Среда, 18 Февруари 2015   
Во земјата на големиот Кемал Ататурк

slave-katin

Пишува СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Татковината на Кемал Ататурк е земјата на го­лемите контрасти, а Истанбул е најголем економски и кул­турен центар кој се протега на три морски брега и се прос­тира на седум ридови. Тој е градот на Јустинијан I кој бил роден во селото Таор, кај Скопје, во Македонија, а бил византиски цар, император на Источното Римско Царство

За многу луѓе на светот е предизвик да се по­сети татковината на Кемал Ататурк. Земјата на го­лемите контрасти, која се разликува од онаа Тур­ција во минатото.  Земјата која била освоена од Алек­сан­дар Македонски и приклучена кон Македонската Империја. Потоа империјата во кoja беше и Македонија цели пет векови. Кемал Ататурк чии родители потекнуваат од Македонија, од селото Коџаџик, Дебарско (а тој се води дека бил роден во Солун), е човекот кој животот го посветил на Турција и на неј­зината посреќна иднина. Човекот кој, меѓу дру­гото, ја одбулил турската жена, ја одвоил верата од државата и го вовел латинското писмо во турскиот јазик. Тој е човекот кој е широко прифатен од на­родните маси. Затоа нашето патување беше пре­диз­вик и во исто време големо задоволство.

Најпрво, ја посетивме метрополата Истанбул која се протега на три морски брега и се прос­тира на седум ридови. Тоа е Би­зан­ти­нион, римски Константинопол и турски Истан­бул. Јуж­ните Словени и Македонците отсекогаш го викале Цари­град. Ме­ну­вањето на овие имиња е последица на прет­ход­ни­те драматични настани околу овој град, за кого се гра­бале повеќе народи: царот Константин во 330 го­дина од н.е. го прогласил за престолнина на Ис­точ­ното Римско Царство, па според владе­телот го до­бил името Константинопол; на 29 мај 1453 година го ос­воил турскиот султан Мехмед Втори Фатих (Ос­војувач) по што градот бил наречен Истанбул. Градот се развил по должината на бре­говите на Босфорот, Злат­ниот Рог, Мраморното Море и на околните рит­чиња, па тешко е да се каже каде тој завршува, а ка­­де почнуваат приградските на­селби. Сепак, поз­нати се и убавите туристички квар­тови: Станбул, ме­ѓу Златниот Рог и Мраморното Море; Бејоглу, меѓу Злат­­ниот Рог и западниот брег на Босфорот; Ис­ка­дар или Скутари на источниот брег на Босфорот; и Ка­дикеј по најуг од Искадар, главно, на брегот на Мраморното Море.

istanbul
Истанбул      
   

Бизантион, Цариград, Константинопол, Истанбул. Доста имиња за единствениот босфорски град. Доста страници во историјата говорат за неговата многувековност и опстојување. Славата го следи уште од моментот кога рим­скиот император Константин решил да ја пресели прес­­толнината од Рим во Визант, како што тогаш се на­ре­­кувал Истанбул. Денес тоа е град со многубројни све­­доштва за културно-историското минато, со споменици од византискиот и од отоманскиот пе­риод, а во исто време е најголем економски и кул­турен центар на современа Република Турција. Всуш­ност, Истанбул е раскрсница на азиската и ев­роп­ската култура, цивилизација и религија. Тој, всушност, претставува врата од север кон југ и од исток кон запад.

Тур­­­ските истражувачи велат дека ни неговите по­сто­јани жители не ги знаат доволно сите не­го­ви убавини. Не се знае ни точниот број на неговото на­­селение. Според официјалните документи, во Ис­тан­бул живеат околу 10 милиони жители. Добрите поз­на­­вачи на турските прилики, пак, тврдат дека тој број изнесува повеќе од 12 милиони жители. Освен тоа, градот се­којдневно го посетуваат илјадници намерници и ту­ристи. Друг интересен податок е дека во овој град се собираат 40 отсто од средствата, што како данок се слеваат во касата во целата држава. Тоа доволно зборува за моќта на Истанбул, градот на Босфорот во со­вре­мена Турција.

Инаку, Станбул не само што е најстар дел од градот, туку е и најбогат со културно-историски споменици; от­таму, тој е најважен туристички кварт на Истан­бул. Н­е­кои од неговите зна­­ме­ни­тости ги оштетил или уништил забот на вре­мето; не­­кои настрадале од природни непогоди, пред сè од зе­мјотреси или исчезнале во честите пожари, додека, пак, некои имале и поинаква судбина.

ataturk-justinijan

Во Истанбул има над 50 царски палати и други културно-историски споменици. Најпознатата меѓу нив е палатата на Топкапи со преубавите царски одаи и хареми. Да споменам дека во музејот “Топкапи” ги видовме и спе­ци­јалните чинии што ја менуваат бојата при допир со отров, наменети само за царевите. Без здив ос­та­навме и пред дијамантот познат како “Кашички ел­мас” и пред камата украсена со дијаманти и други не­проценливо вредни предмети.

