Среда, 11 Март 2015   
Во Анкара – престолнината на Турција

slave-katin

Пишува СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Анкара е  главен ад­ми­нистративен, политички, културен и економски цен­тар чија популација ја дос­тиг­нува бројката од три милиони. Во Анкара на 29 ок­том­ври 1923 година,  Кемал Ататурк беше избран и вос­то­личен за претседател на современа Република Турција, каде го посетивме мавзејот на Ататурк

Нашето патување од Истанбул го продолживме кон Анкара, кон Анадолија, со цел да го витиме и тој дел на современа Турција. Патувајќи читавме интересна туристичка  литература што ни беше дадена уште во Истанбул. Така, во кусата историја на полуостровот Мала Азија се вели дека тој е еден од најстарите населени делови во светот со одлична географска положба. Населувањето на Троја започнало во неолитскиот период и продолжил во железната доба. Староседелците на Анадолија  зборувале на анадолски јазик кој бил дел од индоевропските јазици. Една од поголемите империи во таа област била Хетската Империја  која постоела од XVIII до XIII век пр.н.е. Кралството постоело сè до доаѓањето на Кимеранците во VII век пр.н.е. Почнувајќи од 1200 година пр.н.е. на западното крајбрежје на Анадолија почнале да се населуваат дојденци од соседните земји, најмногу Еолци. Понатака, целата територија била освоена од Персиската Империја, а потоа од Македонската Империја  на чело со македонскиот крал Александар Македонски, чии траги можат да се видат и денес. Во средината на I век пр.н.е. целата територија потпаднала под римска контрола за подоцна да биде дел од Источното Римско Царство или Византија.

Стасавме во Анкара, главен ад­ми­нистративен, политички, културен и економски цен­тар на Република Турција, чија популација ја дос­тиг­нува бројката од три милиони, каде пулсира напредокот, престижот и иднината на оваа азиско-европска држава.

По вторпат  го посетивме Мавзолејот - Храмот на Кемал Ататурк, најголемиот син и творец на совре­мена Турција. Таму се уверивме дека главниот град на Тур­ција Анкара е град на контрасти.

ankara
Современа Анкара

Во него можат да се видат современи булевари до кои се вишнеат прекрасни модерни архитектонски достигнувања од XXI век, но во исто време и стари квартови из­градени на античките цитадели кои имаат тесни сока­ци и калдрми со безброј мали куќи. Анкара е градот што бил цен­тар на Хитите уште во 2000-та година пред на­ша­та ера. Тој бил освојуван и од Фригите, како и од Алек­сандар Македонски во 333 година п.н.е. Анкара била освојувана и од Галите, Римјаните, а била и еден од главните градови за време на Византиската им­перија. Од 1360 година потпаднува под Отоманската Империја, додека од 1923 година по кон­сти­туи­рањето на Турција како република, станува главен град и втор по големина по Истанбул. Во тоа време го носи името Ангора, а од 1930 година нејзиното име е Анкара.

Оваа значајна ме­тро­пола се наоѓа во Централна Анадолија. Покрај тоа што е главен град на државата, тоа е главен гра­д и на провинцијата Анкара и резиденцијален град на Владата на Република Турција. Бевме за­поз­нати и со бројни значајни и луксузни објекти во кои жи­веат членовите на државниот апарат. Анкара е и мал центар на индустриски капацитети, меѓу кои е раз­виена индустријата за кожа, вино, цемент и за ки­­лими. Оваа метропола претставува раскрсница меѓу исток и запад, како на железничкиот така и на друм­скиот сообраќај. И туризмот како гранка има зна­­чаен придонес во економската сфера. Во него има голем број културно-историски споменици, меѓу кои „Музејот на анадолската цивилизација“.

Тоа е глав­ниот град на современа Турција, во кој на 29 ок­том­ври 1923 година Кемал Ататурк беше избран и вос­то­личен за претседател на Република Турција. Не­го­вото гесло било дека воената победа не била до­волна, туку таа требало да биде проследена од го­леми економски, политички, социјални и културни реформи, кои биле неопходни за модернизација на Турција. Од друга страна, пак, најзначајна работа на Ке­мал Ататурк во неговото владеење било тој да при­д­онесе за општиот мир, среќата и просперитетот на турскиот народ и на целото човештво со општоцивилизациски вредности.

