Среда, 10 Јуни 2015   
Прогласување воена неутралнност на Република Македонија, спас за сите македонци и суверенитетот

janko-tomov
Пишува: Јанко ТОМОВ, 5 Јуни 2015

Со прогласувањето на ВОЕНО НЕУТРАЛНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА,ќ е престанат сите притисоци, закани и тешкотии, од било каде да доаѓаат, за опстанокот на македонскиот  национален и суверен идентитет. Ќе се спречи губење на  драгоцено време на актуелната влада и нејзините институции, во опозиционирање-спротивставување на лукавите напади и покушаи за дестабилизација на Македонија, од странство и од својата внатрешност и сл., а ќе се стабилизира многу побрзо, од што беше досега, во изминалите 20-тина години. Побрзо, од многу Европски и Балкански држави, Македонија ќе створи прогрес-просперитет,  во сите полиња на современиот привреден, економски,  политички и  одбрамбен живот. Со тоа ке се спречат и трошковите за патувања на поединци и делегации, од владините институции, за непотребни учества и присаства на разни договори и лукави провокации од лидерите и институциите на ЕУ, а исто така и губењето на драгоцено време за дочетоците и приемите, на голем број поединци и групи од ЕУ и НАТО во Собрнието, владата, претседателството и нивните институции.

Образложение за насушната потреба, за  прогласување на ВОЕНО НЕУТРАЛНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

И врапчината-птиците знаат и ја чувствуваат лукавоста на западните дипломати, со предлогот на еврокомесарот за проширување, господинот Јоханес  Хан, во овој необичен случај, на неговата посета во Република Македонија, на почетокот на Јуни о.г. Сето тоа се совпаѓа  кога опозиционата СДСМ, во поткрепа од западните лидери - преставници на ЕУ и службеници на САД, од улица, вон Собранието, врши заканувачки протести и демонстрации, со цел дестабилизација на суверената Република Македонија. Целта на овие нивни улични протести е за пад на актуелната власт, специјално со организирањето терористичка  група со Албански-Косовци во “Дива населба” во Куманово, кои за зал убија   8 храбри  и лојални бранители-преставници на безбедносните Македонски сили. Притоа беа убиени 10 и разбиен - победени триесетите терористи. Тој терориам ги потресе жителите на републиката, но и створи поголема будност и спремност, за спречување на евентуални нови терористички напади врз жителите на Македонија.

ЕУ и САД, одма реагираа, наредувајки на владата на Република Македонија, да не го затвараат лидерот на СДСМ, Зоран Заев и со тоа смислија стратегија, за заштита на уличарите, кои вон собранието незаконски ја дестабилизираат актуелната коалиционал влада. Лидерите и раководствата на ЕУ почнаа да испракаат свои луге зада ја замачкаатдестабилизацијата на Македонија и почнаа да пракаат заштитници на бившите комунисти, кои со ново име СДСМ покушаваат да ја турат во мрак демократијата на Македонија. Тие го испратија и еврокомесарот за проширување господинот Хан.

Така и се очекуваше од Хан, кој допатува само за еден ден, без да одговара на прашањата од новинарите и одлета на консултации во Вашингтон, кај поголемиот наредбодавец.

Чудни се совпаѓањата на оваа посета на Хан на републиката, за да соопшти дека до месец Април 2016 госдина, треба да се одржат вонредни парламентарни избори, на Република Македонија, со тоа  опозицијата да се врати во Собранието и да со мнозинство учествува на проверка и подредување на изборните списоци. Во тоа  за да успее, како што им одговара на опозицијата, потребно било да се направат реформи во правосуство (како што им одговараат) и другите останали реформи, како со “независно судство” и “слобода на медиумите”, правилно да ги изнесувале своите гледишта!? Досега не им успеало преку невладината организација “Отворено општество”, раководено од Милчин, а финансирано од Американецот СОРОС, со Пет милиони долари секоја година!? Се поставува прашање: Од каде ќе најдат Пет милиони долари, годишно, за слободата на медиумите на опозиционата СДСМ и за продолжување на антивладини -  антимакедонски протести, од улица, кои не ги одобрува  уставот на Република Македонија?  Специјално ако и на тие вонредни избори во 2016 година и евентулно на наредните во 2017, 2018 и наредните години, не победи опозиционата СДСМ, дали републиката со својот народ, специјално веќината  Македонски народ, ке страда, во развлекувањето на очекување, да биде примена во ЕУ и НАТО како равноправна членка, со уставното име и со  признаени националните Македонски обележја?

Абе луѓе, што е погрешно со овие луге и тоа раководители на важни меѓународни институции? Дали тие мислат да си играат детска игра со нас? Или сакаат систематски да ни ги уништат нашите живци и нашето трпение?

