|
|
Интелектуалното иселеништво има света задача да ја поддржи владата на Груевски за спас на Македонија |
“Кога пред вас се разобличува организирана, систематска, криминална узурпација и злоупотреба на најкритичните институции на државата, меѓу кои процесот на избор на законодавна власт и силите и надлежностите на полицијата и судството, медиумите , при што се разобличува и кражба на милиони евра од државниот буџет за транспортна инфраструктура од страна на најврвни државни функционери, кого ќе го сметате за дестабилизатор? Сторителот или разобличувачот на злоделата? Што треба да ви фали во менталниот склоп за да го изберете второто?” Овој цитат е позајмен случајно од фејсбук, кој е наменет за актуелната состојба во Република Македонија, во последните недели и месеци по новата 2015 година, од призма на незадоволни интелектуални Македонци од дијаспората. Очигледно дека држи прашањето на авторот на тие редови, во поедини негови размислувања, но само во нормални услови на владеењето на законодавната и извршната власт на републиката. Зошто е тоа прашање поставено денес, кога преку десетици објавени “Бомби” на Зоран Заев, го прават се повеке проблематично и онака кревкото опстојување на Република Македонија, а и со тоа опстанокот на македонската националност, Македонскиот јазик, Македонската вера, Македонската историја, Македонските вековни и милеумски традиции и сл. Сето тоа служи како повод за интервенција, првенствено од страна на странските влади- поддржувачи на “Пучот”- државниот удар подготвен од нив, како во поедини новонастанати “револуции” во последните години, во источна Европа и средоземниот базен и тоа пред очите на “демократскиот свет” и неговите меѓународни институции и тела, кои од осамостојувањето до денес играат мајтап со нас сите, непризнавајки го уставното име на Македонија,а со тоа се знае и се што е Македонско. Алал му вера на Заев и неговите поддржувачи, да не го спомнувам и поединиот бивш генерал на АРМ, кои имаат подршка од дел на “загрозената интелигенција” од дијаспората, која ги напаѓа сите активности на актуелната влада на премиерот Груевски и претседателот на републиката Ѓорге Иванов. Специјално е избран од “загрозената интелигенција”, за тие напади, натурениот “Охридски рамковен договор”, поради задоволувањето на потребите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, на коалициониот партнер на власта, албанската партија ДУИ. Премиерот Никола Груевски, кој има постојани нереални барања во стилот на “Преку симит погача” од албанската политичка патрија ДУИ, а и од другите помали нивни партии, наводно бил крив зошто Македонската власт имала непотребен број на албански пратеници, службеници, министри и сл., во институциите, бидејќи се земани места на македонските православни граѓани!? Но најповеќе зошто Груевски бил многу мек према Албанците!? Никој досега не го поставил прашањето зошто се случи и како се случи нападот на Република Македонија од страна на УЧКа, Албанските ”Ослободители” во 2001 година, кои беа помогнати од тие сили кои денес ги продржуваат СДСМ-оци. Да не се враќаме уште порано во првите години на осамостојувањето на Македонија, кога претседателот од словенско “Задкарпатно” потекло, за да ја задржи власта на бившите комунисти и тогашни социјалисти, дозволи илегално населување во западниот дел на републиката на 150.000 косоврани-шиптари, кои се нарекоа Албанци! Каде им е гацот- смелоста на гласноговорниците против премиерот Груевски и претседателот Иванов, да постават прашања на големата сила, која ја подржува нивната миленичка СДСМ, за да го спроведе нералниот осуетен план од Македонците, да полесно го сменат уставното име, полесно го турнат македонскиот народ во “одбранбените пазуви” на соседна Бугарија, која е послушна членка на војната сила на Америка и ЕУ. А таа што побрзо, преку отпочнатата изградба на патот до Бугарија, кој го финансира ЕУ, да не побугарчи сите, како во Македонија, така и со дијаспората!? Овоа го нема никаде во светот, не бидејки ние не сме способни да го одржиме нашиот суверенитет, бидејќи од тие кои зависиме погрешно нас Македонците не третираат, со право лошо бидејки ние немаме ниту единство ниту традиции за општење, за меѓусебна соработка, а и соработка со тие светски сили. Зошто тоа е така? Покрај останатото, затоа тоа што се сме стекнале, со голем труд и мака, по осамостојувањето, самите не го цениме, од повеќе причини. Меѓу нив се нашето недоволно образование и познавање на својата историја, мегународното право, недоволно познавање и користењето на светските јазици, недоволна заинтересираност за пратење на политичките настани, економските достигнувања во светот и сл. Секако предњачи и љубомората, како што е поговорката “На комшијата да му цркне магарето”. Тоа наше негативно наследство е од пусто Турско и најповеќе од времињата на поделбата на Македонија, во Балканските војни и шовинистичко –фашистико асимилирање и денационализирање на нашите претци до осамостојувањето, а и на денешните наши Македонци кои живеат во етничките делови на Македонија. Тука нема пресврт, бидејќи тоа го продолжуваат денес бившите комунисти на СР Македонија, кои по секоја цена и по цена на прифаќање на “Задкарпатниот словенизам од 5-6 век”, до откажување од уставното име на Македонија и со тоа и од “македонизмот”. Ако не можеме со сила, барем сме надарени и можеме со лукавство и со фер демократски пристапи да ги користиме нашите сознанија, за нашата македонска историја, Македонски јазик, Православна вера и сл. за кои имаме доволно литература-нови