Над Истанбул доминира „Аја Софија“. На по­се­тителот ќе му биде тешко врз основа на де­неш­ни­от изглед да ја открие променливата судбина на оваа градба. Сто и педесет години е славена како светско чудо и секој и‘  се восхитува, зашто таа е спо­меник на високата култура, архитектура и градителски човечки дострели, и таков споменик што веќе никогаш не е изграден. На денешниот по­се­ти­тел му е тешко, врз основа на надворешниот изглед на оваа црква, да го сфати исчезнатиот сјај на Византија. Променливата судбина на „Аја Софија” од христијанска црква над црквите до исламска џамија, конечно до денешен музеј, насе­каде остави траги: во формата, многуте доѕидувања и пре­ѕиду­вања, дополнувања и измени. Само величествената купола, чие кубе се наоѓа 56 метри во височина од што над не загуби ништо од својата непроценлива вред­ност и убавина. Таа им послужи на многу ис­точнички џамии како модел. Царот Константин Велики прв изградил црква на местото на денешна „Аја Со­фи­ја“ кога Визант, под ново име - Константинопол, го прогласил за главен град на Источното Римско Цар­­ство во 336 година, а оваа црква ја нарекол „Го­лема црква“.

Двесте години подоцна „Аја Со­фи­ја“, а со неа и голем дел од Константинопол, изгореле во пожарот за време на бунтот против царот Јусти­нијан. Но, Јустинијан, пак, изградил црква, поголема и поу­бава отколку порано. Антемие од Трал и Изидор од Ми­лет, најславни градители на Источното Римско Царство, ги напра­ви­ле скиците. Царот не­пре­ки­на­то го следел раз­војот на овој проект. Еден ангел на сон му ги покажал плановите за градење, се ше­по­­тело кај народот. Градежните работи чинеле 36.000 килограми злато. Шест го­ди­ни, десетици илјади занаетчии ги собирале сите скапоцености на Источното Рим­ско Царство, најблескавиот мермер, најубавите стол­бови. Златни мозаици ги краселе ѕидовите.

sv-sofija-car-konstantin

Инаку, Јустинијан I бил роден во селото Таор, кај Скопје, во Македонија, а бил византиски цар, император на Источното Римско Царство, христијанин и православен теолог. Настојувал да ја обнови моќта и големината на Римската Империја која била ослабена со упадите на варварските племиња. Познат е по проширувањето на Империјата, првенствено, со воените кампањи на Велизариј, како и по неговиот брак со контроверзната царица Теодора. Историјата го памети и како најголем кодификатор на класичното римско право. Јустинијан бил една од најзначајните личности во доцната антика, и со него завршува периодот на благосостојба во Византија, сè до IX век кога таа повторно ќе се издигне.

Кога била завршена црквата „Аја Софија“, таа станала главен храм на христијанството. Тоа останало така сè додека во 1435 година Турците не го зазеле Кон­стан­тинопол, кој оттогаш го носи името Истанбул. Црк­вата е преправена во џамија, а во 1935 година, Ке­мал Ататурк ја прогласил „Аја Софија“ за музеј. При нашата посета на Истанбул бевме информирани дека покрај легендарната „Света Софија“ од големо зна­чење се: Сината џамија, Ат Мејдани или Коњски плош­тад (дел од византискиот хиподром) со три пре­крас­ни споменици: Теодосиевиот обелиск, Змискиот столб и Константиновиот столб, Топкапи сарај, Бе­јоглу, Капали чаршија и друго.

evlija-celebija
Евлија Челебија

Публикацијата „По стапките на Евлија Челебија“ од Славе Николовски – Катин е издание на „Македонска искра“, Скопје, 2007, 1-192 ( на турски јазик, во превод на Нестрин Омер - Наумовска и Халит Зеинулах).                                                                           

Султан-Ахметовата или Сината џамија се нао­ѓа спроти „Аја Софија“. Градена е од 1609 до 1616 го­дина, и претставува ремек-дело на отоманското  гра­деж­ништво .Ентериерот на Сината џамија е од син и зелен мермер, има 260 прозорци, претежно со кристални стакла, а во неа постои и царска ложа, до која султанот можел да дојде на коњ. Таа е најголема и најубава џамија на светот, чија цел е да ја симболизира силата и го­лемината на отоманските  султани.

Џамијата на султанот Су­леј­ман, пак, е градена во периодот од 1550 до 1557 година според прое­­к­тите на Мимар Синан, по чии нацрти се из­гра­дени мостовите на реките Дрина и Неретва. Џамијата на султан Сулејман по по­вр­ши­на е поголема од „Аја Софија“ и Сината џамија, но нема голем внатрешен декор, ниту високи ми­на­ри­ња. Во неа одеднаш можат да се сместат 27.000 верници, што е значајна нејзина карактеристика.

Од другите културно-историски споменици во Истанбул го посетивме и Топкапи сарај или палатата Топкапија која би­ла резиденција на султанот, а била градена од 1465 до 1468 година. Во неа денес се чува најголемото богатство на Ис­­танбул, а можеби и на цела Турција - ако станува збор за подвижни вредности: украсни предмети од злато и дијаманти, колекција на оружје украсено со бисери и смарагди и збирка златни часовници со ми­нијатурни ликови во мозаик. Два златни свеќника се украсени со по 6 282 дијаманта, златна лулка, зла­тен престол тежок 300 килограми, смарагди од кои еден е те­­жок 3,26 килограми, Коран стар 1400 години - тоа се само не­­­кои од чудесните експонати што се чуваат во овој дво­­рец – музеј

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.