Среда, 25 Март 2015   
Книжевноста и историјата на едно место

bearnОваа статија е за еден голем човек, голем поет, хуманист, љубител на Македонија, Пјер Беарн (Pierre Bearn). Бил роден на 15 јуни 1902 година, во Букуреш Романија како Луј-Габриел Беснард (Louis-Gabriel Besnard).

Пјер Беарн, големиот француски писател, поет, новинар, хуманист, добитник на високи државни признанија, во 1978 година ја напишал песната "Македонија". Песната е објавена на челно место во францускиот зборник "Македонија во срцето". Токму од таа приврзаност и љубов кон Македонија, произлезе и филмот “Македонската книга на живите“, по сценарио на Јордан Плевнеш, а во режија на Иван Митески. Филмот бил завршен во 1995 година и тогаш премиерно се прикажал во Париз, дочекан со восхит од светската јавност.

Тој лично престојува и во Македонија, како голем љубител на македонската уметност, скулптура. Шетајќи низ македонските градови, со огромна возбуда и солзи во очите зборува за Александар Македонски кој го обожавал уште како дете, зборува за неправедната поделба на Македонија во 1913 година, Античката источна и античката западна филозофија се согласуваат во едно: “Реките се живи огледала на човековата смрт но и живи сеќавања за човековата бесмртност. Во 1912 година, имав девет години и почнав да пишувам на француски дијалект . Во подоцнежните мои години достигнав и слава. Љубовта кон жената ме инспирира да пишувам поезија,објавени 6 илјади статии, 40 тома поезија, 150 радио објави. Имам 20 книги за Античка Македонија, за Александар Македонски.

“Истражувам за македонската уметност. Убаво е да се гледа овој музеј создаден пред 2000 години, прекрасен мозаик на птици, реални но и многу фантазија.го замислувам Александар Македонски како трча низ ова место. Тој беше син на Крал Филип за кого не се знае многу но беше голем освојувач. Така и неговиот син кој стана светски позната личност. Со години се бореше и освојуваше земји,. Пред околу 650 години, п.н.е Пердика Први, беше првиот македонски крал. После него уште многу други дојдоја на тронот. Филип Втори беше најуспешниот крал. Неговиот дом е тука во Пелагонија, Македонија. Тој не е Грк. Во 336 п.н.е Грците се кренаа против Македонската доминација. Во 335 грците го положија оружјето а Александар влезе во Атина како победник. Кога ќе помислам дека тој беше тука, и јас чувствувам потреба да викам, да трчам, да се радувам, да постанам жител на светот на слободата, да мислам дека секој ме сака, и јас да ги сакам сите. Тоа не е нешто лесно.

Не можеш секогаш да трчаш, но јас трчам во мојата имагинација. Јас трчам со Александар. Навистина чудно, да му дадеш живот на животот илјадници години наназад, тоа е феноменално. Пред 3000 години Охрид не беше како што е денес. Според експерти, имало 800 000 жители во Македонија во времето на Александар кого јас го обожавав уште како дете . После масакрите и жестоките битки со римјаните, таа бројка се намали до 150.000. Не знам колку ги има денес, но факт е дека ги има и ја преживееја сагата на најстрашните колежи. Во три Македонско – Римски војни, илјадници статуи, голем број на оружје од фалангата, беа ограбени. За Македонците во споредба со грците се мислеше дека се вистински робови и според историчарот Монсен, Македонија се претвори во жална провинција. Таа жална провинција ја осветли нов бран на светлина.

Христијанството започна токму во Македонија со доаѓањето на Апостол Павле. Кога тој беше погубен во Рим, Господ ги изрони своите солзи во виничката тврдина. Две илјади години по неговата смрт, тие солзи стигнаа тука, на теракотните икони кои денес припаѓаат во групата на најзначајните христијански икони во светот. Каде и да копнеш во македонската земја, ќе најдеш антиквитет. Тука е синагогата во Стоби, една од првите синагоги изградена на европско тло. Македонците ми кажаа дека се обратиле до Апостол Павле со зборовите: “Дојди тука, нас ни е потребна помош....“ и токму тука се направени првите чекори на христијанството. И овој антички театар е изграден во првиот век. Тука живееше Апостол Павле, прекрасно е чувството да се најдеш овде.

Во Париз - Прекрасно е чувството да си овде пред споменикот на францускиот поет, Кловис Хјуг (Clovis Hugues) кој во 1902 година напиша песна за Македонија и Македонците.

