Коментари

Кој е Виктор Стојанов и каква е агендата на Фондација „Македонија“?

Александар Џеповски

Александар Џеповски

Правото лице на Виктор Стојанов од фондацијата Македонија го видовме деновиве на интернет каде отворено се бакнува со маж и бара отворено маж да го прави среќен.

Но да одиме од почеток.

Виктор Стојанов е претседател на софиската Фондација „Македонија“, организација што под превезот на културна, хуманитарна и образовна соработка спроведува активности насочени кон ширење на бугарското влијание во Република Македонија.

Самата фондација јавно наведува дека нејзината цел е бугарското и македонското општество да станат „едно општество во две држави“. Оваа формулација ја открива суштината на нејзината агенда: не градење односи меѓу два посебни народа, туку промовирање на тезата дека Македонците и Бугарите му припаѓаат на ист национален и историски простор. На својата интернет-страница фондацијата се претставува и со паролата „лулка на бугарштината“.

Нејзините активности опфаќаат доставување бугарски книги, знамиња и телевизиски пакети во Македонија, организирање настава по бугарски јазик, отворање бугарски културни клубови, привлекување македонски студенти во Бугарија и помагање граѓани да докажат бугарско потекло.

Меѓу јавно објавените проекти се и изработка на детска енциклопедија со наслов „Потеклото на Македончето“, ширење брошури со бугарски историски толкувања и иницијатива за формирање бугарска политичка партија во Македонија.

Особено показателен е односот на фондацијата кон македонскиот јазик. На нејзината официјална страница тој е претставен како „регионална македонска норма“ на бугарскиот јазик. Со тоа директно се негира неговата самостојност, а македонската историја, култура и револуционерно наследство се прикажуваат како дел од бугарската национална историја.

Оттука, хуманитарните акции на организацијата не можат да се разгледуваат изолирано од нејзината поширока политичка цел. Помошта во книги, храна, образование или медиумски содржини служи и како средство за создавање мрежа на приврзаници и за постепено наметнување бугарски национален идентитет меѓу македонските граѓани.

Стојанов во јавните настапи постојано ја обвинува Македонија за наводна системска омраза и прогон на Бугарите, додека истовремено ги оспорува посебноста на македонскиот народ, јазик и историски развој. Неговата реторика и активностите на фондацијата поради тоа во македонската јавност се препознаваат како отворено антимакедонски и провокативни.

На Стојанов во 2022 година не му беше дозволен влез во Македонија, при што како причина беше наведена опасност за националната безбедност. Првичната забрана беше временски ограничена, но во 2023 година му е продолжена на неопределено време.

Иако во јавно достапните информации забраната формално се поврзува со националната безбедност, таа треба да се разгледува во контекст на неговото дејствување, провокативната реторика и обидите за негирање и преобликување на македонскиот национален идентитет.

Фондација „Македонија“, според тоа, не е само хуманитарно здружение. Таа е инструмент на организирано бугарско политичко, културно и идентитетско влијание.

Нејзината крајна цел е македонското општество постепено да ја прифати бугарската историска и национална теза, а посебноста на македонскиот народ да биде сведена на регионална варијанта на бугарскиот идентитет.

ДА ЗАКЛУЧИМЕ, ВИКТОР СТОЈАНОВ Е НАЈОБИЧЕН ШАРЛАТАН И ПРЕВАТАНТ КОЈ КАКО ТОПОЛ БРАТ МОЖЕ БИДЕ ДОБАР ТАТАР И БУГАР НО НИШТО НЕМА ЗАЕДНИЧКО СО МАКЕДОНИЈА И ГОСПОД ТАКВИТЕ САМО ГИ КАЗНУВА.

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top