Историја

Србски документ од 1887 година: „Македонците се засебен народ со засебна историја, нарави и обичаи“

Архивскиот документ зборува за барање да се дозволи издавање на весник „Македонски глас“, кој требало да биде глас на македонското население и да ја претстави пред светот неговата посебност.

Во јавноста повторно се појави значаен историски документ од 1887 година, во кој јасно се зборува за Македонците како за засебен народ, со своја историја, свои нарави и свои обичаи.

Документот е особено важен бидејќи доаѓа од период кога Македонија сè уште се наоѓала под османлиска власт, а соседните држави веќе воделе силна политичка, црковна и просветна борба за влијание врз македонското население. Токму затоа, ваквите сведоштва имаат големо значење за разбирање на македонската национална свест во 19 век.

Во еден од најважните делови од текстот стои дека македонското население треба да му се јави на светот како: „засебан народ, са засебном историјом, наравима и обичајима“, Односно, како засебен народ со засебна историја, нарави и обичаи.

Понатаму во документот се истакнува дека, според тоа, никој нема право да претендира над Македонија и дека Македонија им останува на Македонците. Тоа е исклучително силна формулација за времето во кое е напишан документот.

Особено значаен е и делот во кој се предлага во престолнината да се издава весник под името „Македонски глас“. Тој весник требало да биде средство преку кое ќе се освести македонското население и преку кое пред светот ќе се претстави вистината за Македонците.

Според објавеното објаснување, во 1887 година српската влада испратила молба до рускиот пратеник во Цариград, Нелидов, со барање да помогне кај турските власти да се одобри печатење на листот „Македонски глас“. Во објаснувањето се наведува дека листот требало да биде на македонски јазик, со цел Македонците да имаат свои весници, книги и печатници.

Секако, јасно е дека Србија во тоа време имала и свој политички интерес, пред сè во спречување на бугарското влијание во Македонија. Но, без разлика на тие интереси, самата содржина на документот е многу важна, бидејќи покажува дека уште во 1887 година во дипломатски и политички кругови се зборувало за Македонците како посебен народ.

Овој документ е уште едно сведоштво дека македонската посебност не е измислена во 20 век, ниту е создадена со одлука на некоја партија или држава. Таа постоела многу порано, била забележувана, именувана и третирана како реалност.

Документот од 1887 година е создаден дури 57 години пред 1944 година, кога се институционализира современата македонска државност. Тој е и уште еден одговор на сите денешни обиди да се негира македонскиот идентитет, македонската историја и македонското име.

Македонците постоеле, зборувале за себе, биле препознавани од други и барале свој глас. А тој глас, уште во 1887 година, требало да се вика: „Македонски глас“.

Најново од: Историја

Полскиот лингвист Мјечислав Малецки уште во 1934 година пишува за посебноста на македонскиот јазик

Полскиот лингвист и славист Мјечислав Малецки (1903–1946) оставил значајно научно сведоштво за македонските говори и нивната јазична посебност. Во своето дело „Два македонски говора“, објавено во Краков во 1934 година, ги истражувал говорите на селата Сухо и Висока во Солунско, во егејскиот дел на Македонија. Проучувајќи го живиот говор на месното население, Малецки ги разгледувал […]

Славе Катин – Географски карактеристики на Балканот

Името „Балкан“ е од подоцнешен датум, по стариот италијански Бог на огнот Вулканус, првенствено Бог на вулканскиот оган, а подоцна и Бог на ковачката вештина. Ова име се однесува на планината Хем и на целиот полуостров. Погрешно е да се смета дека е од турско потекло. Науката за Балканот е балканологијата, која е основана во […]

Американското училиште во Битола (1865–1913) за народноста на Македонците

„Писмо на битолскиот областен инспектор од 1913 година во кое го информира надлежниот министер дека училиштето на американската мисија во Битола му испратило список на ученици кои по народност биле „Македонци“, нешто друго од народноста „Србин“.“ Ова американско училиште во Битола било отворено во 1865 или во 1873 година. На почетокот било наменето за девојчиња, […]

Солун 1912: грчкиот весник напишал — „Солун освоен со меч“

Една насловна страница од грчкиот весник „Πατρίς“, објавена на 27 октомври 1912 година, отвора непријатно прашање за современиот грчки историски наратив. На неа, со големи букви, пишува: „Η ΘΕΣΣΑΛΟΝΙΚΗ ΚΑΤΕΚΤΗΘΗ ΧΘΕΣ ΔΙΑ ΤΟΥ ΞΙΦΟΥΣ“ Во превод: „Солун вчера беше освоен со меч.“ Ова не е македонска интерпретација, ниту современа пропаганда. Тоа се зборови отпечатени во […]

Доброволците од Гостиварско во Македонско-одринското доброволство 1912–1913

Архивските списоци откриваат имиња на луѓе од Гостивар и гостиварските села кои во годините на Балканските војни биле заведени како ополченци, односно доброволци. Балканските војни, 1912–1913 година, кај многу Македонци разбудиле надеж дека конечно доаѓа ослободување на Македонија од османлиската власт. Голем број обични луѓе, меѓу кои печалбари, занаетчии и работници, се приклучиле како доброволци, […]

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

To top