Среда, 18 Февруари 2015   
Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (35 дел)

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со религијата

Античките Македонци си имале и своја религија. Тие веру­вале во божествата со индо-европско потекло, како што се: Зевс, Посејдон, Аполон и други, кои, од нивна страна биле славени на специфичен начин, различен од начинот на славење кај соседните народи. Секако дека постоеле и оригинални македонски богови. За жал, под влијание на грчката пропаганда, во добар дел од светската историографија, дури и некои од чистите македонски богови се третирани како "грчки".

 Од оригиналните македонски богови, најнапред ќе го издвоиме богот Дионис. Дионис, иако во оригинал е бригиско божество, прво се славел кај Македонците, а дури потоа кај Грците.

Во познатата ЦД Гролиер енциклопедија (наслов "Greek Mitologs"), во врска со славењето на Дионис од страна на Македонците, пишува дека Дионис на Балканот најнапред бил славен од Македонците. Притоа читаме:

 "Дионис не е индо-европско божество. Тој најверојатно има бригиско потекло, чиј култ најпрво поминал во Македонија, а потоа во Тесалија и Беотија..."

Познато е дека во етногенезата на античките Македонци, Бригите имале значителна улога, па секако дека оттаму е и присутноста на овој бог меѓу Македонците.

Оригинални античко-македонски божици се и познатите Музи! За прв пат нивниот култ бил посведочен во македонската област Пиерија, а оттаму тие биле прифатени од Грците. Во споменатата ЦД Гролиер енциклопедија во насловот "Мусес", читаме:

"Музите ... понекогаш биле нарекувани како Пиериди, според нивниот пр­вобитен дом Пиерија во Македонија,од каде честопати го посетувале изворот на Аганипа".

Во религиозниот корпус на античките Македонци припаѓале и боговите Кавири.

Херодот смета дека култот на Кавирите бил донесен од Пелазгите, кои во тоа време живееле и во Македонија и кои (според Херодот) зборувале на неразбирлив јазик за Грците.

Друг значаен култ за Македонците култот на легендарниот митски пејач Орфеј, кој  бил роден во  Македонија! (Т. Спиридонов: "Тракискијат етнос", Софија, 1991).

Впрочем, минималното познавање на митологијата покажува дека Орфеј бил син на музата Калиопа, чие македонско потекло веќе го спомнавме. Орфеј, не само што бил роден во Македонија, туку тој бил и погребан во нашата земја. Неговиот гроб се наоѓал во подножјето на Олимп во јужна Македонија и на неговиот надгробен споменик биле испишани стихови од еден македонски поет.

 Како античко-македонски бог треба да го споменеме и богот на лекувањето Дарон.

Друго античко-македонско божество, кое го немало кај Грците, била божицата Ма. Во Македонија се посведочени повеќе примери на наоди со претстави  на оваа божица, додека вакви наоди во Грција - нема! Инаку, за божицата Ма се смета дека е од старо македонско-бригиско потекло, и истата  кај  Македонците, си имала свои македонски специфичности, кои ги нема кај другите народи (иако кај секој народ постоело божество со слична улога на Пра-Мајка).

 П р о д о л ж у в а

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.