Среда, 20 Мај 2015   
Ѓурѓовденски прослави во Торонто

slave-katin-2

Пишува СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

На 9 мај оваа година, во салата на соборната македонска православна црква “Свети Климент Охридски” во Торонто, се собраа голем број поранешни жители на прспанското село Подмочанци и нивни пријатели од сите делови на Македонија да ја прослават селската слава Ѓурѓовден. Овој празник има големо значење не само за подмочанци кои жиеат во селото во Преспа, туку и за иселениците, особено во Торонто, чиј број се движи на над седумдесеттина и во САД над четриесеттина семејства кои водат потекло од Подмочании, од Македонија.

Подмочанци го слават Ѓурѓовден како домашна слава, а според вековните традиции Ѓурѓовден како домашен празник го слават и сите што го носат тоа име или имињата што се изведба од тоа име. Македонската православна црква го празнува споменот на великиот маченик Георгиј Победоносец – заштитник на сиромасите, лекар на немоќните и помошник на владетелите. Овој голем црковен и народен празник познат кај народот како Ѓурѓовден спаѓа меѓу неподвижните празници, или празник со постојан датум. Секоја година празникот паѓа на 6 мај според новиот, или на 23 април според стариот календар.

На прославата на Ѓурѓовден во црквата “Свети Климент Охридски” во Торонто, свештеникот Илија Донев ја благослови вечерата и им посака добродојде на сите гости. Тој, меѓу другото, рече дека селската слава Ѓурѓовден е еден од најзначајните празници за подмочанци. Инаку, Ѓурѓовден е најголем пролетен празник што го празнува не само христијанството, туку и другото население, што од друга страна зборува за фактот дека во неговата основа лежи некој голем предхристијански празник во чест на пролетта, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто, а тоа е Велигден.

Исто така, гостите срдечно и топло ги поздрави Марина Танасовска, секретар на “Подмочанското друштво”, додека кумовите Гордана и Дорче Николовски ги почестија гостите со македонски специјлитети. Инаку, “Подмочанското друштво” постои 17 години, на кое активностите ги водат сегашниот претседателот Дорче Николовски, благајникот Љупчо Андреевски и голем број други активисти, меѓу кои и овогодишните кумови на селската слава Ленче и Џими Стојановски. На средбата присуствуваа и претседателката на црковната управа на “Свети Климент Охридски” Вера Белчевска, потпретседателот Пецо Петличковски и други видни иселеници.

centarot-na-toronto
Дел од центарот на Торонто

Музичкиот дел на селската слава Ѓурѓовден на подмочанци и нивните пријатели од Преспа и од други делови на Македонија му припадна на познатиот македонски оркестар “Бисер” од Торонто. Тие преку песната и орото направија атмосфера гостите да се чувствуваат како во Македонија и да ја изразат силната љубов кон Подмочани и Преспа.

Инаку, селото Подмочани се наоѓа во Горна Преспа, на десетина километри од Ресен на патот за Љубојно и Маркова Нога, во непосредна близина на Преспанското Езеро. Тоа е едно од најголемите, позначајните и поубавите села во Преспа. Подмочани е старо македонско христијанско село, во кое сложно живеат праволавни Македонци и неколку муслимански семејства. Тоа од секогаш било центар и општина за селата: Долна Бела Црква, Грчари, Рајца, Курбиново, Претор и Асамати. Така било и со централното училиште што го носи името на славниот војвода “Славејко Арсов”, чија зграда е меѓу Подмочани и Грнчари кое ги спојува овие две преспански села. Тука, кај училишната зграда, кај споменикот на борецот за Македонија Коста Кусаковски се спојува и се разделува Подмочани од Грнчари. Меѓутоа, карактеристично за овие две преспански села е тоа што и покрај тоа што се наоѓаат на богата бочва за егзистенција, а и се во непосредна близина на Ресен, сепак печалбарството си го направило своето. Подмочани и Грнчари, за жал, се едни од најпечалбарските села во печалбарска Преспа.

Подмочани е карактеристично место во Преспа, па и пошироко во Македонија. Тоа е село каде постои приватна етнолошка музејска поставка, во сопственост на ентузијастот Јоне Ефтимовски, единствена институција од ваков вид во Преспа и во Македонија. Во убавата зграда на фолклористот Јоне Ефтимовски која се наоѓа во центарот на Подмочани изложени се илјадници предмети како: народни носии, накити и украси, предмети од домакинството, оружје и други експонати од Македонија и од други балкански држави. Затоа овој етнолошки музеј е посетен од голем број посетители од Македонија, соседните земји и светот.

Карактеристично за Подмочани е тоа што таму се наоѓа црквата “Свети Ѓорѓи”, во чиј круг се селските гробишта. Но, денес се чини новата црква “Свети Петар и Павле” претставува пример на убав духовен, народен и преспански храм. Црквата е резултат на донаторство и израз на големата љубов кон родниот дедовски крај, особена на иселениците.

podmocani
Црквата
СветиПетариПавлеиПреспанскоткрствоПодмочани

Во овој духоно-црковен комплекс е подигнат и се вишнее Преспанскиот крст, кој е изграден во 2.000 година како симбол на христијанството, а е донација на иселеникот во Чикаго, познатиот бизнисмен и донатор Борис Ничов. Крстот е висок 33 метри, со што симболично се прикажани годините на спасителот Исус Христос. Овој црковен комплекс е изграден на ридот Горица што се наоѓа над селото и од каде како на дланка се гледа голем дел од Преспанската Котлина и од Преспанското Езеро. Благодарение на голем број иселеници и, секако на селаните од Подмочани: првите помагаат со пари, а вторите со работна рака, за неколку години се изградени три хритијански храма во оваа убава преспанска населба.

Во историјата на Подмочани е забележано дека од ова преспанско село води потекло, меѓу другите, Трајко Китанчев (1858-1895) педагог, публицист, писател и поет, академик на Бугарската академија на науките и професор-филолог на Московскиот универзитет, како и претседател на Врховниот комитет на ВМРО. И корените на архиманстрит Панарет, ректор на Пловдишката семинарија се од Подмочани. Исто така, од ова преспанско село, меѓу дргите е и војводата Кочо Кочовски, учесник во Илинденското востание.

Денес за селото Подмочани во Преспа, покрај месното население се грижи и плеада иселеници раселени ширум светот, меѓу кои се: Борис Ничов, Калче Магдевски, Дорче и браќата Николовски, Марјан Кочовски, Митко Стојановски, покојниот Кире Глобочки и многу многу други доблесни Македонци чиј корени се во Преспа, во Подмочани, а завршуваат во ногу земји во светот. Затоа, не случајно за Подмочани е вели  дека е едно од најпечалбарско село во Преспа.

Тоа се потврди со Ѓурѓовденската прослава во Торонто на која, покрај празнувањето на селската слава, голем број подмочанци се договорија за да соберат парични средства за Подмочани. Со тоа тие докажаа дека иако се далеку од дедовскиот праг, сепак со душите и со срдата се во родната Преспа, во Македонија.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.