Коментари

Ламбе Арнаудов: Кој да го сопне Мицкоски

Ламбе Арнаудов

Ламбе Арнаудов

Пирамидата на македонското национално чувство!

Кој и како може да го сопне ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ кога пред сé со духовната, а бога ми и со телесната градба, ако сакате, стои гордо исправен напред пред својот народ.

Го крчи и трасира патот за кој што МАКЕДОНСКИОТ НАРОД одамна се беше определил, за сега конечно благодарение на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, цврста не еродирачка и не`рѓосувачка институционална градба составена од правилно поставени, функционално единствени, досега и поредени и сложени елементи високо издигнати над досегашните колебливци притаени кукавици, го прават ПИРАМИДА на МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО ЧУВСТВО, препознатлив, општо прифатлив ЛИДЕР, токму онаков како што заслужува древната МАКЕДОНИЈА.

Залудни се обидите да сопнеш пирамида која со милениуми стои исправена и пркоси на времето како што тоа сега го прави ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ за својот народ и ќе остане во наследство и долго помнење како пирамидите на кои што и ден денес им се восхитуваме.

Да се послужам малку и со мојот фудбалски жаргон.

Кој можеше да ги сопне кралевите на фудбалот ПЕЛЕ, МАРАДОНА, МЕСИ, ЏОРЏ БЕСТ а да не добие црвен картон и исклучување.

Кај нас во политиката тоа е капитенот на екипата, светски и европски шампион ВМРО-ДПМНЕ со најдобриот во тимот лидерот што внесувајќи го целото свое знаење, љубов и патриотизам го става во служба за добробит и општа благосостојба на симпатизерите, навивачите и сета публика кои што препознаваат вредности и со благодарност го прифаќаат, убедени дека победите на ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ кога се во прашање интересите на МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ и ТАТКОВИНАТА МАКЕДОНИЈА никогаш нема да престанат и ќе останат во трајна сопственост, несебично и со чувство на лична одговорност, дека тоа е единственото така и никако поинаку, однесување на одговорноста што произлегува од позицијата на која уште долго, за среќа, ќе остане.

Ќе остане, затоа што ХРИСТИЈАН не бара алиби во тешкотиите, проблемите и околностите, туку ги решава и ги става на наша страна, а при тоа никогаш да се обиде да се поштеди себе си.

Во политиката највисок дострел што може да се дофати е да станеш она што сега е ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ – ГОСПОДАР НА СИТУАЦИЈАТА.

Од друга страна, со своите морални и етички квалитети што ги поседува, го прави својот народ и сите граѓани на татковината, сите заедно да сме ГОСПОДАРИ НА СИТУАЦИЈАТА, што ни дава голема предност, проблемите и искушенијата пред кои што сме исправени најдобро да ги решаваме, во наша корист, за блескава иднина на сите.

Има уште една многу интересна, помалку запоставена димензија на процесот наречен СОПНУВАЊЕ.

Се обидоа да го сопнат неталентирани и нешколувани антиталенти и грубијани во политиката исто како и во фудбалот.

Каде се сега?

Поцрвенети од бројните црвени картони што им ги дедели најправедниот и најчесниот судија – НАРОДОТ.

Црвените картони доделени од НАРОДОТ значат доживотна суспензија затоа што НАРОД НЕ СМЕЕ НИКОЈ ДА ФАУЛИРА И ПОВРЕДУВА!

Ете, тоа моќта на КАТАРЗАТА, ПРОЧИСТУВАЊЕТО што го прави нашиот напатен но силно издржлив и жилав и со верба во сопствениот вековен опстанок НАРОД.

Тоа е мудроста на НАРОДОТ, да знае и препознае кој е за што, а кој е за НИШТО.

А, ПИРАМИДАТА!

Високо ќе се издигнува уште многу, многу долги години затоа што во неа се вградени сите желби, копнежи, идеа КАУЗА на ВМРО-ДПМНЕ, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И МАКЕДОНИЈА сплотени во совршена интеграција, стабилност, рамнотежа и просперитет.

Најново од: Коментари

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

На Македонецот ќе му дадам дел од рајот, ама ќе видите какви соседи ќе му дадам!

Македонија треба да ја чувствуваме како дар од Севишниот, да ја чуваме како наследство од предците и да ја градиме како обврска кон нашите деца и внуци. Кога Севишниот Господ Бог ја делел земјата меѓу народите, пред Неговата врата се создала голема редица. Секој барал свое место под сонцето. Едни сакале море, други плодни рамнини, […]

To top