Среда, 29 Април 2015   
Торонто – втората македонска престолнина

slave-katin-2

Пишува СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Да се биде во Канада е вистинско задоволство и голем предизвик за дојденците, патеписците, уметниците... Денес Канада се смета за светски пример на мултикултурно општество. Од Втората светска војна во оваа демократска и многунационална земја се од­ви­ваат значајни социјални, културни, образовни и еко­ном­ски прео­­бразби, а со тоа и голема трансформација во неј­­­зиниот етнички состав.

Таа е прва земја во све­тот ко­ја официјално го признала мул­ти­кул­тур­но­то ша­ре­­нило и ја продолжува континуираната и дос­ледна не­­дискриминациска политика, со што мул­ти­­кул­ту­рата се прогласи за политика на Владата на Ка­нада, каде што секој има право на слобода на свеста, ве­рата, мислата, изразувањето, мирното собирање и дружење, негување на сопствената кул­тура, про­па­гирање и применување на сопс­тве­на­та религија и упо­треба на мајчиниот јазик. Но, сите тие претставници со различита етничка припадност, се канаѓани државјани и со документи и со душа, затоа со  гордост истакнуваат дека се Канаѓани, што не е случај во нашата Македонија.

Често се вели дека Канада е „ветената земја“ за Македонците, особено од егејскиот дел на Македонија, кои во Канада ги уживаат сите човекови права. Додека во своите родени земји Грција (Елада) и Бугарија се еден вид туѓинци: немаат свои училишта, ни цркви; им се оспорува на­цио­налниот идентитет; врз нив се врши аси­ми­ла­ција денационализација и систематско ис­тре­бу­ва­ње од род­ната грутка. Затоа, со право и со гордост Ма­ке­дон­ците во Канада ја пеат химната „О, Ка­нада…“

Кога човек пристигнува во Торонто, главниот, најголемиот и најубавиот град во провинцијата Он­тарио се чувствува како да е во светот во кој се из­ме­шала амерканската и европската култура, ста­рото и новото. Торонто е општосветски град во кој живеат повеќе од пет милиони жители од сите меридијани. Тој е сместен на северозападниот брег на езерото Он­тарио, едно од трите најголеми езера во Северна Аме­рика и во светот, кое заедно со езерото Хјурон и Ири преку речниот тек на Лоренцовата Река по­вр­зува голем број американски и канадски мет­ро­по­ли кон Атлантскиот Океан и светот. 

gradskoto-sobranie-vo-toronto
Градското собрание во
Торонто

При нашата посета на таа важна канадска и светска метропола со           ог­ромни перспективи, од бројната литература на англиски и на француски бевме информирани дека Торонто е формиран  во 1793 година под името Јорк, а во 1839 година го добил сегашното име. Метрополата се простира од Оквил до Ошава на растојание од околу сто километри. Тој е бисерот на Онтарио, во кој се сместени, меѓу другото, голем број об­ра­зов­ни центри: тогаш највисоката кула во светот, позната како „Си Ен Тауер“, Забавниот парк „Онтарио Плеис“, „Харбоур фронт“, каде што се одржуваат голем број музички, театарски и други претстави, Спортскиот и културен центар „Скај Дом“, Научниот центар „Онтарио“ и голем број знаменитости познати ширум светот.

Торонто е град во кој културното живеење е со долги традиции и е многу блиску до она во Европа. Гра­дот има голем број современи театарски куќи и дру­ги центри на културата, во кои чести гости се врв­­­н­и уметници од си­­те делови на светот. Притоа, привилегија е да се при­­суствува на некоја од културните манифестации во оваа метропола, особено на оние на кои за билет се чека подолг период и потребни се повеќе пари.

Исто така, во Торонто е задоволство, меѓу другото, да се посети некој од многубројните паркови. Таму во прекрасните амбиенти на парковите, каде се вишнее познатиот ка­­надски јавор, чиј лист во исто време е симбол на на­­цијата, човек се чувствува пријатно, опуштено и безгрижно. Тука се измешале и посетителите и верверичките, кои во Канада се заштитени со за­­кон. Врие од народ. И бели и црни и жолти од сите делови на светот. Секој се забавува на свој начин во парковите каде што се чувствува свежина и чист воздух.