Македонија е преубава земја.

После долгата прошетка и после читање на многу книги, одам да преспијам. Способноста да се сонува е нормална. Јас ги паметам соништата многу добро откако ќе се разбудам. Една ноќ во Париз, сонував за Македонија.

Душата без книга е мртва. Таа е како уста без блажина. Книгата е најдобриот дар на човекот, без неа тие се голи, невооружени, и склони на многу проблеми. Ова се зборови напишани од Св. Кирил. Браќата кои ја создадоја глаголицата.

Го посетив и гробот на Св Климент. Знам дека само еден дел од неговите останки лежат тука. Неговите останки се поделени на три дела, исто како и Македонија. не можеш да не си возбуден од оваа глетка. Македонија и покрај се, успеа да сочува остатоци од многу нешта, во што се гледа и нејзината големина, успеа да го сочува минатото и да живее во тоа минато. Со надеж дека сите луѓе ќе го најдат тоа што го изгубиле, љубовта кон животот, кон луѓето, кон слободата, почит кон човековата душа.

Цар Самоил - Тешко е човек и да помисли како на 14 000 Самоилови војници беа ослепени. Неверојатна приказна за Цар Самоил кој тука го заврши и својот живот гледајќи ги своите ослепени војници.

Историјата на секоја земја започнува во длабочините на морето. Со напаѓањето од страна на Отоманската империја на Источна Европа Балканот значеше дефинитивен крај на Источно римската империја. Одземањето на Истанбул од страна на турците беше најголемиот настан во светската историја. Со тоа заврши средниот век и нова ера започна. Европа не можеше да се бори против Турците. Многу европски институции содржат податоци за македонската историја. Многу од нив ќе откријат нови богатства.

Се појавија македонски писатели:Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ, Кузман Шапкарев, Теодосие Синаитски, Ѓорѓи Пулевски. Цитира стихови од “Тга за југ“ од Константин Миладинов. Зборува над гробот на Григор Прличев. Македонија денес повторно се издигна како самостојна држава без ничија доминација.

Восхитен од храброста на солунските атентатори, илинденското востание, создавањето на Крушевската република.

Битола, браќата Манаки – првите камермани на Балканот. 1912 помеѓу Бугарија и Србија имаше таен договор за поделба на Македонија. август 1913 се случи и срамниот Букурешки договор. Во 1914 година и Првата светска војна силно делуваат на мене. Мојот татко не можеше да го поднеси поразот на Француската армија па изврши самоубиство со својот револвер. Стотици европски и светски интелектуалци потпишаа дека поделбата на Македонија е скандал или телото на Македонија беше распарчено и дека Европа е мртва. Француски лингвист сепак објави во својата книга Европските јазици во 1928 дека Македонски јазик постои.

Со Втората светска војна нови крвопролевања па и во Македонија. Повеќе од 20 000 Македонци ги положија своите животи во антифашистичката војна. 20 000 беа убиени за време на грчката граѓанска војна.

Денес и македонската култура зазема посебно место во светската култура, принесувајќи светло од античка земја не заборавајќи и темните страни на својата историја, донира своја традиција, модерна уметност и цивилизација. Македонската културна креативност е најсилната инвестиција што може да се избере за својата иднина.

На Струшките вечери на поезијата настапува во 1991 година со песната Македонија. сакав да знаат дека преку оваа поема им кажувам нешто многу важно. Слушајќи ја поезијата, сите плачеа, аплаудираа, ме прегрнуваа. Никогаш не бев доживеал такво нешто. Македонијо , те сакам, ти знаеш како да ја сочуваш радоста, знаеш како да танцуваш и пееш песна за животот.

Еве и дел од неговите силни зборови во песната:

Народе раскинат, осакатен. Народе раселен и разнесен. Ве поздравувам Македонци.Главата ви е во Скопје, со едната нога сте во Грција, со другата во Бугарија. Но вашето срце е насекаде. Кадешто дрвјата зеленеат што сами ги посадивте, во куќите што живеат без вас, а сами ги изградивте.

Но јас верувам дека ветерот на правдата ќе биде положен еден убав ден врз вашите граници од трите фрагменти на вашиот единствен живот и дека вие во него ќе живеете во народот најпосле, на крајот на краиштата роден од Европа.

Превод и обработка на текстот

Gordana DimovskaГордана Димовска

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.