изданија, засновани на вистински историски факти, од артефакти од наши Македонски археолошки локалитети. Но и тука има застој, кој ја доведе денешната положба, за присилно и недемократски обиди за државен удар -“Пуч. Имено сите тие кои се гласноговорници против владата на премиерот Груевски, против претседателот Иванов, а и против спикерот –претседателот на законодавниот дом-Собранието на Република Македонија, Вељановски, никој од нив ги нема промовирано добиените историски книги од Македонски автори од републиката, а повеќето од Македонски автори од дијаспората. Или пак ако не ги има, нема интерес за нивните содржини, барем за доградба на своите сознанија за своите македонски корења од праисторијата до денес. И тоа не е многу важно, за поединци, а што е најважно без тие книги не можат да се бранат, пред нападите на антимакедонските лоби групи, екстремните Грчки и одродени Македонци, членови на организациите “Пан-македоники” или бугарските, да им се запусти името. Не можат македонските интелектуалци од дијаспората, не само да се одбранат од горе спомнатите, туку не можат да ги убедат со тие историски вистински факти за македонското битие и своите членови на Парламентите, за кои го даваме својот глас на парламентарните избори.Тука спаѓаат и сите дипломати на владите, во државите каде живеат македонските интелектуалци, нивните парламенти и политичари на актуелни влади и опозиции. Книгите кои не ги користат, не мора ако се на македонски, но постојат голем број на книги од најнови изданија на Англиски јазик. За жал, нема индикации од никого, кој е во контакт со гореспонатите странски политичари, дипломати,конгресмени, декани на универзитети, влијателни членови на нивните правосудски и институции и други видни меѓународни лидери на институциите на Обединетите Нации или на Европската унија, Европскиот парламент да им подарат и посветат некои од Македонските историски книги. Како тие странци ќе знаат за нашата историја и за нашата гордост да сме Македонци? Зошто до тој заклучок сме дошле? Затоа што сите тие авторски изданија од македонски автори се пишувани на Англиски јазик. Никој досега ниту ги обновил или издал второ издание на тие публикувани историски книги, кои се со сосем мал тираж! Нели, ако никој друг барем постојат Македонски патриотски организации, задгранични комитети,индивидуални патриотски активисти во движењето, зошто тие се чуствуваат патриоти, кога како во улога на говорници во бранење на македонската битност, немаат микрофон или како писатели немаат пенкало или молив, како фарбаџии немаат четки, како капетани немаат бродови и така натаму? Драги Македонци, посебно тие кои можат да помогнат, во овие тешки и решавачки моменти за да се биде или да не се биде, треба сесрдно да ги поддржиме премиерот Груевски, кој во последните 6 години ја изгради Република Македонија, пристојно да и се восхитуваат странците и нивните туристи, кои имаат интерес за вистинската Македонска историја, за поддршка и збогатување со најнови археолошки информации за Македонците и Македонија,гледајќи ги и студирајќи ги историските споменици, посебно изградени во главниот град на републиката, кои сами по себе ја зборуваат македонската историјска вистина. Исто така за грижата на своите жители, со новите патишта, општествени зданија, каде функционираат институциите на власта, станбени згради за населението и се што го немаше за време на комунизмот и владеењето на СДСМ, кое нас иселениците присилно не натера да имигрираме по континентите. Сите кои имаат згрешено од обете страни да си простат и првенствено да ја имаат грижата за Република Македонија, уставот и суверенитетот кој е гаранција за сочувување и просперитет на се што е Македонско. Потребна е извесна манифестација, како што беа мирните протести за признавање на уставното име во Мелбурн, Австралија, во 2008 година, или со повеке собири од локален карактер да се даде поддршка на Актуелната власт на Република Македонија. Сите снимени разговори кои се презентираат на митинзи, преку македонската медија, од страна СДСМ, кои водат во наводен криминал, а истовремено кои водат кон велепредавство на својот Македонски суверенитет, да бидат разгледувани во правосудските институции на републиката, за да донесат правилни одлуки и решенија за заштита, првенствено од државен удар, по стилот на Украинскиот, Либијскиот, Сиријскиот и други. Барања, до СДСМ да се врати во Собранието, неизбежно или пак да се избере ново посериозно и пологично раководство на оваа социјалистичка партија, која секако има свои пообразовани и поблиски челници-лидери, до потребите на граѓаните на Република Македонија, секако подобри од Зоран Заев,”Црпнат” од нивите на Муртино тежок заведувач на бившите комунисти кои без своја воља го поддржуваат, меѓу кои спаѓаат и поедини мои роднини и биши пријатели. Ние иселениците од Австралија, Канада и Америка, а секако и од Европа, имаме нови млади генерации кои се сродени со културите и мултинационалните и муликултурни општества на споменатите западни држави, но и лојални кон македонските корења на родна Македонија-Република Македонија, а и пријателите и роднините во етничките делови на Македонија а и по сите континенти на светот. Затоа сакаме повеќе да ги запознаеме своите сограѓани и нашите нови преставници на тие власти, каде живееме, за да од конзервативци станат наши вистински пријатели. Заедно да имаме соработки и контакти во животот насочен за демократија и за просперитет на Македонија и разбирање, почитување и соживот со сите наши пријатели на равноправни бази и основи. |