Среда, 11 Февруари 2015   
Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (34 дел)

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишување во врска со културата

Исто е и со музичката скала, која била измислена од Фригијците, а дури подоцна била прифатена од Грците (Плин. Н.Х.ВИИ, 197). Диод. ИИ, 58, Плутарх: "Де мус." 18).  (Подетално кај: Александар Донски "Античко-македонското наследство во денешната македонска нација - прв дел фолклорни елементи", Штип, 2002 година).

Во книгата на Фиона Мекдоналд (цит. дело), авторката го користи терминот "хеленистичка ера" за мешаната македонска, грчка и друга балканска култура. За значењето на овој термин веќе објаснивме претходно во книгава.

Во книгата на Шон Шехан (цит. дело) пренесена е една констатација во врска со спортската култура. Овде читаме:

 "Грците биле горди кон нивната љубов кон атлетиката и натпреварувачките настапи. Тоа им била традиција која се протегаше дури до херојските времиња, опишани од Хомер и тоа е аспект на грчката цивилизација што одигра големо влијание на нашево време. Во главните атлетски натпревари биле привлекувани учесници од целиот грчки свет, а посебно на Олимписките игри во Елис на Пелопонез и на Питиските игри во Делфи".

 Во врска со оваа  констатација ќе го кажеме следното.

 Како прво не е спорно дека Грците и навистина имале љубов кон спортот, но не е точно дека таа нивна традиција се протегала до времињата што ги опишува Хомер (тоа е околу 12 век пред Христа) затоа што, едноставно, тогаш Грци не постоеле.

 Што се однесува до тврдењето дека  на атлетските натпревари биле привлекувани само учесници од "грчкиот свет", тоа е точно и во оваа констатација јасно гледаме дека Македонија не е спомната како дел од тој "грчки свет".

Пак ќе потсетиме дека на Македонците (како на не-грчки народ) им било забранувано да учествуваат на грчките Олимписки игри. Веќе спомнавме дека авторот Улрих Вилкен (цит. дело) со право пишува дека за прв пат дури на Александар Први му било дозволено да учествува на грчките олимписки игри, иако отпрвин и тој бил одбиен, а подоцна, откако самиот го измислил своето наводно потекло од Херакле, му било дозволено да учествува, но само нему, а не и на Македонците.

Познатата американска историчарка д-р Синдја Сиднор Словиковски (цит. дело), која е експерт за спортот во антиката, еве што пишува во врска со оваа тема:

"Александар во времето на 76 Олимпијада бил прогласен за "проксен" од страна на Атињаните. Таа титула Грците им ја давале на своите гости пријатели".  (стр.. 46).

 Практично, самата титула "проксен" била давана на не-Грци, па штом истата ја добил Александар Први Македонски, тоа е најголем доказ дека тој не бил никаков Грк.

Таа докажува дека Александар Први Македонски не учествувал на Олимписките игри затоа што неговото име го нема во списокот на победниците, за разлика од тврдењето на Херодот. Таа докажува и дека во времето на дотичната Олимпијада Александар Први  бил престар за да учествува, а камо ли да биде победник во трката на околу 193 метри.

Во подолжение (стр. 51), таа пишува: "Грците не ги признавале Македонците како свои Хелени и Македонците не можеле нормално да учествуваат во панхеленските натпреварувања."

 И понатаму: "...За време на владеењето на  Пердика Втори, македонската култура се уште не била подготвена за хеленизмот". (стр. 62)...

Кога ги спомнавме Олимписките игри, да кажеме дека постојат се­риоз­ни претпоставки дека Олимписките игри прво биле создадени во Македонија. Американс­ката историчарка д-р Синдја Синдор Словиковски (цит. дело, стр. 71) потсетува дека, освен Хелените, и Маке­донците организирале свои олимписки игри. Таа пишува дека олимписките игри што ги воспоставил македонс­киот крал Архелај можеби биле постари од грчките, т.е. тие можеби прет­ста­вувале само обновување на некои древни македонски олимписки игри, чиј претходник бил некој архаичен македонски фестивал посветен на Зевс. Во врска со ова д-р Словиковски пишува:

"Можно е дека некој многу стар фестивал посветен на Зевс бил обновен од Архелај... Епиграфас­ките податоци од хеленис­тичкиот период ни сугерираат дека постоеле раскошни прослави во сите македонски заед­ници во чест на Зевс во месецот Диос. Во таков случај  веројатно е  дека во чест на Зевс во Дион  постоел некој постар архаичен фестивал уште пред времето на Архелај".

 Дали ќе се потврди или оспори оваа претпоставка ќе зависи од напредокот на археолошките ископувања во Македонија под Грција, кои с# уште недоволно напредуваат. Во врска со ова д-р Словиковски пишува

"Археологијата во Дион има напредувано само до римските слоеви, но ќе биде интересно да се открие дали навис­тина Архелај само ги обновил игрите што таму се одржувале". (Исто, стр. 72).

 Значи идните откритија во Дион (доколу бидат коректно презенти­ра­ни) ќе покажат дали Македонците ги создале Олимпис­ките игри пред Грците.

Да закличиме дека културата на античкиоте Македонци кај западните автори главно е прикажувана како "грчка" или како "хеленистичка" (македонско-грчка), но се добива впечаток дека тоа најчесто е последица на некритичко препишување едни од други, без да бидат направени посериознои анализи. Кај оние западни автори, пак, кои имаат направено анализа на македонската култура (Борза) јасно е издвоена македонската од грчката култура и потенцирани се драстичните разлики.

Освен тоа, и многу балкански културни сегменти некритички  се прикажувани како "грчки", без да се спомнат останатите балкански култури. Но, сметаме дека и тоа е последица на нектиричкото преповторување и препишување на едни автори од други на ваквите недокажани и лажни прогрчки стереотипи, без да се спроведе сопствено истражување. Меѓутоа, охрабрува сознанието дека се повеќе западни автори почнуваат да укажуваат на постоењето на ваквите стереотипи.

П р о д о л ж у в а

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.