|
|
Македонија низ времето |
Земја на исконот, земја каде се е во вистинска големина, и архитектурата и луѓето кои се живи паметници, и се најефективна демонстрација на своите потомци. Уште во 1840-тите години Македонија била предмет на проучување од страна на безброј светски патеписци, истражувачи кои со нескриено задоволство забележувале за природните убавини но и настаните на Балканот под отоманска империја. ÂÂÂ Така во 1858 година, Австрискиот конзул Вон Хан пропатувал низ Македонија за да забележи дека постојат премини низ планиниските масиви за кои претходно географичарите сметале дека го делат Балканскиот полуостров. Ова негово истражување било доставено до Империјалистичката научна академија во Виена и го поттикнало планирањето за инфраструктурната мрежа, односно изградба на железничка пруга од Централна Европа до Егејот. Со тоа им се олеснило патувањето на сите оние заинтересирани да ја посетат и истражуваат Македонија и како што велат, да бидат во центарот на вниманието. Една амерканска новинарка во 1906 година изјавила: „ Ако дојдеш во Македонија, ќе доживееш нешто кое го нема во никоја друга земја во Европа”. Светот постојано се навраќа и пишува за големиот воин, двигател на светот, најславниот војсководец, Александар Македонски. И ден денес е лик за кој секој сака да знае, да открие нешто повеќе. Тој е еден од највпечатливите меѓу големите луѓе во историјата кој ја импресионира човечката имагинација. Понесени од фасцинантоста на тој период од историјата, Музејот во Сиднеј Австралија, во 2013 та година, ја направи една од најголемите егзибиции во историјата, насловена како 2000 години вистинско богатство‘. Преку раритетните 400 објекти донесени од Русија, навлезе во времето на Античка Македонија. Францускиот поет, книжевник, Пјер Беарн во своите дела објавува дека Филип Втори бил најуспешниот крал, а Александар Македонски, неговиот син, најголем и славен војсководец. Во еден извадок за Филип Втори вели: “Неговиот дом е тука во Пелагонија, Македонија. Тој не е Грк. Во 336 п.н.е Грците се кренаа против Македонската доминација. Во 335 грците го положија оружјето а Александар влезе во Атина како победник. Кога ќе помислам дека тој беше тука, и јас чувствувам потреба да викам, да трчам, да се радувам, да постанам жител на светот на слободата, да мислам дека секој ме сака, и јас да ги сакам сите.” Македонците ја имаат преживеано сагата на најстрашните колежи. Во три Македонско – Римски војни, илјадници статуи, голем број на оружје од фалангата, биле ограбени. За Македонците во споредба со грците се мислеше дека се вистински робови и според историчарот Монсен, “Македонија се претвори во жална провинција.’ Христијанството започна токму во Македонија со доаѓањето на Апостол Павле. Првите европски христијани што се христијанизирале на тлото на Европа биле Македонци. Според Бјерн, теракотните икони во Виничко се едни од најзначајните христијанските икони во светот а секоја педа македонска земја, изобилува со антиквитети. Македонија ги даде и светите браќа Кирил и Методиј, ко денес во Европа се третирани како сезаштитници на европскиот континент, луѓе кои го просветија човештвото. Над осумдесет светители се етнички Македонци кои денес се слават во католичките и православните цркви. Земја на цареви, и великани, па така важно е да се спомене и визатнискиот цар Јустинијан, кој бил роден во Македонија. А етнички Македонци биле и византиските цареви, припадници на Македонската династија која владеела од 9-11 век. Кога сме кај древномакедонската митологија, таа отсекогаш била силен крепител на македонската народна посебност. Нашиот јужен сосед создаде археологија врз база на митологијата кој ги воскресна до вечноста. Грчката пропагандна машинерија ги направи сите Богови грчки. Се што било славно и светло на Балканот го присвојуваат и прогласуваат за грчко. Но докажано е дека постојат и македонски Богови и Божици. Постојат наоди за постоење на божицата Ма (пра – мајка) за која се смета дека била од старо бригиско потекло и си имала посебни специфичности кај Македонците што ги нема кај другите народи. Уште од вториот век пред Христа, Македонците континуирано се наоѓале под ропства, окупации за во 1913 година се потпише и територијална поделба со кобниот Букурешки договор. Договор кој е полн со неправилности и недоречености за нелогичното разграбување на македонско парче земја. Изработената карта на Димитрија Чуповски била уште една потврда за решеноста на нашиот народ да ја искаже посебноста и причини за самостојност на Македонија. Но големите сили останале неми на нашите барања да се ревидира тој договор. Денес претставува единствен меѓународен договор кој не е потпишан од страна на сите големи сили и кој не ги зеде во предвид барањата на Македонците за зачувување на идентитетот и единството на цела територија. Без оглед на странските пропаганди за негирање на се македонско, Македонија и Македонците опстојуваат и си имаат посебно место во светската цивилизација. За било кој период да станува збор, Македонија е доволно голема во очите на светската јавност. И понатаму ќе се пишуваат нови страници за нејзината историската и културна величина. Пишува: Гордана Димовска |