Песни за Македонија

Гордана Димовска : Восклик за Македонија

Гордана Димовска

Гордана Димовска

Од ехото на минатото, низ бури и низ пламен,
се раѓаше слободата како никулец од камен.
Низ векови на ропство, на поделби и крик,
македонскиот народ го чуваше својот лик.

И дојде тој септември, тој историски ден,
кога сонот на претците беше овековечен.
На Осми септември, со гордост во очи,
народот силно, со еден глас, проговори:

„За независна, слободна,
за мајка Македонија!“

Екна песна силна –
најскапа симфонија.
Без капка крв, со мудрост и со верба во гради,
го кренавме знамето што нови мостови гради.

И денарот наш и Уставот нов што се пиша
докажаа дека земјава слободно дише.
И денес, кога бури и неправди пак нè демнат,
од патот на честа македонските синови не скршнуваат.

Осми септември е вечен печат на нашиот род –
за слободна земја, за вечен македонски код!

О, земјо моја,
натопена со вековна мака и гордост!

Ти, што никнуваш од секоја солза на нашите предци
и цутиш во секоја песна на нашите мајки.

Името твое е испишано со нескршлив непокор –
од каменот на Питу, преку Илинденскиот пламен,
па сè до вечната зора на АСНОМ
и слободата што денес ја дишеме!

Нека ечат тапаните на слободата!
Нека се крева македонското знаме високо кон сонцето,
како симбол на народ кој никогаш
не потклекнал пред бурите на историјата.

Гордо и пркосно,
со чист образ и отворено срце,
го носиме твојот аманет во градите.

Ти си нашиот почеток
и нашиот вечен дом.

Нека е вечна, слободна и горда Република Македонија!

Честит 8 Септември – Денот на независноста!

Најново од: Песни за Македонија

Солунскиот завет

Во чест на 23 Октомври — денот кога во Солун беа поставени темелите на организираната македонска револуционерна борба. Во онаа тивка есенска магла, кога Солун во полумрак заспиваше, шестмина мажи — д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев — со чисти идеали над книжарницата судбина ковеа. […]

„Локвата и Вињари“ – поетскиот завет на Лазар Поп Трајков

Поетско сведоштво за храброста и саможртвата на македонските револуционери во предилинденската борба кај Д’мбени во 1903 година Берик, 21 јуни 1903 година, стар стил Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили. Да останат вечно спомените […]

ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА

Проф. д-р Солзица ПОПОВСКА ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА Дали местото каде што мина пола век Може да е подраго од лулката каде што се роди? Дали исто Сонце грее таму и тука, Или тука и таму? Не џабе се рекло „Кога ќе се подмести каменот, лежиште нема“. Многу години минаа во туѓа земја Но, дали таа […]

За Андон Дончевски – наша гордост и жива легенда

Легендата на црвено-црните Од Кавадарци тргна, по скопската трева, со секој негов гол публиката се крева. Со грбот на Вардар и со срце свое, на теренот беше стрелец што победи брои. Двесте и седумнаесет пати мрежата ја затресе, секој негов удар нова радост донесе. Со оган во градите, со молња во чекорот, остави трага во […]

Песна за Гоце

Автор: Венко Марковски Горо ле сестро ајдушка Горо ле, мајко јуначка Зошто ле горо, зашуми Кога ни ветре не дувна? Дал ми те јунак наминал Со стара верна дружина? Дал ми те некој проколна За вековечни времиња. Ил ми те нешто исплаши, Исплаши памет помами? Горо ле, не трај – прозбори, Тешка ми рана отвори. […]

Чуварот на македонскиот копнеж

Посветено на Мане Јаковлески Од убавото Зубовце, под Шара што спие, тргна едно момче со младост во гради. Но во туѓина, каде германски дожд лие, за родниот крај нешто во него врие. Тргна нови соништа да гради. Во Берлин далечен, сред туѓото сивило, Маноил силно го чуваше пламенот свет, пламенот што растеше сè поголем и […]

11 – ти Октомври

11 Октомври Од тешкиот покров на ропската ноќ се роди крик, се роди моќ. Во Прилеп град, под Маркови кули, се разбуди секој што ропство го куди. И Куманово во слободарска зора запали оган што надеж отвора. Пукна првата пушка, одекна глас: „Доста е ропство, дојде нашиот час!“ Не за туѓи круни, не за туѓи […]

Љубов за мојата родна земја

Заминавме со куфери полни со тага и надеж, преку сини мориња, кон далечни, туѓи градови. Таму сонцето нема ист топол сјај, а ноќите се студени како непознати прагови. Но колку и да нè водат патиштата низ светот, македонскиот корен и во туѓа земја никнува. Во Мелбурн, Детроит, Торонто, среде Европа, па и на крајот од […]

To top