Среда, 03 Јуни 2015   
Друштва и асоцијации на македонците во државите Мичиген, Илиноис и Пенсилванија (1903-1943)

slave-katin
Пишува СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

Македонците во новите средини во САД започнале организиран живот уште со нивното доаѓање. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ на авторот на овие редови, во периодот од 1903 до 1943 година  во државите Мичиген, Илиноис и Пенсилванија биле формирани поголем број друштва и асоцијации на Македонците, од етничка Македонија,  особено од егејскиот дел на Македонија на тие американски простори, меѓу кои:

1. МИЧИГЕН. Државата Мичиген била и е една од најзначајните за ма­кедонските доселеници. Таму Македонците започнале да се организираат уште со нивното доаѓање. Меѓу селските друштва во 1918 година во Џек­сон, доселениците од селото Арменско, Ле­рин­ско, го организирале спо­магателно-про­свет­ното друштво “Напредок”. Потоа, во 1924 година, во Детроит, било фор­ми­рано едно од најбројните ма­­ке­донски друштва “Буф” во кое членувале доселениците од селото Буф, Ле­­ринско. Друштвото својата дејност ја проширило и во Виндзор, во Канада, каде што имало голем број бувчани. Друштвото “Буф” постои до денешен ден и во двата града.

Во Детроит во 1923 година е ос­новано бугаро-македонското женско бла­готворно друштво “Соединение”. Во 1939 година тоа престанало да постои и како негов наследник се појавило женското заемноспомагателно друштво “Милосрдие”.

Македонските доселеници од Батл Крик во 1926 година, го форми­рале заемноспомагателното и просветно друштво “Св. Кирил и Методиј”. По­тоа, во 1932 година повторно основале свое Македонско за­ем­но­спо­ма­га­телно неу­трално друштво.

Во Детроит во 1927 година е формирано тетовското спо­ма­га­телно друштво “Шар Планина”. Денес, пак, доселениците од Тетовско во Детроит се организирани во друштвото “Полог”, кое дејствува и во Виндзор.

Во Мичиген, Македонската патриотска организација била едно од нај­сил­ните и највлијателните. Така, во САД во состав на МПО биле формирани повеќе ограноци кои биле активни во периодот меѓу двете светски војни, меѓу кои, во Детроит било следните:

michigen

Организацијата “Татковина” била фор­ми­рана во Детроит кон крајот на мај и почетокот на јуни 1922 година. Таа со свои па­рични средства ја помагала црковната општина „Св. Климент Ох­ридски“ во Де­троит и развила голема про­светна и културна дејност. И денес во оваа бугарско-македонска православна црква која е под јурисдикција на Бугарската црква развива активносто меѓу Македонците  Во рамките на “Татковина” постоела младинска и женска секција кои биле ангажирани во организирањето на културно-забавниот живот.

Македонската организација “Балкански мир”, била основана во градот Ленсинг, во 1923 година. Потоа, на 1 јуни 1934 го­дина во градот Џексон била основана македонската организација во со­­ста­вот на МПО “3-ти август”.

2. ИЛИНОИС. Едно од првите селски македонски друштва организирано на аме­ри­кан­скиот континент во 1906 година е друштвото од селото Д'мбени, Костурско, кое го носи името “Лазо Поп Трајков”. Ова друштво имало две се­дишта: во Ме­дисон, (Илиноис) и Хајмонд, (Индијана), односно таму каде што има­­ло најмногу доселеници од ова село. Друштво својата дејност ја про­­ши­ри­ло и меѓу д'мбенци во Канада. Истата година доселениците од селото Косинец, Костурско, организирале свое селско друштво со седиште во градот Медисон. Доселениците од селото Смрдеш, Костурско, пак, во 1906 година, го фор­ми­ра­ле бла­готворно-просветното друштво “Пандо Кљашев”. Една година по­доц­на, (1907) во Медисон и доселениците од селото Ошчима, Леринско  го ор­га­ни­зи­рале сво­е­то спомагателно друштво “Св. Никола”.

chicago

Исто така, доселениците од селото Брезница, Костурско, во 1909 година во Медисон, организирале свое благотворно друштво, а доселеници­те од селото Апоскеп, Костурско, благотворното друштво “Успех”. Врз основа на сел­ската припадност свое спомагателно друштво организирале и доселениците од Екши-Су, Леринско, кои живееле во Индијанаполис. Потоа, доселениците од Битолско кои се населиле во Гранит Сити, во 1913 година го формирале би­толското благотворно друштво “Зора”.

