Среда, 04 Февруари 2015   
Најнова публикација од македонската дијаспора

„ПРВИОТ СВЕТСКИ КОНГРЕС ЗА МАКЕДОНСКИ ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО АДЕЛАИД 1990 ГОДИНА

ОД ЈАНКО ТОМОВ

prv-kongres-za-mcp-1990

Деновиве, во Република Македонија, излезе од печат најновата книга на авторот Јанко Томов: “Првиот светски конгрес за Македонски човекови права во Аделаид 1990 година”. Книгата е печатена на А-5 формат со 200 страници, на Македонска латиница, за да ја разберат македонците од етничките делови на Македонија и од емиграцијата, кои не го разбираат Кириличното писмо, а сеуште  зборуваат  со Македонски диjалекти, но истовремено текстовите се напишани и на кириличното писмо на Македонски литературен јазик.

Книгата е составена од првиот информативен дел, во кој има фотокопии на статии од медиумски изданија, претежно на Англиски јазик, од дијаспората, каде живее македонската емиграција. Исто така има и извесна документација, каде имало евиденции за асимилацијата, денационализацијата и жестоката тротура, пропратени  со убиства на македонскиот народ, во шовинистичката вештачка држава, Грција. Големиот број на фотографии, најповеќе од австралиските центри, а посебно од Перт, Западна Австралија. Фотографиите сами по себе зборуваат, за патриотската активност на македонската емиграција, во која учествува, како лидер и авторот на овие редови, во времето со години назад, кога Македонското движење во дијаспората, преку активности на Македонски национално-политички организации ја градеше основата за осамостојување на Република Македонија и спроветување во неа демократскиот повекепартијски систем на владеењето. Во вториот дел на книгава, исклучиво автентички е прикажан Првиот и досега последниот светски конгрес за Македонски човекови права, одржан во Аделаид, Јужна Австралија, во Март 1990 година.

ВОВЕД

Првиот  светски конгрес за Македонски човекови права се одржа во Аделаид (Австралија) 1990 година.  Целта на Конгресот беше меѓусебно запознавање на раководствата на поткомитетите за МЧП во светот, вклучувајќи го и Централниот Организационен Комитет за Македонски Човекови Права (ЦОК  за МЧП - Солун), потоа прикажување на тогашната состојба во Движењето, согледување на проблемите и план за нивно отстранување, консолидација на Движењето преку утврдување на идните планови, задачи и цели, во склад со можностите и потребите и други слични активности.  Се одеше и на зачувување на натамошниот курс на работа на Движењето преку цивилизиран однос и демократски активности во насока на запознавањето на светската јавност со вистината за Македонците во соседните држави и непостоењето на нивните човекови права.

Одржувањето на овој Конгрес требаше пред јавноста да го прикаже и македонското национално единство, како  и мирољубивиот, цивилизиран и демократски начин на дејствување пред светот. Воедно требаше да се покаже и дека во македонските организации што тогаш дејствуваа не постојат разлики во основните барања, а тоа е признавање на македонските национални и човекови права на Македонците.

Кај Македонците од дијаспората овој Конгрес се доживуваше и како поттик и доказ дека Македонците од дијапсората, пред крајот на вториот милениум, сами можат да се организираат во насока на барање национални права за својот народ. Владееше атмосфера во која мнозина веруваа дека сиот македонски потенцијал  мо­же да  биде правилно ангажиран и насочен за заштита на Македонците каде и да живеат.

Според мое мислење, Конгресот беше дочекан и како стимул за идно омасовување и уште поактивно ангажирање на поткомитетите за МЧП во дијаспората и во тогашната СР Македонија. Се очекуваше по Конгресот да се случи поголем прилив на членство по црковните општини, клубови и сл., со што би се создала основа за демократско раководење и дејствување на тие тела. Посебно ова се однесуваше и до оние Македонци, кои се уште одеа во инородните клубови (грчки, југословенски бугарски и сл.). Се планираше и тие да се придобијат преку подобро запознавање со сопствената македонска историја и култура.

Се планираше и воспоставување поблиски контакти со одделни субјекти во тогашната СР Македонија, посебно по падот на комунизмот, со цел во идната самостојна македонска држава (која тогаш веќе се надзирасе) да се инсталираат патриотски сили.

Како историска основа на овој Конгрес беше нашето убедување во вистината дека денешните Македонци се потомци на античките и дека  оваа вистина треба се повеќе да се шири низ светот. Поради тоа, во книгава ќе наведам и неколку историски податоци во врска со потеклото на Македонците, затоа што негирањето на Македонците во соседните држави (па и во дијаспората) е засновано токму врз основа на "историските податоци", што ги форсираат некои историчари од соседните земји кои им служат на нивните држави за дневно-политички цели во насока на негирање на македонската нација - процес што трае и денес.  Историските податоци во полза на засебноста на Македонците се повеќе се откриваат и наша должност е да ги објавуваме пред светот.

Кје ги изнесам и рефератите што беа поднесени на Конгресот и идеите кои беа застапени од делегатите и учесниците. Некои од нив ги искажаа и своите искуства од дотогашната работа. Посебно интересни беа согледу­ванјата во врска со некои меѓународни тела за борба за човекови права со кои соработуваа одделни активисти на Движењето за МЧП. Всушност, нивните искуства беа драгоцени затоа што се работеше за први посериозни искуства на Македонците за запознавање на овие институции со Македонското прашање.

Посебно внимание беше посветено и на материјалната состојба на Движењето за МЧП, во врска со која се донесоа натамошни заклучоци.

Во книгата наведувам и поголем број факсимили од автентични документи од работата на Движењето за МЧП и од тогашните печатени медиуми кои се занимаваа со оваа тема.

