Среда, 11 Февруари 2015   
Пред саркофагот на Александар Македонски

slave-katin

Пишува СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Во Истанбул е саркофагот на Александар Македонски, а копијата во Македонија се  резултат на соработката меѓу турските и македонските археолози и  израз  на добрите и пријателски односи меѓу двете земји. Во Истанбул, за жал,  во затворот Једи Куле биле егзекутирани бра­ќа­та Миладиновци од Струга

За нас од Македонија, беше предизвик да се по­сети татковината на Кемал Ататурк, земјата на го­лемите контрасти, која се разликува од онаа Тур­ција во минатото, бидејќи таа  била освоена од Алек­сан­дар Македонски и приклучена кон Македонската Империја, како и од причини што Македонија била приклучена  кон  Отоманската Империјата  цели пет века.

Исто така за нас беше предизвик да го посетиме значајниот и едеинствен саркофаг на Александар Македонски, кој бил донесен тука пред стотина години, од Сидон, во близина на Вавилон, а денес копие се наоѓа во Археолошкиот музеј во Скопје и претставува историски документ за вистината на Македонија. 

Овој огромен и по многу нешта ка­рактерис­ти­чен историски експонат, на кој се изгравирани стотина фигури што ги симболизираат победите на Александар Ма­ке­донски, најголемиот и непобеден војсководач беше големата атракција за посетителите што доаѓаат во Археолошкиот музеј на Истанбул од времето кога е пронајден во 1887 год­ина. И покрај тоа што саркофагот е именуван по Александар Македонски, тој не е не­гов, туку веројатно на кралот Абдолонумис, кој бил последен крал на Сидон (Саида), во денешен Либан, град кој во тоа време бил дел од Отоманската Империја. Саркофагот е именуван по Александар Македонски поради изгравираните стотина фигури што ги симболизираат победите на Александар Македонски. Исто така, поради големата декорација на релјефот посветена на големиот воин, саркофагот го добива името не по името на владетелот, туку по име­то на Александар Македонски.

sarkofag-aleksandar
Саркофагот на Александар Македонски

Според пишаните до­кументи дваесет и двата саркофази кои се најдени во 1887 година во Сидон претставуваат најголемо от­критие за класичната археологија. Меѓу нив, се­како, посебно внимание заслужува саркофагот на Александар Македонски, пронајден од еден се­ланец од Сидон кој работејќи на својата нива го от­крил ова значајно дело. Реализацијата на сар­ко­фа­гот на Александар Македонски ја извршил бегот Ос­ман Хамбди, кој во тој период бил директор на Ос­ман­лискиот музеј.

Пред овој саркофаг останавме по­дол­го време. Го гледавме, го анализиравме, се чу­девме, се восхитувавме и се потсетивме на големите под­визи на Александар Македонски, кој заедно со сво­јата војска од Македонија стаса ду­ри до реката Инд. Исполнети со восхит и силни чув­ства кон ми­натото на нашите претци силни воини и воопшто на македонскиот човек, го на­пуштивме му­зејот во кој се наоѓа саркофагот на Александар Маке­донски.          

Инаку, според археолозите, саркофазите со брод биле пренесени во Истанбул и потоа презентирани на јавна изложба во „Отоманскиот империјален музеј“, кој специјално за оваа намена официално бил отворен на 13 август 1891 година. Оттогаш па се до денес, саркофазите се чуваат во Музејот во Истанбул.

Според археолозите, исто така, еден од саркофазите кој бил украсен со берелјефни резби на кои биле прикажани сцени од битките на Александар, најпрво бил интерпретиран како саркофагот на Александар Велики (Македонски). Меѓутоа, по првичната еуфорија, археолозите изразиле сомнеж дека саркофагот му припаѓа на Александар. Иако на саркофагот постојат релјефни декорации кои илустрираат делови од животот на Александар, постојат две претпоставки на стручњаците за неговата припадност.

aleksandar-makedonski-ulrih-vilhen
Романот „Александар македонски“ (Alexander the Great) од Урлих Вилкен е превод од англиски на македонски јазик на Славе Николовски-Катин, а е издание на „Мисла“,
Скопје,, 1988, 1 – 387.

Еден дел од стручњаците сметаат дека саркофагот му припаѓал на последниот по род Феникиски крал на Сидон, Абдалонимус, (умрел меѓу 312 и 306/5 г. п.н.е.), кој бил назначен на таа функција веднаш по битката на Ис, токму од Александар. Според нив, токму тој момент бил основниот мотив за почитта кон делото на Александар Македонски. Другите стручњаци пак, веруваат дека саркофагот му припаѓа на пресискиот благородник Мазеј управник на Вавилон.

Меѓутоа, како и да е, до ден денес овој луксузен камен ковчег е познат во светот како саркофагот на Александар Велики (Македонски) и претставува најголема атракција за посетителите кои доаѓаат во Археолошкиот музеј во Истанбул.

Саркофагот на Александар Македонски плени со својот изглед. Овој петнаесет тонски мермерен ковчег бил направен од два блока високо квалитетен пантелиски мермер. Со тек на времето блескавиот мермер добива златникава боја и ја покажуа целата раскошност на релјефните претстави кои укажуваат на значењето и богатството на покојникот.

На едната долга страна на саркофагот прикажана е борбата на Александар Македонски со Персијците. Во сцената која ја претставува битката кај Ис, македонскиот крал е прикажан како коњаник, со шлем од лавовска глава, како со копје прободува персиски коњаник. Од другата долга страна, Александар Македонски е претставен во лов на лавови. Меѓу јавачите кои го пратат се смета дека на убавите релјефни престави се наоѓаат и ликовите на генералите Пердика и неговиот побратим Хефејстион, но и на кралот на Сидон, Абдалонимус. Двете кратки страни содржат сцени кои го прикажуваат Абдалонимус во битка и лов на пантер, како и битката кај Газа и убиството на Пердика.

