Среда, 22 Април 2015   
На пат од Флорида до Нијагара

slave-katin

Пишува СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

(ДЕЛ ОД КНИГАТА  „СВЕТОТ  НА  ДЛАНКА“)

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – САД

Беше сабота кога во утринските часови ја напуштивме Јужна Флорида и се упативме со џипот на нашите домаќини Лили и Стив Плиакес кон север, кон Торонто. Беше планирано да патуваме два дена, а една ноќ да преспиеме во некој мотел на автопатот. Долгото патување од  Авентура го започнавме по автопатот број 95 кој води од јужниот до северниот дел на САД.

Го поминавме излезот на автопатот каде одевме на пикниците, а потоа стасавме во непосредна близина на Македонската православна црква „Свети Димитрија“, за која не врзуваат многу спомени и промоции на книги. По неколку часа го поминавме Ормонд Бич, каде претходно ја посетивме познатата компанија „Мајкрофлекс“ на браќата Јосиф и Џорџ Атанасоски и се упативме на север кон Џексонвил што е на границата меѓу Флорида и Џорџија.

Возењето беше удобно во кое имавме долги разговори за животот, активностите и постигнувањата на Македонците во Флорида. Затоа, по подолг период возење ја напуштивме Флорида и влеговме во државата Џорџија, американска држава  со исто име како и азиска Џорџија (Грузија). Никој не рекол, не напишал ништо и не е против за истото име на двете држави, како што, за жал, е случајот со Македонија и јужниот сосед.

Километрите си поминуваа а ние гледавме голем број карактеристични места, простори, градови... Затоа и патувањето до Јужна Каролина, а потоа до Северна Каролина ни го исполни целиот ден. Тука се сместивме во еден мотел за да се одмориме, бидејќи другото утро нè чекаше пат да почне уште еден напорен ден на патување преку државите Вирџинија, Пенсилванија и Њујорк до Нијагарските Водопади во Канада. Притоа, треба да се нагласи дека е тешко човек да препознае во која држава во САД се наоѓа, доколку не ја види таблата на автопатот, бидејќи не постојат гранични или нишани меѓу државите во САД и провинциите во Канада.

ormond-beach

Граничниот премин меѓу САД и Канада беше формален и веднаш влеговме на мостот кој ги дели овие две американски држави. Од далечините ги гледавме Нијагарските Водопади и се потсетивме на нашите поранешни посети на ова чудо на природата.

За убавината на водопадот придонесува височината, од која, неверојатни 7 000 км3 вода во секунда паѓа во бездната од ог­ромната водена маса. Во за­висност од годишното време се менува и ликот на во­допадите. Есента е пријатна со изразити есенски тонови. Зиме водениот прав замрзнува уште во воз­духот и од врвот на водопадите до студената бездна се формираат прекрасни кристални завеси.

А кога на­стапува пролетта и бујните води на Нијагара ќе ги по­несат огромните ледени блокови, трескотот што се создава при струполувањето и од триењето на мразот од ѕидовите на водопадот, е уште посилен. И то­гаш огромното виножито што се раѓа го разубавува денот.

Меѓутоа, ноќните екс­кур­зии до Нијагара се уште поинтересни. Осветлени со ил­јадници елек­трич­­ни светилки (реф­лектори), водопадите добиваат фантастичен изглед, кој го опијанува посетителот застанат пред ова чудо на природата.

Беше попладне кога пред нас се појави и најголемиот водопад од канадската страна, кој е поживописен и повпечатлив од помалиот водопад што е на американската страна. Овие два водопади изгледаа како скромни речни јазови што ги создала природата да бидат единствени на Земјината топка. Тоа беше глетка што не може да се заборави и остава трајни впечатоци кај посетителот. Исто така, го посетивме и Веландскиот Канал, низ кој водниот сообраќај претставува главна артерија меѓу езерата Ири и Онтарио, а оттаму преку реката Сент (Свети) Лоренц водената маса навлегува во Атлантскиот Океан.

nijagara
Нијагарските  водопади со поглед од Канада

Интересно е да се спомене дека петте големи езера во граничната област меѓу Соединетите Американски Држави и Канада според површината што ја зафаќаат на­ликуваат на море. Не случајно и се нарекуваат Сре­доземно Море на Северна Америка. Нивните води во Атлантскиот Океан ги носи реката Сент Ло­ренц. Планот да се изгради континентален пловен пат во должина од околу четири илјади километри од утоката на Сент Лоренц до Дјулут на Горно Езеро е многу стар. Во 1932 година Соединетите Американски Држави и Канада склучиле договор за заедничка изградба на водениот пат Сент Лоренц.

