|
|
Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (36 дел) |
(од фалсификати до коректно презентирање) Пишува: Јанко ТОМОВ Пишувања во врска со религијата И Херакле бил славен во Македонија како посебен македонски бог, а таков бил случајот и со божицата Зеирена (која имала засебни македонски епитети), а по својата содржина потсетувала на грчката Афродита. Близу реката Струма била славена и божицата Бендида, а во повеќе места на Македонија биле славени и змијоликите божества Драко и Дракена. Меѓутоа, и покрај овие сознанија, во книгата на Петер Крис под наслов "Александар Македонски" (цит. дело), авторот целосно стои на страна на грчката пропаганда, третирајќи ги античките Македонци како "Грци". Овде читаме: "Античките Македонци зборувале форма на грчки јазик и верувале во грчките богови". на англиски – ("The Ancient Macedonians spoke a form of Greek and worshiped the Greek gods".) Во врска со наводниот "грчки јазик" што го зборувале Македонците ќе кажеме дека тоа е обична бесмислица, а докази за ова веќе наведовме (и тоа од антички грчки извори, кои тврдат дека Македонците зборувале на посебен јазик во однос на Грците). Што се однесува до т.н. "грчки богови", познато е дека тоа биле општо балкански богови, кои се славеле од разни народи на Балканот (и пошироко). Најновите истражувања на т.н. "грчка митологија" покажуваат дека Грците во неа имале само мал удел. Така, на пример, за над 80% од античките автори на делата од оваа митологија не биле никакви Грци. Воедно и голем дел од ликовите на оваа митологија немале грчко потекло (за сето ова подетално во книгата "The Descendants of Alexander the Great of Macedon" od Aleksandar Donski, Stip, Sidnej, 2003).На стр. 11 авторот Крис продолжува да ги лаже читателите, па вели: "Филип станал најбогатиот владетел во Грција". (На англиски: "Philip became the richest ruler in Greece".). Практично Крис го користи терминот "Грција", иако таква држава или облик на политичко уредување во антиката воопшто не постоела. Првата држава Грција е создадена дури во 19 век. Сепак, на стр. 50 од својата книга, Крис ја споменува изјавата на Демостен, во која за Филип Втори е потенцирано дека не е Грк, туку "барбарин". Во книгата на Вернард Рандал, под наслов "Александар Велики - Македонски крал и освојувач - лидер на античка Грција" ("Alexander the Great - Macedonian King and Conqueror - Leader of Ancient Greece"), на стр. 7, за Александар Македонски, читаме: "Тој верувал за себе дека е син на Зевс, кралот на грчките богови". (На англиски: "He believed himself to be the son of Zeus, the king of the Greek gods..") Ваквата глупост навистина ќе предизвика смеа кај сите што малку се разбираат од античката митологија. Како прво Зевс не бил никаков "крал на грчките богови", туку според митологијата, тој бил врховно божество. Како второ, оваа митологија не била "грчка", туку им припаѓала на сите балкански народи и пошироко. Во неа се застапени елементи од многу култури. Авторот Шон Шехан во својата веќе цитирана книга, на стр. 106 за планината Олимп пишува: "Планината Олимп, дом на античките грчки богови и божици." (На англиски: "Mount Olympus - a home of the ancient Greek gods and goddesses"). Пак ќе спомнеме дека тие богови не биле само "грчки", а што се однесува до планината Олимп, античкиот географ Страбо сосема јасно ја опишал оваа планина како "планина во Македонија". Авторката Ема Станфорд, во својата цитирана книга, пишува дека во Мала Азија Александар Македонски им оддал почит на "грчките херои" од Тројанската војна, иако тогаш етнонимот "Грци" не постоел. Практично и во презентирањето на митологијата, т.е. религијата од страна на современите западни автори, може да се заклучи истото што го напишавме и во врска со историјата, јазикот и културата. П р о д о л ж у в а
|