Дваестина години не мачат нас македонците, со нивното неферско и нехумано приоѓање на решавањето на наметнатиот проблем со уставното име на Македонија, кој потекнува за сменување и непризнавање на истото, потоа следи автоматски непризнавање на македонската националност, со сите свои карактеристики и употребата на придавката “Македонски”? Овие западни политичари, се сменија за лошо, бидејќи досега ги признаваа макеедонските жртви од времето на прогонот на фашизмот, а сега не ги признаваат истите жртви на нашите Македонски борици , кои рамо со рамо се бореа и гинеа на боиштата, против Хитлеровиот фашизам!?.

Шест години ЕУ и Американците водени од “демократите”, ни ги признаваа сите направени реформи, потребни за пристапни преговори за членство во ЕУ и НАТО, но не ги отпочнуваат тие пристапни преговори, бидејќи ги поддржуваат нивните членки Грција, Бугарија и Албанија, кои се фашисти, према македонците и Република Македонија.Тие фашистички влади и политичари,  брутално ги асимилираат, денационализираат, вршат убијства и тротури врз нив етничките Македонци во во деловите на Македонија,кои ги држат под окупација. Тие влади врз македонците вршат притисоци, за иселување од своите родни огништа. Притоа не даваат основни Македонски национални и политички права, како што дава актуелната власт на Република Македонија, на своите малцинства. Нехуманоста и бруталноста на тие фашистички соседни држави на Република Македонија, во кои спаѓаат забрана за користење на македонскиот говорен и литературен јазик, недозволуваат и вршење на Македонски верски-црковни обреди и изградба на Македонски цркви и манастири, Македонски весници, радиопропграми, ТВ, а да не спомнуваме редовни или вонредни уцилишта за изучување на мајчиниот Македонски јазик и  сл., уште од 1913 година до денес, кога е ослободена  Македонија од Отоманското ропство и кога е поделена помеѓу “ослободителите’!

Затоа да бидеме начисто, а тоа е да направиме најдобро за македонците и нивните граѓани во Република Македонија, за македонската емиграција во дијаспората и за македонците во окупираните етнички делови на Македонија, под Грција, Бугарија и Албанија. Тоа наложува актуелната власт на Република Македонија, да распише меморандум за прогласување на неутралност. Прогласената неутралност на Република Македонија е остварлива, бидејќи со тоа ќе се решат сите проблем, кои произлегуваат од меѓународната заедница на Европа и Америка, во врска со притисокот за менување на уставното име на Македонија и снемувањето на македонскиот идентитет. Со прогласување на неутралност на Македонија, македонците  во републиката и во светот, каде живее македонската емиграција, како и нивните жители од различни етнички групи, ке останат и понатаму пријатели со народите и владите на ЕУ, САД, Руската федерација, Кина, Индија и сите Африкански и Јужно-латино-американски држави и народи, со кои ќе имаат пријателска соработка на сите полиња, освен не од воен карактер. А ако настанат било какви штетни последици, како неутрална суверена држава, за опстанокот на македонците и за Република Македонија, владата и нејзините институции да се определат, под хитно, за пристап на таа светска сила, која и го гарантира нашиот Македонски опстанок и равноправност со останалите народи и држави во светот.

Ни македонските емигрант во дијаспората, ќе продолжиме да ја поддржуваме Република Македонија, која ќе биде неутрална и пријател со сите народи и држави во светот. Нашите млади и идни генерации Македонци, со други државјанства, со склучени бракови на жители на западната хемисвера - Америка, Канада,  Австралија и Европа ке ги почитуваат И ке учествуваат во прогресот на  тие мултинационални и мултикултурни демократски општества.

Република Македонија, ако за неколку недели, не ги отпочне пристапните преговори за членство во ЕУ, ако не стане одма членка на НАТО, треба одма да ПРОГЛАСИ ВОЕНА И ЕКОНОМСКА НЕУТРАЛНОСТ. Така ќе се приклучи кон останалите Европски држави, кои не се членки на ЕУ: Норвешка, која е самостојна-неутрална, не соработува со ЕУ, потоа  Швајцарија, Исланд и Австрија. Според меѓународното право, никој не би можел да не дестабилизира, како ВОЕНО НЕУТРАЛНА  РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, а да е способна да  соработува со сите пријателски држави и народи во светот, кои го признаваат уставното име на Македонија и кои несакаат бивши комунисти, кои сакаат да го вратат едноумниот систем – комунизмот во Македонија. 

Сугестијата за прогласувањето на ВОЕНА И ЕКОНОМСКА НЕУТРАЛНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, прв го отпочна Македонскиот проф. Ѓорѓи Поповски, од републиката. Оваа идеја е досега најдобра и има иднина и реални можности за нејзино остварување.

И онака досега,скоро четвртина век, од нашето осамостојување, каде постојано сме под разноврсни национални, политички, економски притисоци, кои ако се вперени-насочени, во било која друга европска држава, истата би се распаднала, но ете нашата, не само што не се распадна, туку има напредок во својата домакинска економска политичка стабилност, подобра од десетици европски членки на ЕУ, кои имаат вековни искуства и пракса, во современиот капиталистички поредок.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.