Копието на саркофагот на Александар Македонски во Македонија, кое е резултат на соработката меѓу турските и македонските археолози, само уште еднаш  ги потврдува добрите и пријателски односи меѓу двете земји. Всушност, Турција беше меѓу првите земји која ја призна независноста на Република Македонија и е нејзин најголем лобист за влез во НАТО.

Исто така, нашата посета на Истанбул беше  со цел да се зголемат и продлабочат врските на турските гра­ѓа­ни од Македонија со нашата држава, да се про­ши­рат мостовите на соработка, да се изнајдат нови па­тиш­та за подобро самоорганизирање, за афир­ма­ција на македонската држава, народ, црква, на ма­ке­донската вистина.

Посетата беше реализирана со помош на Институтот за национална историја “Кемал Ата­турк” при Универзитетот “Беазичи”. На покана на оваа значајна турска образовна институција, авторот на овие редови одр­жа предавање за професори, постдипломци и сту­ден­ти кои се интересираат за религијата, за МПЦ, за Ма­кедонија... Предавањето беше на англиски јазик на тема “Развојот на Македонската православ­на црква”.

Инаку, Универзитетот “Беазичи” е формиран во 1963 година како Американски универ­зитет “Кенеди”, а од 1970 година е државен универ­зитет на Турција. Комплексот на универзитетот е лоциран на брегот на една височинка на Босфорот на ев­роп­скиот дел. Од зградата каде бевме сместени, човек може да ужива во прекрас­ниот по­глед кон Босфорот. Чиниш дека Господ го дарувал овој простор со убавини и раскош.

Во минатото, Македонците оделе во Турција барајќи спас за подобар живот, но, многумина биле про­го­ну­вани и ги оставиле коските по Анадолија и на други про­с­тори, за што постојат и историски докази. Меѓу нив, секако, е карактеристична трагичната судбина на бра­ќа­та Миладиновци од Струга. Тие биле ег­зе­ку­ти­рани во затворот Једи Куле, што е дел на одбранбениот град­ски ѕид, кој се протега долж водената шир на Бос­форот. При посетата на затворот размислувавме за голготата, она што им се случувало на браќата Кон­стантин и Димитар Миладиновци. Затоа, посакавме што поскоро да  ги напуштиме занданите, да заборавиме на минатото и да размислуваме за ид­нината. Никогаш повеќе да не се повторат такви трагични суд­бини.

Меѓутоа, вниманието  ни го сврте дел од кулата во непосредна близина на влезната порта. Тука, на де­сетина метри во висина на тврдината е изделкано во еден камен шеснаесеткракото сонце, како она од Кутлеш. Инаку, Кулата била подигната во 1457 година, што говори за долговечноста на Сонцето од Ма­ке­до­нија, кое, како нем сведок ја потврдува по­вр­за­нос­та на Македонецот со Истанбул.

Исто така, го посетивме и Бејоглу, модерен кварт на Истанбул, кој претежно има резиденцијален ка­рактер и во кој се концентрирани дипломатски прет­ставништва, модерни хотели и вили. Сепак, за ту­ризмот е најважен делот од Бејоглу каде што се наоѓа Долмабахче сарај. Тој е султанов двор, опколен со прочуениот парк на цвеќарницата за рози. Згра­дата се наоѓа на брегот на Босфорот и по оп­ш­тиот изглед потсетува на Версај. Во 27 ре­пре­зен­та­тивни салони и 365 соби со мебел од сите страни на све­тот, натрупано е толкаво богатство што го вос­хитува секој посетител. Само за внатрешната де­ко­ра­ција се потрошени 14,5 тони злато.  Од 1923 го­ди­на, кога Турција е прогласена за република, ова би­ла резиденцијата на првиот претседател Кемал Ата­турк; овде тој умрел на 10.11.1923 година. На си­те ча­совници во дворецот стрелките се запрени на 9 ча­сот и 5 минути, покажувајќи го времето кога згас­нал животот на Кемал-паша, големиот ре­фор­ма­­тор и најголем син на турската држава, кој се ро­дил во Ма­кедонија.

Но, Истанбул е многу интересен и по нада­ле­ку поз­­натата трговија и невидената бучава пов­рзана со неа. Така Гранд базар, Капали чаршија или Зат­во­­рениот пазар, се магични места, каде на површина од 200 000 метри квадратни се слуша ре­кла­ми­ра­ње­то на стоката на околу 4 000 трговци. Секако, осо­бе­­но се цени златото и со него со добивка тргуваат во овие квартови. Има производи од цел свет, а це­ните се многу променливи - дури и во текот на еден ден. Џагорот и вревата до заглушувачки размери ги зголемуваат повеќето стотини илјади автомобили, особено таксистите не се малку кои  не се придржу­ваат кон сообраќајните прописи, воо­би­чае­ни во све­тот. Секако, и тоа е првостепено ту­рис­тич­ко дожи­вување по кое странецот долго ќе ја пом­ни необич­носта на овој евроазиски град - еден и един­ствен во светот.

Донекаде туристички е активиран и ис­точ­ни­от, азиски брег на Мраморното Море. Особено се важ­ни неколкуте островчиња покрај источниот брег на  водата, на кои одамна се изградени голем број ви­ли, кои претставуваат убав архитектонски прилог и вистински украс.

Тоа е Истанбул на Босфорот кој ги дели Ев­ро­па и Азија. Двата истанбулски моста ги спојуваат два­та континента, но, тука не се спојуваат само кон­тинентите, туку се среќаваат Истокот и Западот, во него се ракуваат Европа и Ориентот.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.