|
|
Пустец – значајна македонска општина во Мала Преспа во Албанија |
ПОДЕЛЕНА МАКЕДОНИЈА – ПОДЕЛЕНА ПРЕСПА Мала Преспа, за жал, е еден од најсиромашните предели во Република Албанија. Таму албанските власи, а и Република Македонија „ги заборавиле“ своите обврски и го оставиле тој народ сам да се снаоѓа. Населението се занимава со риболов, земјоделство и сточарство, но во многу мал обем и во скромни услови. По соборувањето на некогашниот сталинистички режим и отворањето на границите, повеќето жители се преориентирале кон трговија и печалба во Република Македонија и Грција а некои работат во поголемите албански градови, во Европската Унија и во прекуокеанските земји. Пустец е е стожерот на Мала Преспа. Ова убаво македонско село е распространето вдолж ридот над самото Преспанско Езеро. Куќите се од камен, македонски, скромни, како и во многу преспански и други села. Сите зборуваат убав преспански говор, на училиште четири години учат на мајчин македонски јазик, имаат амбуланта, земјоделска задруга, киносала, културен дом, неколку колонијални продавници, рибарска задруга, ја имаат прекрасната Македонска православна црква „Свети Архангел Михаил“ во центарот на ова градско село, како и голем број други институции. Но, најважно е што имаат чист македонски дух и верба во иднината на македонската нација, на македонскиот јазик, на сè што е македонско. Селото Пустец е единствена македонска општина и една од поголемите населби во Корчанскиот регион и најголемо македонско село во Албанија. А, таму во Долна Преспа се пее, се смее, се игра, се тагува и боледува на македонски мајчин јазик. Општина Пустец во регистарот е запишана на македонски како Пустец и на албански Ликенас. Името на Пустец му беше сменето во седумдесеттите години. Таквото преименување на Пустец го направил Хоџа Леши, тогашниот секретар на Комунистичката партија на Албанија.
Општина Пустец во Долна Преспа вклучува девет различни населени места, населени со етнички Македонци кои зборуваат на нивниот мајчин македонски јазик и кои сакаат да им се поттикне сопственото културно наследство. Таа, исто така, е природно убав регион, кој, за жал стагнира и е неразвиен. За одбележување е то што Македонците во Албанија не можат целосно да ги остварат своите основни човекови права, како што се образованието на мајчин јазик на целата територија, употребата на националните симболи и учеството во државните институции. Тие на многу тежок начин успееа да се регистрира нивната политичка партија „Македонска алијанса за европска интеграција“. Тоа е голем настан за Македонците, бидејќи тие покажаа зрелост и гласаа за себе, нивната партија, и за нивниот кандидат, почитуваниот градоначалник Едмонд Темелко. Со тоа тие му покажаа на албанското општество дека и тие се дел од него и дека ќе земат активно учество со справување на нерешените прашања во земјата. Партијата прави силни обиди да развие проекти со странски фирми, амбасади, како и со Македонија, со цел да им се помогне на луѓето од Мала Преспа, тие да имаат пристоен и нормален животен стандард. Сите држави во светот знаат дека Македонците во Мала Преспа се лојални граѓани на Албанија; тие плаќаат даноци и го почитуваат законот, а за возврат, бараат подобри услови за живот. Сличен е случајот со Македонците во Гора и Голо Брдо. Имено, за разлика од Македонците во Мала Преспа, Македонците во Гора и Голо Брдо се борат да им бидат вратени правата како во 1948 година. Постои документација за овие права во албанските институции. Пред 1948 година, кај сите етнички македонски села во Албанија, во Гора, Голо Брдо и во Мала Преспа, имаше училишта на македонски јазик. За жал, властите сега намерно ги негираат барањата на Македонците од Гора, Голо Брдо и други места. Сепак, тие се надеваме дека доаѓаат подобри времиња и дека демократијата конечно ќе пристигне и во Албанија. Едмонд Темелко е роден во Пустец во 1972 година. Тој е градоначалник на Општината Пустец во Мала Преспа и единствен во Албанија. Основното и средното образование го завршил во родното место, а дипломирал ветеринарство на Земјоделскиот факултет во Тирана.
Тоа се случи кога партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на локалните избори во Албанија кои се одржаа на 21 јуни, освои едено градоначалничко место и девет советници. На 21 јуни македонската партија освои 3.641 глас. На општина Пустец, а по третпат градоначалник стана Едмонд Темелко. Во Пустец се освоени и 7 советнички места. МАЕИ ќе има свој советник и во Поградец и во Малиќ. Инаку, Едмонд Темелко, заедно со секретарот Васил Стериовски и другите членови, поддржани од бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасовски од САД, се едни од основачите на партијата Македонска алијанса за европска интеграција и неуморни борци за правата на Македонците во Албанија и светот. Тие се во најтесна соработка е со Светскиот македонски конгрес, ОМО "Илинден" - ПИРИН, "Виножито" и други македонски национални организации и партии од Македонија и дијаспората Продолжува
|