muzej-kemal-ataturk
Мавзолејот  на Кемал Ататурк

По посетата на мавзолејот на големиот турски реформатор Кемал Ататурк се упативме кон Анадолија, во непрегледната територија во која е измешано новото со старото. Нашата нова дестинација беше Ка­па­докија. Областа во која живеат околу сто илјади жи­тели и која станува туристичка ме­ка или туристичка атракција. Најатрактивно мес­то, сепак, е музејот под отворено небо “Ѓореме”, нас­та­нат од вулканските ерупции околу дваесетина ве­ко­ви пред нашата ера. На “Ѓореме” како да се ис­ту­рила вулканска лава, врз која не влијаат вре­менските услови. Се‘ што е направено во таа пус­телија е дело на човечките раце, на казмата и ло­па­тата, како основни алатки. Во минатото, го­лем број луѓе oд овие области своите жи­веа­лиш­та ги прилагодиле во пештерите, а последните се­мејства ја напуштиле во 1956 година, за денес таа да биде само атракција за посетителите.

Кападокија е интересен дел на Анадолија во кој некогаш најважното занимање на луѓето било ло­зар­ството. Меѓутоа, туризмот си го направил своето. Ве­ројатно богот Бахус се простил со винарите од Ка­па­докија и се преселил кај оние од Тиквеш во Ма­кедонија.

Во Кападокија ја посетивме винарската визба со капацитет од 15 000 тони која наликува на онаа во Мелник во куќата во која се криел пиринскиот цар Јане Сандански.

Утрото беше топло а денот пријатен кога сонцето штотуку се појави над азискиот дел, а авионот полета кон Исток, кон Измир. Го продолживме нашиот лет со железната птица ( „Боинг 747“) на „Туркиш ерлајнс“. За помалку од еден час стасавме во три и пол милионскиот град Измир. Оваа метропола се наоѓа во заливот кој го носи неговото име, а е распространет во низинскиот дел и на околните ридови.

Таму бевме пречекани и добредојде ни посака народниот пратеник во Големото народно собрание на Република Турција, господинот Ќемал Ватан, роден во селото Злеово, Радовишко, лекарот Мелих Инан, директорот на Аеродромот и други турски граѓани по потекло од Македонија. Измир и околните места како да се населиле од долнореканскиот, велешкиот и други региони од Македонија. Нив ги има во голем број како турски граѓани од Македонија, меѓу кои најбројни се Македонците – муслимани.

kapadokija
Кападокија

Нив ги има повеќе во Турција отколку во Македонија. Така ни рекоа домаќините, бидејќи, според некои нивни неофицијални податоци, само во Измир и во околните населени места живеат од 300 до 500 илјади турски граѓани од Македонија. Ги има од Врановци и Оризари, Велешко, од Скудриње, од Жупа и Дебар, од Пехчевско и Делчевско, од Штипско и од други места од Македонија. Сите тие добро живеат во демократска Турција, во која се прифатени како добронамерници, добродушни и честити луѓе. Многумина станале познати и признати бизнисмени, ителектуалци, лекари, опшественици, дуќанџии, лојални граѓани на нивната втора татковина – Турција, но и кон дедовската земја – Македонија, која ја носат во своите срца и души.

Домаќините од Министерството за труд и социјална заштита и градоначалникот на Борнова ни организираа посета на градот Селчук и на античкиот град Ефес. Во Селчук го посетивме Градскиот музеј во кој се изложени многубројни експонати од Ефес и од други локалитети од Анадолија и крајбрежниот регион. Музејот претставува неодминливо катче за посетителите на овој дел на Турција. Се упативме кон многу познатата стара античка ризница Ефес, што се наоѓа на помалку од 200 километри јужно од Измир и на 20-тина километри северно од летувалиштето Кушадаси. Познатиот град на минатото и на сегашноста – Ефес е сместен во подножјето на планината Билбил, каде реката Кајстер се влива во Егејското Море и во рамничарскиот дел што е во непосредна близина на морето.

bornova
Борнова

Публикацијата „Иселенички хоризонти“ од Славе Николовски-Катин е издание на „Македонска искра“,Скопје, 1999, 1-226.

Овој значаен антички град се споменува од средината на VII век пр.н.е. Од своето формирање до денешни дни игра важна улога на тие анадолски простори. Затоа, често бил напаѓан и освојуван. Бил под власта на Персија, Спарта. Александар Македонски во 334 година пред Христа го освоил градот и стратешкото воено место околу градот Ефес, кој постанал дел од Македонската Империја. Ефес бил и под управа на Римската Империја и бил најважен град на тогашната анадолска провинција.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.