамевски и тоа со целата фамилија, и така отишол и тој кај нив. Меѓутоа, не за долго. Некако, работите не му тргнале како што планирал. He нашле разбирање со нив, и еден ден решава да се врати назад дома во Одри.

Си дошол во Одри. Ама како да се преживее? Како да се одгледаат жена и деца? Сите тие дилеми му ја корнеле душата и тој морал пак да бара некое чаре. Долго разговарале со сопругата и со брат му Ристо, кој ли пат да го фатат и каде да тргнат по заработка и опстанок на семејството? Затоа, се одлучил друго чаре да бара за доброто на неговата фамилија.

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Одбележани 165 години од „Зборникот на браќата Миладиновци“ – епохалното дело и живиот глас на Македонците

Свеченото одбележување на 165-годишнината од „Зборникот на браќата Миладиновци“ беше посветено на делото што останува траен симбол на македонската народна мудрост, традиција и идентитет. На свеченоста, посветена на значењето на делото на Димитар и Константин Миладиновци, присуствуваше и амбасадорката на Народна Република Кина во Македонија, Џијанг Сјаојен. Во своето обраќање, Анета Механџиска, директорка на ЈУ […]

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ НОВИОТ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД 77“ ВО СИДНЕЈ

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј го објави јунскиот бр. 77 од списанието „Повод“ кое е наменето за литература и култура. Новиот број на сисанието „Повод 77“  е издание за литература, култура, историја и општествени прашања. Него го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“. Бројот 77 на списанието „Повод“ е посвете на познатата поетеса Mилица Паулус. […]

Семејното стебло на фамилијата Стамевци (8)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СВЕТОЗАР – СВЕТЛЕ СТАМЕВСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН Светозар-Светле Стамевски  е исклучително доблестен, комуникативен и полн со позитивна енергија Македонец, Затоа, за подобро да го портретираме неговиот лик и воопшто неговиот животек ќе се вратиме многу децении наназад Семејната приказна на Светле (Стив) Стамевские интересна и уникатна, Затоа ќе ја почнам сагата за семејството Стамевци од селото Одри, […]

ОДРИ – СЕЛО УБАВО – СЕЛО ГОЛЕМО ПОД ПАДИНИТЕ НА ШАР ПЛАНИНА (7)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СВЕТОЗАР – СВЕТЛЕ СТАМЕВСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН Тетовското село Одри, родното место на Светле Стамевски и неговото семејство е големо и старо македонско село кое се наоѓасреде полошката убавина. Тоа е вгнездено во полошката питомина, повеќе векови: каде  живее, се гради, се развива, се шири со албанско население и тагува што Македонците се иселуваат […]

Македонската црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго – стожер на православието во САД

Историјата на македонската емиграција во Соединетите Американски Држави е исполнета со примери на пожртвуваност, единство и љубов кон татковината. Меѓу најзначајните духовни и национални симболи на Македонците во Америка се македонските православни храмови, кои со децении претставуваат места каде што се чуваат верата, јазикот, културата и традициите на македонскиот народ. Еден од најпознатите такви храмови […]

Brains Beyond Borders: Македонски таленти од светот ќе разговараат за иднината на вештачката интелигенција и иновациите

Настанот во Скопје ќе ги обедини младите претприемачи, технолошките професионалци, студентите и дијаспората во дискусија за можностите што ги носат новите технологии и глобалната соработка. Македонците ширум светот сѐ повеќе се истакнуваат како успешни бизнис лидери, научници, истражувачи и иноватори кои создаваат решенија и технологии што го менуваат начинот на кој живееме и работиме. Нивниот […]

„Македонци“ Том 2 првпат пред дијаспората во Виена

По успехот на првиот том, Виена ќе биде домаќин на првата меѓународна промоција на „Македонци – Сведоштва за идентитетското име и јазикот“ Том 2 Авторот д-р Бранислав Светозаревиќ Покорни на 21 јуни во Виена ќе ги претстави новите документи и историски сведоштва за македонското име, идентитет и јазик. По големиот интерес што го предизвика книгата […]

Полошкиот регион-дел од тетовската разгледница (6)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СВЕТОЗАР – СВЕТЛЕ СТАМЕВСКИ“ ОД  СЛАВЕ КАТИН Тетовскиот крај во Македонија е опколен со раскошните природни планински врвови, особено на Шара, од каде е потеклото на семејството Стамевски. Во ова продолжение осебен акцент е ставен на животот и делото на познатиот македонски преродбеник Кирил Пејчиновиќ – Тетоец Освен зимско рекреативен спортски центар, […]

To top