Дијаспора

Слогата во семејството – карактеристика за Стамевци (16)

Славе Катин

Славе Катин

Дел од монографијата „Светозар – Светле Стамевски“ од Славе Катин

Во ова продолжение ќе  претставимедел од приказната за живот и судбина на таткото на Светле Стамевски, печалбарот газда Тврдомир (денес покоен), што ја слушнав и снимав при мојата пријателска  средба на семејството Стамевски во Детроит

При мојата пријателска средба на семејството Стамевски во Детроит, меѓу другото, разговарав и за нивните семејните односи. Притоа, во пријатна атмосфера газда Тврдомир  ми ја раскажа семејната приказна и ми го рече следното:

“Ние, некаде се’ до I960 година како големо семејство, бевме заедно во старата куќа. Стара, дотраја и по доста години се урна. Татко ми кога се врати од Америка, рече дека не може така повеќе, не се живее во толкава заедница и време беше да се поделиме. Бевме под ист покрив, во иста куќа но, веќе делени. Имавме земја, но, таа делена на шест дела, од која земја можеш да живееш. Затоа и се вработив во Југохром.

Во 1964 година направивме нова куќа. За мерак. Направивме и нова штала, со сите тертипи. Во новиот дом се преселивме ние тројцата браќа, а двајцата останаа во старата. Тогаш уште беше добра за живеење. Во новата убава куќа останавме се’ до 1971 година, кога извадив документи и заминавме за Америка.

При доаѓањето мое во Одри, имав најразлични доживувања. Се сеќавам, на пример, дека кога се вратив во 1988 година, не можев да влезам дома. Мајката, си велам, овде нешто не ми мириса на арно. Тогаш најдов едно младо момче, началник беше и му велам, дека четири години не сум бил тука, и оти сакам да си ја правам куќата. Сам ќе ја правам. Каде да се обратам, го прашав. Ми вели во СИЗ-от. Таму некои си чиновничиња, се вадеа дека немало распоред и слични глупости, па затоа отидов право во општината кај Душко. Ептен, ачик човек беше Душко, кој сакаше секому да му помогне, да му излезе во пресрет. И нас ни помогна, нема што.

Често пати и со моите пријатели во Америка a и со моите соселани од Одри и Тетово, се присетувавме дека како времињата минувале а властите се менувале а живеачката била различна, сепак, секогаш фамилијата Стамевски, била една од највидните. Била еснаф, домаќинска, многу зафатена, богата и како ќе дошол татко му на Тврдомир од американскиот гурбет, така се враќал со грст спечалени пари в пазуви, и со нив купувал нивје, земја, купувал имот.

Старата куќа на Стамевци во Одри

Тој поминал низ доста голготи, слугувал за туѓи интереси на три тешки и туѓи војни и фронтови. Па притисоците и заканите по секоја цена да влезе во колективите, да му се одземе и да се конфискува и тоа со пиштол во слепоочниците се’ што печалел во туѓина, и што не, долга е тоа сторија.

Навистина, поминал живот во работа и само работа. Меѓутоа, секогаш била непрестајна и сил-на грижата за толкуте свои деца, жена и родители и роднини и никогаш не се пожалил, никогаш не покажал слабост, туку напротив. Бил, и засекогаш останува запаметен, за фамилијата, и за сите кои работеле со него или, пак, го познавале, како вистински гранитен пример на цврстина и борба, ама борба ако треба и до последниот здив, без разлика за што и да била таа“. 

Тврдомир, така свежо и речиси во детали зборуваше небаре било вчера. Како семејство живееле во слога и разбирање, имале одлична хармонија, а работата се знае дека секогаш ја имале на село. Но, таа не им паѓала тешко. Па, тие колку пати, со песна низ поле или планина врвеле, а смеата и шегата им била дел од секојдневието.

„Некаде по ослободувањето во 1948 година, имало прв официјален државен попис во слободната земја. Сами, вели Тврдомир, си кажувавме, никој не не притискаше или уценуваше што ќе речевме и запишевме.

Тогаш и ги избришавме тие додавки на „иќ” во презимињата. Само брат ми Владо остана Стамевиќ и го пукнавме од смеа и дофрлувања дека сега е најголемиот Македонец меѓу нас. По некое време и тој го смени тоа и си се врати во своето „јато” на кое му припаѓа.

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top