Од обновувањето на македонската држава во 1991 година, до пишувањето на оваа книга, Грција и Бугарија (иако воспоставија државни, економски и културни односи со Република Македонија) и натаму не ја признаваат македонската нација и не ги признаваат  основните национални и човекови права на Македонците во границите на своите држави. Грција не го признава ни уставното име на Македонија со што на нашата држава и создава големи проблеми пред светот.  За ова многу придонесоја и поедини незрели и нестручни потези од македонската влада и интелигенција, кои како да им "помогнаа" на грчките шовинисти што полесно да го исполнуваат својот план за негирање на македонската нација и држава.

Инаку, во тоа време Движењето за МЧП навистина одигра голема улога среде Македонците во дијаспората во смисла на нивно ангажиранје за заштита на нацио­налните и човекови права на Македонците кои останаа да живеат во туѓите држави.

Заради сето ова, како учесик на тие настани и како автор на оваа книга, ја посветувам истата на сите македонски активисти од дијаспората и од Република Македонија, кои помогнаа за обновување на македонската независна држава и на воведување на демократскиот поредок во неа. Посебна благодарност искажувам на сите пријатели на Македонците и Македонија, кои го помагаа и го помагаат  решавањето на Македонското национално прашање. Впрочем, тоа целосно е во прилог на основните цивилизациски придобивки и залагања за почитување и братство помеѓу сите народи во светот.

ОСВРТ ЗА КНИГАТА „ПРВИОТ СВЕТСКИ КОНГРЕС ЗА МАКЕДОНСКИ ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО АДЕЛАИД 1990 ГОДИНА“ ОД ЈАНКО ТОМОВ

Познато е дека мозаикот е една од најтешките за изведување уметнички дела. Мозаикот макотрпно се работи од ситни делчиња, кои на крајот создаваат убава слика. Историјата на еден народ (сликовито кажано) исто така наликува на мозаик – создадена е од ситни „делчиња“, трпеливо „собирани“ (регистрирани) од страна на повеќе автори, со тоа што таквото „собирање“ трае со децении и векови.

Еден од поупорните и исклучително вредни создавачи на мозаикот на историјата на Македонците во дијаспората без сомнение е Јанко Томов. Преку своите хронолошки записи  на настани во кои најчесто и самиот  учествувал, Јанко Томов за идните генерации остава значајни дела  за борбата на Македонците во Австралија и пошироко за човекови и национални права, како и за отпорот против грчката анти-македонска шовинистичка пропаганда која своите канџи ги  протега дури и во Австралија.

Сите книги на Јанко Томов се карактеризираат со хронолошка педантност и деталност. Тој временски прецизно ги лоцира настаните така како што се случувале и тоа во најситни детали што на книгите им дава посебна вредност. Цела лепеза ликови на повеќе или помалку познати македонски активисти дефилираат низ неговите хронолошки записи што секако дека ќе биде од полза на идните истражувачи на опишаните настани. Овие карактеристики, заедно со упорноста во работата и големата љубов кон својата татковина Македонија, го прават Јанко Томов да биде еден од најистакнатите хроничари во дијаспората.

Спомнативе карактеристики за Томов се огледуваат и во книгата „ПРВИОТ СВЕТСКИ КОНГРЕС ЗА МАКЕДОНСКИ ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО АДЕЛАИД 1990 ГОДИНА“ Иако книгата е поделена на соодветни поглавја, таа суштински се состои од два основни дела. Првиот дел се однесува на состојбите во македонската дијаспора во Австралија, но и пошироко, главно од втората половина на 1980-те  и почетокот на 1990-те години кога почнува забележително раздвижување на Македонците низ светот, кои многу поорганизирано од претходно, го кренаа својот глас во барањето основни национални права за Македонците во Грција, Бугарија и Албанија. Како активен учесник во овие историски настани, било преку своето членување во илегални организации, било како висок фунционер во Австралија на националната партија ВМРО-ДПМНЕ, Јанко Томов во книгата нуди краток осврт, богато илустриран со факсимили и фотографии, кој дава верна слика на состојбите во македонската дијаспора во спомнатиот период.

Вториот суштински дел од книгата се однесува на подготовките и текот на самиот Конгрес. Во детали се опишани случувањата што претходеле на Конгресот, како и сите случувања на самиот Конгрес. Опишано е дури и патешествието долго неколку илјади километри на делегацијата од Перт во чиј состав бил и самиот Јанко, кои со изнајмено возило тргнале на овој долг пат се до Аделаид. Објективно се пренесени и позитивните и негативните сегменти на тој Конгрес кои опфаќаат широк дијапазон од конструктивни дискусии и иницијативи, па се до непотребни банални меѓусебни расправии и караници среде присут­ните. Сето тоа Томов педантно го регистрирал. И овој дел е богато илустриран со  фотографии кои се направени од самиот Томов или по негова иницијатива и кои исто така  хронолошки ги опфаќаат сите опишани настани пред и за време на Конгресот. На крајот од овој дел Јанко Томов нуди свои и туѓи видувања поврзани со Конгресот.

Во секој случај пред нас имаме уште едно вредно камче од македонскиот историски мозаик и овојпат приложено кон македонската историја од неуморниот хроничар и истражувач Јанко Томов.

 М-р Александар ДОНСКИ

Примероци од книгата можат да ги набават само жителите на Австралија, по цена од 15 АУД, во која е пресметната и поштарината за поединечни примероци, со уплатница во кеш со Мани одер, по пошта (не се прима чек), на адреса:

JANKO TOMOV

P.O BOX 285

TAIGUM – LPO

TAIGUM QLD 4018

AUSTRALIA

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.