Коментари

Пелинце испрати јасна порака: Македонија нема повеќе простор за предавства

Мане Јаковлески

Мане Јаковлески

Обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски беше јавно ветување дека државните и националните интереси нема повторно да бидат жртвувани под притисоци и уцени

Пелинце не е обично место за политички говори. Таму секој збор има поголема тежина, затоа што сè потсетува на борбата и државотворната мисла на македонскиот народ.

Затоа изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „по ниту една цена“ нема да направи предавство на штета на државата и народот е повеќе од политичка порака. Таа е јавно преземена обврска пред граѓаните и пред историјата.

„Никогаш нема да се откажам од борбата да ја направиме Македонија подобро место за живеење – наш дом и наша иднина. Јас предавства на штета на државата и народот, како што се правеше во минатото, по ниту една цена нема да направам“, порача Мицкоски.

Македонскиот народ прескапо ги плати политиките на отстапување и прифаќање туѓи услови. Секоја отстапка беше претставувана како последна, но по неа следуваше ново барање. Жртвите требаше да го отворат европскиот пат, а тој остануваше затворен додека цената за Македонија стануваше сè повисока.

Затоа зборовите од Пелинце треба да означат крај на времето во кое македонските интереси се користеа како монета за политичко поткусурување.

Мицкоски ги поврза Крушево од 1903 и АСНОМ од 1944 година како две страници од истата македонска државотворна книга. Во Крушево беше прогласена волјата за слобода, а на АСНОМ таа доби државна форма. Никола Карев и Методија Андонов-Ченто остануваат симболи на Македонија како своја, слободна и достоинствена држава.

Прашањето е дали сме достојни наследници на илинденците и асномците.

Одговорот не се дава со венци и свечени говори, туку со начинот на кој ги чуваме државата, јазикот, идентитетот и националното достоинство – особено кога притисоците се најсилни.

Секоја генерација има свој Илинден. Денешната борба не се води со пушки и црешови топчиња, туку за економски опстанок, демографска обнова, функционални институции, владеење на правото и достоинствен живот во сопствената држава.

Македонија има право на европска иднина, но нема обврска постојано да се откажува од својата национална суштина. Европската Унија треба да биде заедница на рамноправни држави и народи, а не простор во кој билатералните уцени стануваат европски услови. Европска интеграција што бара промени на историјата, националната меморија и идентитетот лесно се претвора во обезличување.

На Македонија ѝ е потребно единство околу заедничките црвени линии. Може да се разликуваме за политиките и реформите, но не смееме да се делиме кога се загрозени македонскиот јазик, идентитетот, историјата и државните интереси.

Македонија е поголема од секоја партија, функција и политичка кариера. Таа е наследство што мора да им го предадеме на идните поколенија посилно отколку што сме го примиле.

Пораката од Пелинце е јасна: времето на понижувања и отстапки мора да заврши. Нејзината вистинска вредност, сепак, ќе се мери според делата што ќе следуваат.

Затоа што Илинден не е само спомен. Илинден е аманет.

А аманетот не се преговара, не се продава и не се предава.

Најново од: Коментари

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

To top