Среда, 03 Јуни 2015   
Дела на Славе Катин промовирани на Илинден

Пишува Фиданка Танаскова

slave-katin-ilinden-1

Љубојно е типично македонско, преспанско, печалбарско место од кое, како и од голем број села под Пелистер, многумина заминале и се задомиле во многу земји од светот, но тие  доаѓаат во родно место,особено за Илинден. Затоа и останала поговорката „Ојш кај ќе ојш, во Љубојно за Илинден дома да си дојш“.    

Благодарение на демократските процеси што настанаа по осамостојувањето на Република Македонија како независна, демократска и самостојна држава, Илинденските средби во Љубојно добија нова организационо-културна и програмска шема, дух и димензија .

Како резултат на таквите услови, на средбите кои имаа карактер само на илинденска прослава започнаа да се прошируваат и да се внесуваат и други активности и содржини на културен план. Така, уште во 1992 година во текот на празничните денови во библиотеката на Домот во Љубојно, пред повеќе од двеста присутни, за прв пат се одржа промоција на книга. Тоа беше делото „Во Австралија како дома“ од Славе Николовски – Катин, за кое зборуваа проф. д-р Томе Саздов, како претседател на Матицата на иселениците од Македонија и писателот Раде Силјан како издавач. Исто така на присутните им се обратија проф.д-р Васил Тупурковски и писателот Цане Здравковски.

По содржина новинарските текстови во публикацијата „Во Австралија како дома“ обработуваат прашања и проблеми од животот и активностите на македонските доселеници, особено на Македонците од Беломорска Македонија кои живеат и работат во демократска и мултикултурна и демократска Австралија.

slave-katin-ilinden-2

Публикацијата „Во Австралија како дома“ од Славе Николовски-Катин е прво издание промовирано во Љубојно, а е издание на „Матица македонска““, Скопје, 1992, 1-136, а публикацијата „Македонски иселенички паноптикум“ е дело за вистината на Македонците од етничка Македонија во дијаспората и е дело на Славе Николовски-Катин, а е издание на „Друштвото за наука и уметност“, Битола, 1996, 1-296

Таму, за разлика од својата земја, ги уживаат сите социјални и човекови права. На тие далечни простори на петтиот континент, Македонците постигнуваат забележителни резултати на национален и духовен план, во бизнисот, потоа во областа на културата, образованието и социјалниот живот воопшто. Нивните постигнувања сé повеќе придонесуваат Македонците да бидат значаен чинител, познати и признати од домашниот фактори и од другите етнички групи.  

Во рамките на Илинденските иселенички средби продолжија да се промовираат поголем број литератуни дела на љубанци, со особена нагласка на творештвото на Славе Николовски-Катин. Така, на  2 август 2000 година, на „Полена“, а пред голем број љубанци, туристи, гости и намерници на средбите, беа претставени  делата на авторите од Љубојно: Славе Николовски – Катин, Бошко Рајчовски – Пелистерски и Цвета Карапашовска – Толевска.

slave-katin-ilinden-3

Монографијата за најголемиот донатор од дијаспората  „Атанас Близнаков“ (на македонски) од Славе Николовски-Катин е издание на Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и Министерството за иселеништво, Скопје, 2000, 1-336, а  делото за донаторот „Петар Стаматов“ (на македонски и англиски) од Славе Николовски-Катин и Методија Трајковски е издание на Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Скопје, 2010, 1-192

Беа промовирани книгите: „Печалбарски копнеж“, „Македонски иселенички паноптикум“ и монографијата за најголемиот донатор од иселеништвото „Атанас Близнаков“ чиј  автор е Славе Николовски - Катин. Пред присутните, на „Полена“ за трите книги и за творештвото на Катин зборуваа проф. д-р Томе Саздов, д-р Петре Лубаровски и Бошко Рајчовски – Пелистерски. За стихозбирките „Тој не се врати“ чиј автор е Бошко Рајчовски – Пелистерски, пред тој аудиториум за прв пат ја претстави Славе Катин, додека за стихозбирката „Кандилда“ чиј автор е д-р Цвета Карапашовска – Толевска зборуваше публицистот Мишо Китановски. Промоциите на „Полена“ беа со одушевување прифатени од присутните, па како да ги отворија широко вратите „Љубанските илинденски иселенички средби“ да добијат плус една културна димензија која продолжува да се негува сите овие години.