Во 1917 година во Аргон, доселениците од селото Сетома, Костурско, го основале своето спомагателно друштво “Сонце”. Подоцна, во 1926 година се појавило заемноспомагателното друштво “Поткрепа” во градовите Гранит Сити и Медисон. Во овие градови било формирано женското заем­нос­по­ма­га­телно друш­тво “Македонската Бугарка во Америка”.  Се претпоставува дека ова друштво би­ло едно од најголемите во тој дел на САД.

Една од позначајните македонски иселенички организации во составот на МПО била организацијата “Баштин крај”, односно “Татков крај”. Таа била ос­­­­нована во Гранит Сити во 1924 година. Во рамките на оваа ор­га­ни­за­ција била формирана женска секција, а потоа и театарска гру­па.

pensilvanija
Џонстаун во Пелсилванија

Според пишаните документи, МПО имала свои организации и во други држави во САД, како и две во Канада и три во Австралија. Во Калифорнијамакедонските до­селеници од Лос Анџелес, на 27 јануари  1935 година ја основале ор­га­ни­зацијата “Браќа Миладиновци” која е активна и денес, потоа, во Сент Луис, Ми­сури, на 13 септември, во 1934 година го одржале ос­но­вач­кото собрание на ор­га­ни­зацијата “Белица”, а во Сиетл, Вашингтон, на 2 мај 1930 година била ос­но­вана ор­­га­низацијата “Македонија”.

3. ПЕНСИЛВАНИЈА. Во 1917 година во Елвуд, Пенсилванија, било ор­га­ни­зирано првото ца­­парско заемноспомагателно друштво “Пелистер”, создадено од доселеници­те од селото Цапари, Битолско. Во 1930 година, пак, било фор­мирано друштвото под име бугаро-македонското друштво “Отец Паисиј” од градот Хомстед. Потоа, на 6 ноември 1921 година во градот Стилтон, во оваа држава, било ор­­­га­ни­зирано македонското друштво “Прилеп”, кое подоцна влегло во сос­та­вот на МПО.

Најголемиот дел од членовите на оваа организација потекнувале од Прилеп, кои во 1926 година биле организатори на петтиот конгрес на МПО. Исто така, во градот Стилтон македонските доселеници из­гра­диле свој народен дом, потоа црквата „Св. Благовештение“, а ор­га­ни­за­цијата има­ла и сопствена куќа.

atanas-bliznakov

petar-stamatov

Монографијата за најголемиот донатор од дијаспората  „Атанас Близнаков“ од  Д’мбени, Костурско, кој живееше во Гери, Индијана (на македонски јазик) од Славе Николовски-Катин е издание на Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и Министерството за иселеништво, Скопје, 2000, 1-336, а  делото за донаторот „Петар Стаматов“ од Смилево, кој живееше во Чикаго (на македонски и англиски јазик) од Славе Николовски-Катин и Методија Трајковски е исто така издание на Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Скопје, 2010, 1-192

Исто така, македонската иселеничка организација “Независност” била формирана во Пенсилванија, во градот Дукејн, на 22 април 1922 година. Во со­ста­вот на ор­ганизацијата влегле македонски доселеници од поблиските гра­дови на Пит­сбург. Во рамките на оваа организација работела младинска сек­ција, потоа учи­­­­лиште, библиотека и клуб, а постоел и народниот хор “Родни зву­ци”. 

Во градот Џонстаун, пак, во 1923 година била основана ма­ке­донската ор­ганизација “Пере Тошев”, која имала сопствен клуб, кој за време на големите п­о­плави во 1936 година бил целосно раз­рушен. Потоа, во градот Елвуд Сити, во август 1934 година била ос­но­вана органи­за­цијата “Мара Бунева”, главно, од доселеници од Ресенско.

toronto
Торонто

4. ОНТАРИО. Исто така, МПО во Канада била активна во Торонто и Виндзор, каде биле вклучени поголемиот број македонски доселеници претежно од Егејска Ма­кедонија. На 14 мај 1922 година во Торонто е основан огранокот на МПО “Прав­да”, во кој членувале, главно, доселеници од с. Габреш, Костурско, и од дру­ги места. Во 1927 година е формирана женската секција која развила го­ле­­ма културно-просветна активност. Членовите на организацијата “Прав­да” биле активни и на црковно поле, членувајќи во македонско-бугарските пра­вославни цркви „Свети Кирил и Методиј“, формирана во 1910 година, а потоа и во „Свети Ѓорѓи“ формирана во  1940 година во Торонто .

Во Виндзор, пак,  огранокот на МПО го носел името “Владо Черноземски”, а бил формиран на 1 ноември 1934 година. Во состав на организацијата работело народно училиште и женска секција.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.