Среда, 25 Февруари 2015   
Во земјата на големиот Кемал Ататурк

slave-katin

Пишува СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најмногу Македонци се населени во градовите на приморјето, Бурса, Измир, Ајдин и други градови, како и во метрополата Истанбул. Според некои податоци во Турција живее околу милиони луѓе со потекло од Македонци и тоа Македонци муслимани и македонски Турци

При крајот на XIX и почетокот на XX век печалбарството во Македонија станало масовна појава. Голем број население од селата масовно ја напуштале Македонија и, меѓу другите градови, заминувале за Цариград и други градови во границите на Турција. Така, по неколку илјади луѓе од Леринско, Тетовско, Преспа, Костурско, Охридско и други места, секоја година оделе во Цариград и Смирна. Поголемиот број биле како сезонски работници, а одреден број засекогаш останале на тие простори. Така, денес во Турција има неколку стотини македонски семејства кои повеќе од пет генерации се наоѓаат, главно, во Истанбул и кои се со православна вероисповед. Верската одредба е една од главните компоненти што ги одвоила од средината во која живеат и ги одржала како компактна етничка група сè до денес.

Исто така, според некои податоци во Турција живее околу милиони луѓе со потекло од Македонци и тоа Македонци муслимани и македонски Турци. Ги има во сите делови од Турција, но најмногу се населени во егејскиот дел. Иако поголемиот дел од нив се родени во Турција, а нивните предци од Македонија, тие не го забораваат своето потекло. Ги негуваат традициите, обичаите, песната, орото, дури и го зборуваат македонскиот јазик, се разбира македонскиот дијалект од каде се дојдени и со голема радост и задоволство доаѓаат во родниот крај на предците во Македонија.

Најмногу населени се во градовите на приморјето, Бурса, Измир, Ајдин и други градови, како и во метрополата Истанбул. Кога се иселувале во педесеттите години најмногу се населувале во приморските градови зашто таму се занимавале со земјоделство, но денес тие Турци од македонско потекло, меѓу кои претежно се Македонци муслимани кои се многу добро организирани со напредни идеи и прогрес.

istanbul2
Истанбул

Историски гледано иселувањето од Македонија и од македонските простори се одвивало во неколку етапи. Првата поголема миграција се случила по Балканските војни и по Втората светска војна и тоа во име на исламот и ветената турска земја како муслиманска држава која ќе им даде верска помош, иако ова население не го познавало турскиот јазик. Сепак, најголемата миграција од просторите на Македонија се одиграл од 1950 до 1970 година и тогаш цели села заминаа за Турција. Дел од западна Македонија, централна Македонија и источниот дел на Македонија, сите кои по религија беа муслимани одеа во оваа ветена држава на исламот. Така, тоа население  се откажувало од македонското државјанство, се откажувало од своите имоти и оделе со турско државјанство во Република Турција,  примено во конзуларното претставништво на Република Турција во Скопје, а потоа биле задржувани во Едрене, во логори, каде им биле менувани нивните презимиња.

Верската активност што словенското население, пак, а меѓу него и населението од Македонија, ја вршеле во Цариград била пресудна за Македонците доселеници да го добијат туѓински атрибутот, како Бугари и до денес да го носат тоа име. Тоа е време кога македонското (словенското) население, заради заедничките интереси за одвојување од Грчката православна црква и создавање самостојна словенска црква, се зближувале во надеж за успешно остварување на целта, да останат како Македонци.

Под притисок на елинизацијата и Грчката црква, во закрилата на Цариградската патријаршија,  населението од Македонија во Цариград често е нарекувано и грчко, поради што и се приклучувало кон тогаш единствено самостојната словенска, Бугарска егзархија во чие создавање, всушност, активно учествувале и Македонците. Во Турција верата била идентификувана со етничката припадност и поради тоа само оние народи кои имале своја црква можеле официјално да се наречат со етничкото име. 

sv-stefan-istanbul
Црквата „Свети Стефан“ во Истанбул

Немајќи своја држава и друг избор во тоа време, и заштитувајќи се да не станат Грци, македонското население се определувало како бугарско зачувувајќи го на тој начин барем своето словенство.

Некогашните градинари, цвеќари и воденичари од Македонија, денес се или сопственици на дуќани, каде што се продава зрнеста храна, жита, семиња, хемиски препарати и помагала за земјоделството, или, пак, се трговци на големо. Поранешните гостилничари имаат модерни ресторани или таверни, некои од нив се многу прочуени во градот. Во поново време, има златари, лекари, електроинженери и архитекти. Исто така, ги има и во дипломатски претставништва, странски компании, туристички агенции и слично. Овој факт се чини е значаен, бидејќи укажува на добрата имотна состојба, што им овозможува школување во странски колеџи во градот или школување во странство.

Македонците во Истанбул верските обичаи ги спроведуваат во црквата „Свети Стефан“, позната како „железна црква“. Таа е под јурисдикција на Бугарската патријаршија, а повеќе е изградена со пари на Македонците во Истанбул. Била зградена во 1849 година, а осветена во 1898 година од егзархиски владици. Таму и денес Македонците, претежно од Егејска Македонија ги задоволуваат своите религиозни потреби.

