Историја

Документ од 1929 година: Македонците својот јазик го нарекувале „македонски“

Српскиот научник проф. д-р Радослав Грујиќ сведочи дека ниту во Прилеп, меѓу луѓе што завршиле бугарски училишта, не го слушнал одговорот „бугарски“, туку дека тие биле свесни за разликите меѓу македонскиот и бугарскиот говор

Проф. д-р Радослав М. Грујиќ (1878–1955) бил српски историчар, православен теолог, универзитетски професор и член на Српската академија на науките. Од 1920 до 1937 година бил професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а бил и еден од основачите и долгогодишен претседател на Скопското научно друштво, како и уредник на неговиот „Гласник“.

Во „Гласникот на Скопското научно друштво“ од 1929 година, во рубриката „Преглед на литературата“, е објавено неговото непосредно сведоштво за тоа како населението во Македонија го нарекувало својот јазик.

Грујиќ запишал:

„Јас и самите македонски Словени ги испитував како го нарекуваат својот јазик. Насекаде добивав одговор: ‘македонски’. Истиот назив го употребуваат и Цинцарите, кога зборуваат на македонскиот српско-хрватски дијалект. Не добив одговор ‘бугарски’ ниту во Прилеп од луѓе што завршиле бугарско училиште. Тие дури беа свесни за разликите меѓу бугарскиот и македонскиот говор. Ми раскажуваа многу долги приказни, кои сè уште не сум ги објавил…“

Што сведочи документот?

Особено значаен е фактот што Грујиќ не се повикува само на пишани извори, туку наведува дека лично ги прашувал Македонците како го нарекуваат својот јазик. Одговорот што го добивал, според неговите зборови, бил недвосмислен – „македонски“.

Уште позначајно е неговото сведоштво од Прилеп. Дури и луѓето што се школувале во бугарски училишта не му одговориле дека зборуваат „бугарски“. Напротив, како што забележал Грујиќ, тие биле свесни дека постојат разлики меѓу македонскиот и бугарскиот говор.

Во текстот Грујиќ ја употребува тогашната српска научна квалификација „македонски српско-хрватски дијалект“, која ја одразува јазичната и политичката терминологија на времето. Но неговото теренско сведоштво останува јасно: населението во Македонија својот јазик го нарекувало македонски и го разликувало од бугарскиот.

Овој документ од 1929 година е уште едно историско сведоштво дека македонското јазично име и свеста за посебноста на македонскиот говор не биле создадени по Втората светска војна. Тие постоеле меѓу самиот македонски народ и биле забележувани и од научници што работеле и истражувале во Македонија.

Уредничка забелешка: Во првичниот опис е наведена 1952 година, но проф. д-р Радослав Грујиќ починал во 1955 година.

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

Најнови вести

To top