Во паметењата секако, ќе  остане Љубанската илинденска иселеничка средба во 2004 година. Имено, на 31 јули 2004 година, а по повод 60-те години од отворањето на училиштето „Димитар Влахов“ како прво на мајчин македонски јазик во Преспа, на оваа значајна и незаборавна свеченост беа претставени литературните дела на поранешните ученици на училиштето „Димитар Влахов“ од Љубојно, и тоа: „Еден заборавен живот“ од Богоја Ничевски и „Ноќен патник“ од Наум Манивиловски – Преспански од Љубојно; делото „Јадреш“ на Мето Јовановски од Брајчино и книгата „И пес и човек“ од Владо Димовски од Долно Дупени. Исто така, беа претставени бројни поранешни ученици од ова училиште,  литературните дејци од Сливница, Крани, Арвати, Штрбово, Наколец, Брајчино и Долно Дупени.

Од 2005 година промоциите на книги започнаа да се одржуват  пред „Воденицата“, културното љубанско наследство, како често се нарекува тој објект. Така, пред Воденицата, на 31 јули, во попладневните часови беше претставено најновото литературно остварување на Јосиф Грежловски – Гандето од Флорида, САД „Виделото на Спаса“. За ова дело пред присутните зборуваше истакнатиот публицист од Долно Дупени, Владо Димовски.

slave-katin-ilinden-4

Монографијата за „Ѓорѓи Томов“ од Њујорк (на македонски и англиски) од авторот Славе Николовски-Катин“ е издание на „Македонска искра“, 2007, 1-320 и делото за „Светле Стамевски“ од Детроит, од Славе Николовски-Катин (на македонски и англиски) е издание на „Македонска искра“, Скопје, 2005, 1-222

На триесет и четвртите Љубански илинденски иселенички средби во 2007 година  продолжија традициите  од предходните години. Тие  започнаа во „Чивлик“ пред културното љубанско наследство „Воденицата“. Пред големиот број посетители на средбите се одржа промоција на романот „Волците од Траперс Блаф“ од љубанецот Јосиф Грежловски –Гандето кој живее во Мајами, САД. За овој интересен роман зборуваше  писателот Владо Димовски.

Потоа се одржа промоција на две монографии за македонски иселеници од Америка и тоа: „Светле – Стив Стамевски“ од Детроит и „Ѓорѓи – Џорџ Томов“ од Њујорк. За монографијата посветена на познатиот иселеник од тетовскиот крај, кој е сопартиец и пријател на семејството Буш и има заслуги во активностите САД да ја признае Република Македонија под уставното име, зборуваше проф. д-р Димитар (Таки) Керамичиев, претседател на Матицата на иселениците од Македонија.

За делото на Катин посветено на амбасадорот на македонската култура Џорџ Томов од Њујорк зборуваше неговата пријателка - проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ. Инаку, ансамблот „Томов“ чиј членови беа исклучиво Американци кои научија да играат и пеат македонски ора и песни, во текот на турнејата на Балканот во 1985 година имаше значаен и прв настап на друштво од дијаспората на љубанските средби.

slave-katin-ilinden-5

Монографијата „Бошко Рајчовски-Пелистерски“, чиј автор е Славе Николовски-Катин е издание на „Македонска искра“ од Скопје, 2008, 1-254 (на македонски и англиски). И монографијата за семејството „Јановски“ од Торонто, по потекло од село Бистрица, Битолско , исто така е авторско дело на Славе Николовски-Катин, а е издание на „Македонска искра“, Скопје, 2002, 1-226 (на македонски и англиски)

Во 2008 година програмата пред „Воденицата“ започна со рецитал на Славица Петреска-Диневска и Бошко Рајчовски-Пелистерски. Потоа, како дел од културните случувања во Љубојно се промовираше монографијата за Бошко Рајчовски-Пелистерски, чиј автор е Славе Николовски-Катин. За оваа книга која е огледало на животот и делото на овој американски љубанец од Детроит и Флорида, запис на настаните на иселеникот, новинарот, поетот, организаторот на средбите и водителот на македонското радио во Детроит „Оро македонско“, Пелистерски,зборуваа проф. д-р Васил Граматиковски од Љубојно и д-р Иван Апостолов од Флорида.

