Коментари

Од „војвода“ до маалска трачара

Мане Јаковлески

Некои можеби ги сметаат моите ставови за Македонија за радикални, но јас по природа ниту сум радикал ниту дејствувам како таков.

УДБА со години ме водела како „радикален емигрант“, тврдејќи дури и дека сум подготвувал атентати, четири години имаше потерница по мене во цела тогашна Југославија, со ознака АПСИ.

УДБА ме накодошила за тероризам и кај Штази — источногерманскиот пандан на УДБА — по што долго време сум бил следен. За тоа поседувам и дел од досието што го воделе за мене. (Како што ми беше кажано во полиција во Берлин кога го поднесов барањето за мое можно Досие кај ШТАЗИ дека сум единствен Македонец кој има политичко досие во таа слижба).

Долги години ме следеле и на крај заклучок; Чист нема ништо за сомневањата.

Некои и денес постојано лаат дека сум бил удбаш, агент на ЦИА, Мосад, Штази или на некоја друга служба.

За едни сум „пробугарски“, за други „просрпски“ — етикетите ги менуваат според дневните потреби или по нечие барање.

Но едно никако не можат да сфатат: дека човек може да остане доследен на своите принципи за Македонија и верен на идеологијата и Аманетот.
За Софија и наводното барање оружје: изјава на Љубчо

Што се однесува до изјавата на Љубчо за некакво оружје од Софија, веднаш ќе одговорам:  Ако мисли на моето патување во 1991 година, од Берлин во Софија со Драган Богдановски, ќе го потсетам дека таму заминавме токму по негова сугестија. Не отидовме да бараме оружје, туку да лобираме, Бугарија да ја признае Република Македонија.

Ако го заборавил тоа, нека ја праша Зорче. Токму Георгиевски ја испрати во Софија за да ни се придружи на средбите во кабинетите на Жељу Желев и на тогашниот премиер Попов. Можеби така ќе му се врати помнењето: по враќањето во Македонија, Зорче го информираше за сите средби и разговори што ги водевме.

Сè што ни беше ветено на средбите во Софија во врска со признавањето на Република Македонија подоцна беше исполнето во целост — сто проценти, токму онака како што ни ветија.

Исто така на моето прашање што може Македонија да очекува од Бугарија доколку Југословенската армија ја нападне Македонија како предходно, Словенија. Хрватска и Босна ни беше одговорено: Се што ќе побара Македонија од нас ќе Ви дадеме, буквално СЕ‘.

Откако со Драган се вративме во Берлин, Љубчо ми се јави за да праша како поминале средбите. Иако веќе бил информиран од Гечевска, меѓу другото му реков: „Во моментов во Бугарија има две илјади доброволци, а ако затреба, десет илјади ќе дојдат во Македонија доколку бидеме нападнати од тогашната Југословенска армија.“

Само два-три дена по нашиот телефонски разговор, во еден српски весник се појави речиси истата информација: дека десет илјади доброволци во Бугарија се подготвувале да влезат во Македонија, а како врска со нив била посочена нашата партија.

УДБА ја следеше партијата и ги прислушуваше сите разговори.

Можно е Љубчо денес да ги меша бабите и жабите, па тој напис да го поврзува со нашата мисија во Софија и со наводното барање оружје.

И без некој да ме праша, Обвинителството нека ги провери неговите „сериозни“ тврдења за наводното оружје. Нека утврди дали воопшто постоело такво нешто, за каква количина станувало збор, кој го набавил, како било внесено во државата се разбира ако било донесено и каде завршило. Ако, како што остава впечаток Љубчо, станувало збор за поголема пратка, тогаш сигурно мора да постои некаква трага. Нека се утврди и врз основа на какви докази тој денес го поврзува моето име со оваа приказна.

На истата телевизија, одговарајќи на прашање за случајот „Сина птица“, незнам од кои причини отвора тема стара над триесет години, рекол: „Прашајте го Мане Јаковлески.“

Еве, Љубчо, на твоето „Прашајте го Мане Јаковлески“ ќе одговорам јавно — сите да прочитаат, без некој да ме праша и, се разбира, со документи.

Во 1992 година Љубчо Георгиевски побара од мене да организирам патување и политички средби во Германија. Со него беше и Борис Змејковски. Заедно присуствувавме на повеќе средби, а потоа заминавме во Брисел, каде што Георгиевски предаде протест до европските институции.

Пред крајот на престојот предложи да посетиме некој наш човек и да испиеме кафе. Му кажав дека во Брисел живее секретарот на Задграничките комитети, Љубо Јовановски, но и дека немам голема доверба во него, иако Драган Богдановски предложи токму тој да ја извршува таа функција.

Георгиевски, сепак, инсистираше да го посетиме. Во домот на Јовановски отворено кажав дека меѓу нас нема голема доверба. Тој одговори дека преземал многу активности за Македонија, но дека јас не сум му верувал. За да ни покаже што работел, пушти видеокасета.

Георгиевски и Змејковски веднаш реагираа на снимката. Сфатив дека станува збор за важен и чувствителен материјал, па побарав касетата да ми ја даде за внимателно да ја прегледам по враќањето во Берлин. Јовановски првично одбиваше да ми ја предаде.