На 25 јуни 1890 година со султански ферман на Бугарската Егзархија била дадена дозвола да се изгради нов храм недалеку од местото на поранешната мала дрвена црква. Бидеjки теренот не бил безбеден, архитектот  дал предлог храмот да биде изграден целосно од железни елементи, а не со традиционални материјали. Тендерот за изработување на деталите на црквата бил добиен од фирма од Виена.  Независно од тоа што таа немала поранешно искуство во градењето на железни објекти за јавна религиозна служба, но имала искуство во областа на железните конструкции.

Камен темелникот за црквата бил осветен од бугарски егзарх на 27 април 1892 година. Елементите со општа тежина 500 тони биле изработени во Виена меѓу 1893 и 1896 и биле пренесени до Цариград со бродови по Дунав и Црно Море. Објектот бил завршен на 14 јули 1896 година, а храмот бил осветен на 8 септември 1898 година.

Целта на нашата посета на Истанбул беше да се зголемат и продлабочат врските на турските гра­ѓа­ни од Македонија со нашата држава, да се про­ши­рат мостовите на соработка, да се изнајдат нови па­тиш­та за подобро самоорганизирање, за афир­ма­ција на македонската држава, народ и црква, на ма­ке­донската вистина. Посетата беше реализирана со помош на Институтот за национална историја „Кемал Ата­турк“ при Универзитетот „Беазичи“. На покана на оваа значајна турска образовна институција, авторот на овие редови оршжа  предавање за професори, постдипломци и сту­ден­ти кои се интересираат за религијата, за Македонската православна црква, за Ма­кедонија... Предавањето беше на англиски јазик на тема „Развојот на Македонската православ­на црква“. Инаку, Универзитетот „Беазичи“ е формиран во 1963 година како Американски универ­зитет „Кенеди“, а од 1970 година е државен универ­зитет на Турција. Комплексот на Универзитетот е лоциран на брегот на една височинка на Босфорот, на ев­роп­скиот дел. Од зградата каде бевме сместени, човек може да ужива во прекрас­ниот по­глед кон Босфорот. Чиниш дека Господ го дарувал овој простор со убавини и раскош.

Бевме информирани дека одреден број од Македонците биле про­го­ну­вани во Турција каде  ги оставиле коските по Анадолија и на други про­с­тори, за што постојат и историски докази. Меѓу нив, секако, е карактеристична трагичната судбина на бра­ќа­та Миладиновци од Струга. Тие биле ег­зе­ку­ти­рани во затворот Једи Куле, што е дел на одбранбениот град­ски ѕид, кој се протега долж водената шир на Бос­форот.

При посетата на затворот размислувавме за голготата, она што им се случувало на браќата Кон­стантин и Димитар Миладиновци. Затоа, посакавме што поскоро да  ги напуштиме занданите, да заборавиме на минатото и да размислуваме за ид­нината. Никогаш повеќе да не се повторат такви трагични суд­бини. Меѓутоа, вниманието  ни го сврте дел од кулата во непосредна близина на влезната порта. Тука, на де­сетина метри во висина на тврдината во еден камен е изделкано шеснаесеткракото сонце, како она од Кутлеш. Инаку, Кулата била подигната во 1457 година, што говори за долговечноста на сонцето од Ма­ке­до­нија, кое, како нем сведок ја потврдува по­вр­за­нос­та на Македонецот со Истанбул.

turski-ferman
Турски ферман

Речникот во слики „Ајде да учиме македонски, англиски и турски“ чиј автори се Славе Николовски-Катин и  Исмие Шабан, е за деца и е издание на „Македонска искра“, Скопје, 1998, 1-104.

Исто така, го посетивме и Бејоглу, модерен кварт на Истанбул, кој претежно има резиденцијален ка­рактер и во кој се концентрирани дипломатски прет­ставништва, модерни хотели и вили. Сепак, за ту­ризмот најважен е делот од Бејоглу каде што се наоѓа Долмабахче сарај. Тој е султанов двор, опколен со прочуениот парк на цвеќарницата за рози. Згра­дата се наоѓа на брегот на Босфорот и по оп­ш­тиот изглед потсетува на Версај. Во 27 ре­пре­зен­та­тивни салони и 365 соби со мебел од сите страни на све­тот, има толкаво богатство што го вос­хитува секој посетител. Само за внатрешната де­ко­ра­ција се потрошени 14,5 тони злато.  Од 1923 го­ди­на, кога Турција е прогласена за република, ова би­ла резиденцијата на првиот претседател Кемал Ата­турк; тој умрел овде на 10 ноември 1923 година. На си­те ча­совници во дворецот стрелките се запрени на 9 ча­сот и 5 минути, покажувајќи го времето кога згас­нал животот на Кемал-паша, големиот ре­фор­ма­­тор и најголем син на турската држава, кој потекнува од Ма­кедонија.

Донекаде туристички е активиран и ис­точ­ни­от, азиски брег на Мраморното Море. Особено се впечатливи неколкуте островчиња покрај источниот брег на  водата, на кои одамна се изградени голем број ви­ли, кои претставуваат убав архитектонски прилог и вистински украс.

Тоа е Истанбул на Босфорот кој ги дели Ев­ро­па и Азија. Двата истанбулски моста ги спојуваат два­та континента, но, тука не се спојуваат само кон­тинентите, туку се среќаваат Истокот и Западот, во него се ракуваат Европа и Ориентот.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.