Среда, 22 Јули 2015   
Спогодбата во Пржино на 15 јули пораз или победа на демократијата

janko-tomov
Јанко ТОМОВ

Диjаспората-иселеништвото и преставниците на македонскиот народ од етничките делови на Македонија: Егејска Македонија, Пиринска Македонија и Голо Брдо или Мала Преспа, се уште ја немаат искажано својата согласност или несогласност, за спогодбата во Пржино на 15 Јули о.г. наметната од ЕУ и Америка

Македонската патриотска диjаспора, која е поделена на десно или лево политички крило, а воедно во која е спласнат патриотизмот, од поедини актуелни и застарени причини, со недоверба го  гледа решението на политичката криза на Република Македонија. Криза во која ЕУ, преку иницијатива на одговорниот за проширување Јоханес Хан и поединци од другите институции од Брисел, како Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, а врз основа на договорот за побрзо решавање на кризата, која се интивизираше во пролетта 2015 година, со мирни и провокативни протести, пред владата на Македонија, од страна на опозиционата СДСМ, која ги изгуби изборите, се реши, за кое паднаа честитки од сите страни, а и од Заменик секретар за надворешни работи на САД, Нуланд. За да се спречи интенвизирањето на  кризата, се склучи договор од 2 Јуни 2015 година, за решавање на кризата, а врз база на “бомбите” на СДСМ,се сведе на нејзино конечно и чудно решавање!?

Имено на 15 Јули, каде повторно заседаваа 4-те лидери на најголемите Македонски политички партии од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, опозиционата СДСМ со Зоран Заев, лидерите на албанскиот блок од ДУИ со Али Ахмети и од ДПА со Мендух Тачи, а под водство на лидери на институции од ЕУ и со присаство и соработка со амбасадорот на Америка, а со благослов на Заменик министер за надворешни работи на Америка,  објавија конечен договор, со  попрецизни правни наредби или ориентации за активноста на владата за наредните месеци до 24 Април 2016 година, кога треба да се одржат вонредните парламентарни избори.

Договорот или наредбата потпишана од лидерите на републиката од поголемите политички партии, набрзо беше прогласен како успешен договор за Македонските политички партии, а делумно одобрен и од партиите на албанскиот блок! Изјави во медијата дадоа Никола Груевски и Зоран Заев, кои на свој начин ја толкуваа победата, односно престанување или решавање на политичката криза на Македонија.

Читајки ги параграфите и договорените членови на договорот од 15 Јули 2015 година, сега сите од дијаспората се прашуваат за важноста и практичноста на овој договор?

Како прво, дали наметнатите услуги на ЕУ и САД, во решавање на политичката криза на Република Македонија не зборуваат сами по себе, дека е извршен пресврт или дипломатски државен удар на актуелната коалициона власт и институциите на републиката, која е избрана на вонредни парламентарни избори, во 2014 година, избори регуларни и признати од ОБСЕ-една од главните институции за избори на ЕУ!? Стучните лица кои ги познаваат меѓународното право и правата кои доаѓаат од уставот на Република Македонија, ги објаснуваат членовите и параграфите на овој договор, на новинарите, кои преку медијата ја запознаваат македонската и светска јавност.

Да напоменам дека овој договор од 15 Јули о.г. не е изгласан во законодавниот дом – Собранието, или во извршната власт- Владата  на републиката, туку е изгласан во просториите на преставништвото на Европската Унија, во Пржино-Црниче во Скопје!? Македонската медија која е на страна на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционата актуелна власт, заедно со политичките коментатори, како и правни експерти за уставот на Македонија, се сомнева во важноста на договорот.

Сомневањата се од поброен карактер, за што ќе се послужиме со едни од написите на медијата, од весникот “Вечер”, од 15 Јули, каде пишува дека правниците биле збунети од терминологијата во договорот, ДЕКА НОВИТЕ ТЕРМИНИ УПОТРЕБЕНИ ВО ПОСЛЕДНИОТ ТЕКСТ НА ДОГОВОРОТ ГИ НЕМА ВО МАКЕДОНСКИОТ УСТАВ. Тоа ги збунува експертите по уставно право. Значи договорот од 2 Јуни 2015 година е правно неуставен!? Ќе спомнам поедини тумачења, од страна на професорката од Правниот факултет во Скопје, Тања Карамишева – Јовановска.

“Јавниот  обвинител на Република Македонија е именуван и разрешуван од Собранието на Република Македонија за време на шест години…” пишувало во Амадманот од Уставот, што значи дека “специјалниот обвинител кој треба да се ибере до 15 Септември о.г., од сите политички партии, спрема Портоколот, ќе треба да ја заобиколи оваа Уставна процедура и за неговиот избор да се даде предност  на партиската одлука!? Овде со тоа е прекршен уставот на Република Македонија. Понатаму, во член 106 од Уставот пишува: “Јавното обвинителство е единствен самостоен државен орган, кој ги гони  сторителите на кривични дела и на други со Законот казниви дела и врши други работи утврдени со закон” Следното  е исто интересно, кое го немало според  Уставот на РМ: Од 20 Октомври о.г. до изборите на 24 Април 2016 година, СДСМ да даде предлог за назначување на Технички Министер за внатрешни работи на Република Македонија. Потоа Министер за труд и социјална политика, кој би бил именуван од  од СДСМ, како и министри за финансии, Министер за Земјоделство и Министер за Информативно општество и од администрацијата. Сите други сегашни министри на владата ќе останат до идните избори во 2016 година. Професорката Тања Карамишева-Јовановска, вели дека во Уставот на Република Македонија нема такви функции. Значи Уставот од страна на ЕУ е прекршен во полза на опозиционата СДСМ, што не дава гаранција дека и после парламентарните избори во 24 Април 2016 година, пак СДСМ дека  нема да  реагира со демонстрации и стварање на политичка криза, за да дојде незаконски на власт, како што беше досегашната криза!?

Можам да  речам дека премиерот Никола Груевски се согласил на овие уставни неправилности, со цел да се избегне кризата која дојде до своја кулминација, во која би настанала граѓанска војна и вмешување на Западните и Источните светски сили. Добро ни е позната стратегијата на обете светски сили, а сега е времето кога тие ги одмеруваат своите способности и сили. Добро ни е познато дека ЕУ и НАТО ја требаат Република Македонија, за свои членови, во согласност со Американските актуелни политичари, како ѓеографско стратешки партнер, кој е на спојката на Југоисточна Европа со Блискиот Исток и Азија. Затоа премиерот Никола Груевски ја пропушти можноста да објави Неутралност на Република Македонија, за која поедини интелектулци, вклучувајќи ме и мене, пишувавме во медиумските изданија, за да соработува  републиката со ЕУ и Западните сили, еднакво како и со Руската Федерација и Кина, на секој план во животот.

Во врска со горните настани, во времето на спроведување на договорот од 15 Јули 2015 година во републиката, Премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓеорге Иванов, треба да ги условат примањата на Република Македонија во ЕУ и НАТО, да Република Македонија биде примена со уставното име, за кое се борат и чезнеат сите Македонци во светот. Ако тоа не се усвои Република Македонија, за догледно време ке биде маша или на Западната или на Источната хемисфера.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.