Тогаш Љубчо му рече: „Мане ти е претпоставен и мора да го слушаш.“

По неговата интервенција, касетата ми беше предадена. Кога излеговме од куќата, првиот коментар на Љубчо беше: „Со оваа касета сигурно ги добиваме изборите.“ Оваа реченица добро ја паметам.

Ако јас сум ја организирал „Сина птица“ или сум бил дел од таква операција, како што тврди тој, зошто би настојувал да ја земам снимката и да му ја дадам нему?

Моите проблеми почнаа по нивното враќање во Македонија

По враќањето на Љубчо во Македонија, според информациите што тогаш ги добив, тој му кажал на Добри Величковски дека поседува видеокасета со негова снимка.

Набргу потоа почнаа сериозни проблеми за мене и за моето семејство. Во Берлин добивав телефонски закани лично од Величковски дека животите на членовите на моето семејство ќе бидат загрозени доколку касетата биде прикажана на телевизија. Во тоа време моите деца и сопругата се наоѓаа во Македонија.

За заканите веднаш го информирав Љубчо, а тој ми одговори: „Ништо не ти може. Добри е нервозен затоа што ќе мора да се соочи со мене на телевизиски дуел.“

Мислам дека не само што одговорив, туку и го опишав целиот настан онака како што се случи. За тоа како се стигнало до „Сина птица“ постојат соопштение од засегнатите патриоти, кои, според мене, биле злоупотребени во овој случај, како и официјално партиско соопштение што своевремено ми беше испратено по факс во Берлин.

И Јас сега имам едно прашање: кој сега, по повеќе од триесет години, бара од Љубчо повторно да ги отвора овие теми? Се сомневам дека некому од соседството не му се допаѓа тоа што на порталот Македонска нација: mn.mk објавувам историски документи за вистината на Македонија. Ако тоа е причината, еве јавно им ветувам: ќе објавувам уште повеќе документи што со децении биле криени од македонската јавност.

Паметењето може да биде селективно — документите не се.

Соопштение на засегнатите во „Сина Птица“:

Партиско Соопштение за „Сина Птица“

Соопштение на Ефтм Таковски

 

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Македонскиот ѓердан од 77.742 скапоцени камења

Македонскиот ѓердан има ексклузивно право на поседување: можеш да го носиш само ако си роден Македонец. Тој не може да се купи, да се подари или да се продаде. Тоа е ѓердан што Македонците го добиваат како дар од Господ уште со своето рождество. Со Господов благослов го носат сѐ до преминувањето во вечниот живот, […]

Кој е Виктор Стојанов и каква е агендата на Фондација „Македонија“?

Правото лице на Виктор Стојанов од фондацијата Македонија го видовме деновиве на интернет каде отворено се бакнува со маж и бара отворено маж да го прави среќен. Но да одиме од почеток. Виктор Стојанов е претседател на софиската Фондација „Македонија“, организација што под превезот на културна, хуманитарна и образовна соработка спроведува активности насочени кон ширење […]

ЕДЕН ДЕН ВО МАКЕДОНСКОТО СЕЛО НА ИДНИНАТА

Да замислиме дека поминале десетина години и дека она за што денес зборуваме веќе не е желба, туку стварност. Рано утро е во едно македонско село. Сонцето се појавува зад планината, овчарот го собира стадото, а од малата селска фурна веќе мириса на топол леб. На чардакот од една стара, обновена куќа појадуваат гости од […]

СДС се јави. Зошто се јави? За свечено да соопшти — ништо!

СДС се јави за да го критикува видеото „Силно светнал ден“ посветено на 35-годишнината од независноста на Македонија. Зошто се јави? Затоа што, нели, секој ден мора нешто да каже. А кога нема што суштински да понуди, најлесно е да се создаде поделба дури и таму каде што пораката повикува на обединување. Видеото за независноста […]

Наравоучението од Букурешкиот договор

Букурешкиот договор од 10 август 1913 година е една од најдлабоките рани во македонската историја. Македонија била ставена на преговарачката маса, но Македонците немале место околу неа. Други ги повлекувале границите, ги делеле градовите и селата и решавале под чија власт ќе живее македонскиот народ. Македонскиот глас постоел. Биле испраќани меморандуми, изработувани карти и упатувани […]

Македонскиот глас што Европа не сакаше да го слушне

Македонците не молчеа пред опасноста од поделба во Букурешт. Неколку месеци пред потпишувањето на Букурешкиот договор, на 1 март 1913 година, претставниците на Македонската колонија во Санкт Петербург — Гаврил Константинович, Димитрија Чуповски, Наце Димов и Александар Везенков — потпишаа Меморандум за независност на Македонија. Документот беше упатен до британскиот министер за надворешни работи Едвард […]

Пелинце испрати јасна порака: Македонија нема повеќе простор за предавства

Обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски беше јавно ветување дека државните и националните интереси нема повторно да бидат жртвувани под притисоци и уцени Пелинце не е обично место за политички говори. Таму секој збор има поголема тежина, затоа што сè потсетува на борбата и државотворната мисла на македонскиот народ. Затоа изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека […]

Дали некој можел да владее на Македонскиот Полуостров до 19 век ?

Дали некој можел да владее на Македонскиот Полуостров до 19 век? Одговорот е апсолутно не и никако. Секој еден или било каква сила се до 19 век можеле да поминат но никако да се задржат или да управуваат поради неколку причини – планинската конфигурација, предолги и изморувачки патувања, климата и непознавање на населени места се […]

Најнови вести

To top