|
|
Македонското иселеништво во западната хемисфера, помогна за падот на европскиот комунизам |
Македонското иселеништво во западната хемисфера, помогна за падот на европскиот комунизам Пишува: Јанко ТОМОВ, Мај 2015 Македонското патриотско иселеништво во западните држави на Америка, Европа и Австралија, после Втората светска војна, има неброени факти за лојалност према овие демократии, а посебно према современиот капиталистички поредок, воден од страна на Соединетите Американски Држави. Меѓу тоа, со затајувањето на прием во ЕУ и НАТО , со уставното име на Македонија и со милениумското Македонско национално име, Демократската актуелна власт на САД, преку своите институции го оспорува правото на Македонскиот народ и на Република Македонија и ствара услови за дестабилизација на младата држава, обновена на дел од Античката Македонија, евентуално со цел за нејзина поделба, меѓу соседните нејзини држави, Бугарија И Албанија. НР Македонија оснивана при крајот на Втората светска војна на 2 Август 1944 година, на Првото заседание на Асном, во Прохор Пчински, која заедно со антифашистичките сили на светот, во Втората светска војна, а со своето учество и со голем број на жртви, придонесе за пад на Хитлеровиот Фашизам. Според досегашните написи, коментари и мислења,во македонската и европска медија, за ситуацијата во Република Македонија, особено по акцијата на власта во една од населбите на Куманово, наречена “Дива населба”, против укотвената терористичка група на Албанци од Косово, со цел да ја дестабилизираат Република Македонија, ние од иселеништвото сме на страна на актуелната влада предводена од премиерот Никола Груевски. Во тој конфликт во Куманово, на 9 Мај 2015 година, животите ги изгубија 9 Македонци припоадници на силите на безбедност на републиката-полицајци, а беа ранети 40-мина, за кои ние од иселеништвото длабоко жалиме и сочуствуваме со болките на нивните најмили семејства и најблиски граѓани ираководители на актуелната власт на Република Македонија. Западните медиуми, специјално европските, кои се под контрола на институциите на ЕУ и ЕП и НАТО, не спомнуваат никакви Албански терористи, спомнуваат платеници или криминалци и ги затајуваат вистинските настани во Куманово, со нивни сомнителни претпоставки, за наводно исцениран напад од страна на безбедносните органи на Република Македонија!? Македонската актуелна коалиционан власт составена од ВМРО-ДПМНЕ –Македонци и од ДУИ Македонски Албанци (Шиптари или Шифтари), на друг правилен начин ја известува македонската и светска јавност, со повеке детали од терористичкиот напад во Куманово и случките поврзати со тоа, во миналите недели, специјално медиумите и институциите на републиката, како и поедини невладини Македонски патриотски организации. Единствено министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Лавров ја запозна светската јавност, како што беше вистината во Куманово, дека тоа е дело на западните држави кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија и да створат друг Мејдан, како во Украина, каде настана војна. Исто така Лавров оцени дека таа дестабилизација на Македонија е со цел да се подели Македонија, помегу Бугарија и Албанија. Исто така додаде тој дека тоа го прави ЕУ и ЕП и НАТО подбуцнати од САД, бидејки Република Македонија не ги прифати ембаргата на западот против Русија, кои настанаа со војната во Украина, бранејки ги своите Руски граѓани во Украина. Фактите зборуваат сами по себе, за таа несакана положба на граѓаните на Македонија, кои се вечина Македонци, потоа мањина Албанци (16-20%), Срби, Власи, Турци и други националности, кои досега живеат без големи проблем, како што живеат и други народи и националности во мултукултурните и мултинационалните Австралија, Канада и Америка. Ова е мое лично мислење и мислење на поголем број Македонски патриоти во диjаспората. Посебно во Австралија, како деценијски активисти на македонското движење, кое се бореше, со дипломатски средства, против комунизмот во СФР Југославија-СР Македонија и начелно на европското тло –СССР и Источно европските комунистички и социјалистички држави. Да ве потсетам и напомнам дека, во годините после Втората светска војна, во 4-5 деценијска активност, македонските патриоти избегани преку граници од комунистичка и социјалистичка Југославија и Македонија, успееја да створат национално и демократско движење во диаспората Движење за Ослободување и Обединување на Македонија (ДООМ), кое движење успеа да оснива Демократска Партија за Македонско Национално Единство (ДПМНЕ). ДПМНЕ заедно со додатната скратеница на Внатрешна Македонска Револуционаерна Организација (ВМРО), која го организира и водеше Илинденското востание на Македонија, отпочнато на 2 Август 1903 година, против Отоманското петвековно ропство. се оснива ВМРО-ДПМНЕ, во 1990 година во диаспората, а истата година се пренесе во СР Македонија. Во тоа време СР Македонија, која сеуште беше дел од СФР Југославија, стана плурална-повекепартијска држава, за прв пат во нејзината најнова историја. Така ВМРО-ДПМНЕ, на 17 Јуни 1990 година званично се оснива во градот Скопје, која од тогаш стана популарна меѓу македонскиот народ. Војната помегу републиките на СФРЈ изнуди, на помирен начин да се организира македонскиот народ, за да одржи референдумот на 8 Септември 1991 година. На тој референдум успеа да створи Самостојна Суверена Република Македонија. Следеа парламентарни избори, истата година, во која учедствуваа новоформираните национални политички партии, мегу која продолжи, дотогаш владеачката Комунистичката Партија на Македонија (КПМ-СКМ), која го смени името во Социјалистичка Демократска Патија на Македонија (СДСМ). На тие парламентарни избори победи ВМРО-ДПМНЕ, но бидејки раководството немаше никакво искуство во дипломатско водење на новате своја партија, претседател стана човек кој беше близок соработник на Маршал Тито, човек кој во својот претседателски мандат, направи најголем грев на својот Македонски народ, од неукост за својата национална историја, што до ден денешен страдаат македонците. Исто така бившите комунисти од предходната влада на СР Македонија, а сега СДСМ, на овие При парламентарни збори, во 1991 година, имајки извесно искуство од водење на републиката, иако во склоп на Југословенската федерација, на лукав начин стана водечка партија на Република Македонија, иако ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите. П р о д о л ж у в а |