Во 2009 година во делот од културата, најпрво, беше отворена изложба на ликовни творби на академската сликарка Сунчица Станковска. Потоа, беа промовирани романот „Сараф“ од Јосиф Грежловски-Гандето и делото „Охридско- преспански стопански хоризонти» од м-р Јонче Филиповски од селото Штрбово. Промотори за првата книга беа Владо Димовски и Менка Карапашовска, додека за втората книга зборуваше проф. д-р Јосиф Андреевски. Потоа, следеше читање на поетски остварувања и илинденскиот рецитал.

slave-katin-ilinden-6

Монографијата „Митрополитот Кирил“, на македонски и англиски јазик, чиј автор е Славе Николовски-Катин е издание на „Полошко-кумановската епархија“ и на „Македонска искра“, Скопје, 2007, 1-342, а монографијата за бизнисменот  од Флорида „Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски“, чиј автор е Славе Николовски-Катин е издание на „Македонска искра“, Македонско сонце и ТВ Сонце, Скопје, 2012, 1-468, (на македонски и англиски)

Во 2010 година линденските средби  започнаа во попладневните часови кај „Воденицата“ со обраќање на поголем број иселеници и видни гости. Притоа имаше промоција на литературни дела и тоа: за делата на познатиот и признат писател Мето (Методиј) Фотев зборуваше Славе Николовски-Катин; за делата на Владо Димовски беше пуштена аудиокасета,  делото на Љубица Димовска го претстави Менка Карапашовска, а за делото „Љубојно - љубов моја“ на Стојан Лембо зборуваше Бошко Рајчовски-Пелистерски. Исто така, пред „Воденицата“ имаше литературно читање, а беше изведена и  монодрама.

Во 2012 година, пред големиот аудиториум беше претставено  монографското дело за митрополитот Кирил, чиј автор е Славе Николовски-Катин, а промото беше проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, која меѓу другото рече: „Митрополитот на Полошко-кумановската епархија, митрополитот Кирил, инаку Преспанец, е најстариот архијереј по хиротонија во состав на македонскиот православен епископат.

slave-katin-ilinden-7

Монографијата „Илинден во Љубојно и Преспа“ која е на македонски и англиски јазик е исцрпно издание за историскиот развој на Љубојно и Преспа и е дело на Славе Николовски-Катин, и неговиот коавторот Бошко  Рајчовски-Пелистерски, а е издание на  „Македонска искра“, Скопје и на  Македонско друштво „Љубојно“ од Детроит,САД, 2013, 1-320, а делото „Љубовни приказни“ од Славе Катин е издание на „Македонска искра“,Скопје, 2011, 1-130, (на англиски). 

Тој беше единствениот најдолго жив потписник на историската Одлука на Светиот архијерејски синод на МПЦ (од 1967 година) за возобновување на целосната духовна и канонска автокефалност на Охридската архиепископија. Митрополитот Кирил е првиот надлежен архијереј на Американско-канадско-австралиската епархија. Во ова значајно и по многу нешта карактеристично дело на Славе Катин посебно е претставено севкупното национално-духовно, црковно и културно- просветно опстојување на Македонците во САД, Канада и Австралија“.

Исто така, проф. д-р Вера Антиќ ја промовираше стихозбирката „Украдени мисли“ од Душан Ристовски од Сиднеј, потоа за делото „Гробот на Розмари“ од Јосиф Грежловски-Гандето зборуваше Билјана Костова, додека за романот „Големата лага“ (на англиски) од Петре Наковски зборуваше Славе Катин.

На прославата на 40-те години  на „Љубанските илинденски иселенички средби“, беше промовирана монографијата „Ѓорѓија-Џорџ Атанасовски“ од Славе Николовски-Катин,  а беше изведен и илинденски рецитал. Инаку, Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски е исклучително голема, позната, призната и неодминлива личност во македонската дијаспора  и во Македонија. Тој без сомнение, е еден од економски најуспешните Македонци во светот. Иако подолго време живее на Флорида, во Соединетите Американски Држави, од своето заминување до денес, овој нашинец   е длабоко и силно поврзан со судбината, вистината и настаните во Преспа  и во Македонија.

Исто така, на прославата беше промовирана 40 години „Љубанските илинденски исленички средби“, беше промовирана монографијата „Илинден во Љубојно и Преспа, во која е претставен дел од истотија на овој убав и значаен дел  од Македонија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.