Коментари

Пелинце испрати јасна порака: Македонија нема повеќе простор за предавства

Мане Јаковлески

Обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски беше јавно ветување дека државните и националните интереси нема повторно да бидат жртвувани под притисоци и уцени

Пелинце не е обично место за политички говори. Таму секој збор има поголема тежина, затоа што сè потсетува на борбата и државотворната мисла на македонскиот народ.

Затоа изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „по ниту една цена“ нема да направи предавство на штета на државата и народот е повеќе од политичка порака. Таа е јавно преземена обврска пред граѓаните и пред историјата.

„Никогаш нема да се откажам од борбата да ја направиме Македонија подобро место за живеење – наш дом и наша иднина. Јас предавства на штета на државата и народот, како што се правеше во минатото, по ниту една цена нема да направам“, порача Мицкоски.

Македонскиот народ прескапо ги плати политиките на отстапување и прифаќање туѓи услови. Секоја отстапка беше претставувана како последна, но по неа следуваше ново барање. Жртвите требаше да го отворат европскиот пат, а тој остануваше затворен додека цената за Македонија стануваше сè повисока.

Затоа зборовите од Пелинце треба да означат крај на времето во кое македонските интереси се користеа како монета за политичко поткусурување.

Мицкоски ги поврза Крушево од 1903 и АСНОМ од 1944 година како две страници од истата македонска државотворна книга. Во Крушево беше прогласена волјата за слобода, а на АСНОМ таа доби државна форма. Никола Карев и Методија Андонов-Ченто остануваат симболи на Македонија како своја, слободна и достоинствена држава.

Прашањето е дали сме достојни наследници на илинденците и асномците.

Одговорот не се дава со венци и свечени говори, туку со начинот на кој ги чуваме државата, јазикот, идентитетот и националното достоинство – особено кога притисоците се најсилни.

Секоја генерација има свој Илинден. Денешната борба не се води со пушки и црешови топчиња, туку за економски опстанок, демографска обнова, функционални институции, владеење на правото и достоинствен живот во сопствената држава.

Македонија има право на европска иднина, но нема обврска постојано да се откажува од својата национална суштина. Европската Унија треба да биде заедница на рамноправни држави и народи, а не простор во кој билатералните уцени стануваат европски услови. Европска интеграција што бара промени на историјата, националната меморија и идентитетот лесно се претвора во обезличување.

На Македонија ѝ е потребно единство околу заедничките црвени линии. Може да се разликуваме за политиките и реформите, но не смееме да се делиме кога се загрозени македонскиот јазик, идентитетот, историјата и државните интереси.

Македонија е поголема од секоја партија, функција и политичка кариера. Таа е наследство што мора да им го предадеме на идните поколенија посилно отколку што сме го примиле.

Пораката од Пелинце е јасна: времето на понижувања и отстапки мора да заврши. Нејзината вистинска вредност, сепак, ќе се мери според делата што ќе следуваат.

Затоа што Илинден не е само спомен. Илинден е аманет.

А аманетот не се преговара, не се продава и не се предава.

Најново од: Коментари

Дали некој можел да владее на Македонскиот Полуостров до 19 век ?

Дали некој можел да владее на Македонскиот Полуостров до 19 век? Одговорот е апсолутно не и никако. Секој еден или било каква сила се до 19 век можеле да поминат но никако да се задржат или да управуваат поради неколку причини – планинската конфигурација, предолги и изморувачки патувања, климата и непознавање на населени места се […]

Рејтинг не се гради со соопштенија и прифаќање туѓи барања

СДС не може да ја врати довербата на граѓаните со секојдневни соопштенија, ширење песимизам и напади врз сè што се гради. Довербата се заслужува со работа, резултати и заштита на македонските национални и државни интереси. По седумгодишното владеење со ДУИ, СДС денес се обидува да создаде впечаток дека е сериозна опозиција. Но, граѓаните добро паметат […]

Кој ја осмисли и спроведе операцијата за промена на името на Македонија?

Искра Симјаноска Промената на уставното име на Република Македонија не беше изолиран политички чин, туку завршница на долготраен процес во кој, според моите сознанија и политички оценки, учествуваа странски дипломати, домашни политичари и регионални центри на влијание. Сметам дека значајна улога во тој процес имаше американскиот дипломат Филип Рикер, кој долги години беше непосредно вклучен […]

Ламбе Арнаудов: Јас и мојата река Илинден – заедно до устието!

Само водата и каузата секогаш го наоѓаат својот пат Јуни 1962 година. Последните денови пред летниот распуст, а истовремено и последниот час по географија – време за сведување на оценките. На мое големо изненадување, учителката ме крена мене и ми постави прашање со кое, како што рече, требаше да ги расчисти дилемите околу мојата конечна […]

Илинденците и асномците се бореа со оружје – денес борбата е за економски силна Македонија

Илинденците и асномците се бореа со оружје во рацете, свесни дека слободата можат да ја платат со сопствените животи. Благодарение на нивната храброст и саможртва, денес, иако само на еден дел од Македонија, имаме сопствена држава, свој македонски јазик и можност слободно да го славиме македонското име. Нивниот аманет не е само да се поклонуваме […]

Свети Илија – чуварот на Македонија и вечен закрилник на македонскиот народ

Свети Илија длабоко живее во духовната свест на македонскиот народ. Неговиот празник, Илинден, е еден од најголемите и најславните празници во Македонија – ден во кој се спојуваат верата, историјата, борбата за слобода и љубовта кон татковината. Македонците од памтивек го почитуваат Свети Илија како силен заштитник и небесен чувар. Во народното верување тој господари […]

Илинден е аманет – ќе бидеме ли достојни наследници?

Има народи што ја градат својата историја со векови, а има и народи што ја плаќаат со сопствената крв. Македонскиот народ припаѓа на вторите. Затоа Илинден не е само празник, ниту историски датум што еднаш годишно го одбележуваме со говори, венци и свечености. Илинден е совеста на Македонија. Ден кога мора да си го поставиме […]

Вака Бугарија гради добрососедски односи?

Разоткриената мрежа од лажни „македонски“ портали отвора сериозни прашања за организираното ширење бугарска пропаганда, национална нетрпеливост и омраза во Македонија Со години од Македонија се бара да докажува дека сака добрососедство. Се бараат отстапки, промени на учебници, комисии, декларации, уставни измени и постојани уверувања дека македонскиот народ нема непријателски чувства кон Бугарија. Но, по разоткривањето […]

To top