 Според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во оваа канадска метропола и главен град на Онтарио живеат повеќе од сто нации, меѓу кои и Македонците. Често се вели дека Торонто е третиот македонски град по големина, по Скопје и Битола, во кој се задомиле околу 100.000 Македонци. Нив ги има од сите делови на Македонија, од многу градови и села во етничките граници на Македонија, меѓутоа, се чини дека најголем е бројот на македонските доселеници и нивните поколенија кои се од егејскиот дел на Македонија. Се претпоставува дека баничани, желевци, буфчани, ошчимци, преспанци и битолчани се најбројни во Торонто и околните места.  Тешко се определува нивниот број, бидејќи тие дошле со разни патни исправи и, за жал, во зависност од тоа нивните презимиња и националната припадност се приспособувале според земјата од каде дошле, а не кој се.

kasa-loma-toronto
Замокот “Каса Лома“ во Торонто

Одреден број од Македонците во Канада припаѓаат на различни политички, национални и други организации. Многу од нив и го згрешиле патот и избегале од македонското јадро. Пропагандата од соседните земји ги вознемирила, ги преобразила и ги натерала да си го заборават својот род.

Меѓутоа, со обновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква и со изградбата и осветувањето на првата македонска православна црква „Свети Ѓорѓи“ во Мелбурн во 1960 година, и во Торонто во 1965 година беше изградена и осветена првата македонска православна црква во Торонто, „Свети Климент Охридски“, што претставува пресврт во македонското движење во Канада. Таа е еден од најпознатите црковно-просветни центри на Македонците во Северна Америка, најголема и најимпозантна што ја имаат македонските иселеници во овој дел од светот.

Инаку, промените во економската, социјалната, образовната и квалификационата структура, паралелно со остварениот материјален потенцијал, условуаат и делумна трансформација на животните навики на македонските иселеници во Торонто. Притоа, голем број од нив, особено од егејскиот дел на Македонија се пробиле во повисокото општество во кое живеат. Меѓутоа, во политичкиот живот во новите средини и  општества, македонските доселеници осетно заостануваат зад другите етнички групи, а тоа е случај и со другите иселеници од балканските земји. Сепак, нивните постигнувања на економски,  духовен, образовен,  културен и спортски  план, се’ повеќе придонесуваат тие да бидат третирани како интегрален и важен фактор во новите  средини во мултиетничките општества на Канада.

pecalbarski-kopnez
Книгата „Печалбарски копнеж од Славе Катин и публикацијата „Од Панонија до Егеј“ е дело на академ Антоније Шкокљев-Дончо и Славе Николовски-Катин, се изданија на „Македонска искра“, Скопје,
  2007, 1- 196

И покрај разликите што иселениците од македонско потекло во Канада ги поседуваат во социјалната структура, а кои се резултат на различните нивоа на образование и материјална состојба, за нив се карактеристични некои заеднички обележја во социјалниот живот. Така, голем број од доселениците од етничка Македонија, на одредн начин, се асимилирани или се наоѓаат “зовриени’ во котелот на асимилирањето. Поголемиот дел, пак, само привидно ја прифатиле интеграцијата во тамошното општество, а му остануват верен на традиционалниот македонски начин на живеење.

Тие и понатаму се тесно врзани со семејството, во суштина засновано и одржувано во традиционален и патријархален македонски дух. Обезбедувањето и комплетирањето на семејството претставува еден од приоритетните животни цели на македонските иселеници во новата средина. Затоа, поголемиот број македонски доселеници ја продолжуваат поврзаноста и се групираат во македонските етнички заедници .

Така, првите форми на собирање меѓу македонските иселеници датираат од времето на масовното доаѓање во новите средини, кога со себе ја носат својата култура, традициите, религијата и обичаите. Како резултат на тоа, во сите поголеми центри во Канада уште на почетокот се формираа заемно-помошни , културни, црковни асоцијации и друг вид друштва, со имиња од родната Македонија.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.