Коментари

Ламбе Арнаудов: Македонскиот ѓердан од 77.742 скапоцени камења

Ламбе Арнаудов

Ламбе Арнаудов

Македонскиот ѓердан има ексклузивно право на поседување: можеш да го носиш само ако си роден Македонец. Тој не може да се купи, да се подари или да се продаде.

Тоа е ѓердан што Македонците го добиваат како дар од Господ уште со своето рождество. Со Господов благослов го носат сѐ до преминувањето во вечниот живот, но и потоа.

За жал, има и мал број изроди што не го слушаат ни својот Бог. Откажувајќи се од македонскиот ѓердан, тие се откажуваат и од Бога и од верата.

Скапоцен и тежок, него го носиме сите. Тој е нашиот патоказ низ заедничкото патување низ времето и просторот — нашиот македонски мини-космос.

Неговиот горен дел ја претставува високо кренатата глава, со бистар поглед што се разлева како сончев зрак и допира до далечни хоризонти, дофатливи само за нас. Главата е цврсто потпрена врз ’рбетот — столб што никогаш не се витка, не се руши и не се искривува.

На десната страна е силната рака. Во мир таа ја држи мотиката, ја чува дедовската земја, ја обработува и го храни народот. Но, не дај Боже, непоколебливо е подготвена да ја грабне пушката кога некој ќе се обиде да ја нападне и да ја приграби татковината.

На левата страна бие јуначкото срце — непобедливо и непокорно. Самото негово постоење однапред ги обесхрабрува и ги одвраќа бројните злобници уште при помислата да ни наштетат.

Долниот дел е најважен. Иако е многу кривулест и нерамномерен, тој е врежан во нашите срца и души. Тоа е Солунскиот аманет, препознаен и прифатен од секој од нас — нашиот ум и нашата совест, оставени за вечен незаборав.

Македонскиот ѓердан, со своите 77.742 скапоцени камења, изгледа совршено. Иако навидум се чини дека камењата се хаотично распоредени, длабоко во себе тој ги чува својата содржина и своите вечни и неуништливи пораки.

Дијамантите доминираат.

Извадени од најголемите длабочини на земјата, блиску до нејзиното јадро, тие ги симболизираат цврстината, нескршливоста и вечноста на македонскиот дух, извлечен од најдлабокото македонско битие.

По нив, како вечен спомен и потсетување, во голем број се застапени македонските црвени рубини. Тие ја симболизираат крвта пролеана на олтарот на слободата и независна Македонија. Македонската земја, како ретко која друга, е натопена со таа најблагородна животворна течност, која ја облагородува, ја прави уште поплодна и од неа раѓа нови синови јунаци.

Смарагдите наредени на ѓерданот го претставуваат зеленилото што високите гори, пасиштата и парковите им го подаруваат на луѓето.

Аквамаринот, со сите нијанси на сината боја, како да сака да ги искапе нашите души во повеќе од педесетте езера и во бистрите реки и потоци — за повторното и вечно духовно крштевање на секој Македонец.

Тука, секако, е и единствениот Алшар. Тој го бара Македонецот за свој брат — единствен на светот, исто како него, затоа што друг и не го заслужува.

Алшар, Сонцето и Македонецот — заедно.

На ѓерданот се и сафирите, топазите и килибарите, жолти како сончевите зраци, житата и славската пченица на богоугодниот македонски народ.

Небројни се и зрната охридски бисер. Според преданието, тие се солзите на младите моми — тукушто свршени, но никогаш венчани — кои остареле чекајќи ги своите љубени да се вратат живи и здрави, како херои и бранители на татковината.

За жал, многумина останале во студените, необележани или заеднички гробници. Малку посреќните се вратиле како јунакот Јордан, кој заминал во војна како обичен војник, а се вратил како капетан. Неговата сакана не го препознала поради тешките рани и лузни, но и поради долгите денови, месеци и години поминати во разделба.

Меѓу секој скапоцен камен има сребрена низа. Таа ја симболизира катарзата на нашата вечна борба и седумпати прочистената, кристално чиста македонска кауза.

Има и златни лири, дукати и форинти. Тие стојат како опомена рацете да се држат подалеку од златото што се нуди во замена за предавство на сопствениот род, татковината и идејата.

На крајот, целата македонска композиција е проткаена со ликовите на македонските светци и преродбеници. Тие нѐ упатуваат на вистинскиот пат, ги осветлуваат друмовите по кои секојдневно чекориме низ животот и ни помагаат да не се огрешиме.

Македонци!

Чувајте го македонскиот ѓердан чист и неосквернавен, како верен содружник, зашто друго и немаме.

Чувајте го и крстот на него — нашиот камен што го носиме. Како што нашиот Бог Исус Христос слезе од крстот, воскресна и седна оддесно на Господа, а Неговото Царство нема да има крај, така и Македонија воскресна и седна рамноправно со сите држави во светот, на иста маса.

Точно е: има богати земји, со силни армии, огромни природни богатства, модерно оружје и бројни и опасни нуклеарни арсенали. Но тие се далеку послаби од Македонија.

Македонија го има најсилното нешто што го нема ниту една друга држава. Го има ВМРО-ДПМНЕ, предводено од лидерот Христијан Мицкоски, кој врз себе го носи најтешкиот, но и најскапоцениот македонски ѓердан. Тој е Атласот врз кој Македонија стои гордо, цврсто и непоколебливо — среќна, безбедна и сигурна во својата блескава иднина, знаејќи во какви силни раце и врз какви столбови се наоѓа.

Никој досега, во која било друга држава во светот, не успеал да изгради подобра, посилна и посигурна стратегиска позиција и политичка моќ на одлучување од онаа што кај нас ја изградија Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и македонскиот народ.

Македонци мои!

По род и вера, носете го својот скапоцен македонски ѓердан онака како што го носи лидерот Христијан Мицкоски.

Само тогаш ќе бидете сигурни дека ви прилега и дека сте го заслужиле за вечни времиња.

Вечен нека е скапоцениот македонски ѓердан со 77.742 драги камења!

Достојни! Достојни! Достојни Македонци!

Најново од: Коментари

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

На Македонецот ќе му дадам дел од рајот, ама ќе видите какви соседи ќе му дадам!

Македонија треба да ја чувствуваме како дар од Севишниот, да ја чуваме како наследство од предците и да ја градиме како обврска кон нашите деца и внуци. Кога Севишниот Господ Бог ја делел земјата меѓу народите, пред Неговата врата се создала голема редица. Секој барал свое место под сонцето. Едни сакале море, други плодни рамнини, […]

To top