
Марија Александрова
ИЛИНДЕН
Празник е денес,
Илинден славен,
Илинден вечен,
на македонскиот народ
празник чесен.
Коњаници гордо
ги кренале главите,
врват низ земјата наша
за да стигнат таму
каде што се слави.
Крушево славно
Република стана,
а од тој ден остана
неизлечива рана.
Крв се пролевала
како река
за подобар живот
низ идните века.
Го славиме херојството
на комитите смели —
го дадоа животот свој,
не мислејќи
на сопствениот спокој.
Никола Карев, Гоце Делчев,
Даме Груев, Питу Гули,
Јане Сандански —
останаа засекогаш
херои македонски.