Според информациите што ги добивме од пишаните документи во кои се вели дека поради висинските разлики меѓу езерата и брзината на истекувањето на водата во реката било неопходно да се изградат брани и канали. Така, најголемиот континентален во­ден пат на светот бил готов во 1959 година. Шес­нае­­сет брани го подигнале овој воден пат до 184 мет­ри над морската површина.

 По изминати 54 километри од езерото Ири истекува реката Нијагара и се влева во езерото Он­тарио. Во почетокот реката Нијагара е широка дури 1200 метри, а по изминатите десетина километри се разделува на две ракавици меѓу кои е Големиот Ос­тров. Низводно повторно се соединуваат неј­зи­ни­те во­ди, кои течат преку брзаци и слапови, за по из­минати седум километри и да ги формираат прочуените Ни­јагарски Водопади. Ова чудо на природата е ед­на од најпосетените туристички атракции на северноамериканскиот континент и на сите меридијани. Водената симфонија на Нијагара е спој на природата, митското, сонот и јавето.

hamilton
Мостот кај Хамилтон

Интересни беа податоците од кои се запознавме дека Нијагарските Водопади постепено „ползат“ кон езерото Ири, каде и започнува стрмниот дел. Пресметано е дека секоја година малиот водопад се повлекува за 5 - 6 сантиметри, а големиот за 60 - 70 сантиметри. Од создавањето па до денес „Потковицата“ се приближила до езерото Ири за 11 километри. Тоа се објаснува со разурнувањето што го предизвикува водата и материјалот што го носи врз скалестиот праг. За се­гаш­ниот изглед биле потребни 6 000 години, а за да стиг­не до езерото Ири и да исчезнат во­до­па­дите или да бидат уште поголеми потребни му се уш­те не помалку од 180 000 години. 

За Канада и Соединетите Американски Држави Нијагара и нејзините водопади се голем из­вор на приходи. Водопадите ги посетуваат милиони посетители кои како на една своевидна авантура доаѓаат од целиот свет. Од дру­­га страна, пак, огромната водена сила се ко­ристи за добивање на електроенергија. Направе­ни се голем број гигантски хидроцентрали, особено од канадската страна.

Инаку, градот Нијагара се наоѓа на левиот брег на реката и претставува голем туристички центар. Во него живеат над осумдесет илјади жители, кои претежни се занимаваат со туристички гранки.  Таму има бројни хотели, ресторани, казина и други атрактивни објекти, кои привлекуваат милиони туристи од целиот свет. И ние во Нијагара се чувствувавме како дел од глобалниот свет кој доаѓа и од американската, а повеќе од канадската страна на Нијагаските Водопади.

Во вечерните часови ја напуштивме Нијагара и се упативме кон Хамилтон, крстопатот меѓу Торонто и Нијагара.  По автопатот кој води низ рамничарскиот дел на Онтарио се чувствувавме како да сме во Македонија. Имено, тој предел со своите лозови плантажи наликува на лозовите полиња во Кавадарци и Неготино.

Инаку, градот Хамилтон е сместен на југозападната страна на езерото Онтарио. Тој се вбројува меѓу водечките центри на железната индустрија во Канада, затоа и голем број Македонци, особено од егејскиот дел на Македонија се доселиле на тие простори уште во дваесеттите години од минатиот век. Таму со успех работи Македонската православна црковна општина „Свети Наум Охридски-Чудотворец“.

Впечатлива беше глетката кон Хамилтон што се пружа од високиот мост што се вишнее на еден крак на езерото Онтарио и кој го премостува густиот сообраќај од Нијагара кон Торонто. Од мостот кој е вистински современ објект се гледаат рамните богати површини на Онтарио кои со погледот се губат кон север.

kniga-slave
Репортажата „Од Флорида до Нијагара“ е дел од книгата „Светот на дланка“ на Славе Катин, „Македонска искра“, Скопје, 2014, 1-444, додека наредните материјали што следат, се дел од публикацијата „Македонците во САД и во Канада“ на Славе Николовски-Катин, во издание на „Македонска искра“, Скопје, 2002, 1-380

Од Хамилтон до Торонто се возевме по современиот автопатот што го носи името „Кралицата Елизабета“, посветен на англиската кралица. И лево и десно од автопатот има безброј објекти кои ги поврзуваат овие два индустриски центри на Канада. Затоа, на тој простор од педесетина километри човек се чувствува дека се наоѓа во некој град. 

По едночасовно возење, во вечерните часови стасавме во Торонто, во втората македонска престолнина, како многумина нашинци го нарекуваат овој велеград.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.