|
|
Македонските организации од крајот на 19 и почетокот на 20 век (3 дел) |
Извадок од книгата: Откритија за важни настани во македонската историја- Дипломатска акција со помош на нови археолошки пронајдоци, кои потврдуваат дека Европската цивилизација не започнува со Грците, туку со Македонците, автор Јанко Томов, Бризбен, Австралија 2004 година, ИСБН о-9752453-1-7 Подоцна организацијата уште подрастично се поделила на две струи (популарно наречени "леви" и "десни") и меѓу нив почнала повеќе или помалку отворена борба. И кај едните и кај другите имало револуционери кои себеси се декларирале како "Бугари", иако се залагале за самостојна Македонија. Причините за ова биле различни. Мнозина од нив биле школувани во бугарски училишта, а некои од нив, така се декларирале за да не ја загубат работата во бугарските служби. Со текот на времето ТМОРО се преименувало во ВМРО и во дваесеттите години дошло до контакт помеѓу оваа организација и Третата комунистичка интерна¬ционала, која на ВМРО му поставила неколку барања меѓу кои и барањето според кое "ВМРО со единствениот фронт на сите револуционерни сили и разбојниците ренегати да поведат борба против сите балкански држави и против буржоаска Европа и светот." (Д-р Бранислав Сина¬диновски "Тодор Александров", стр. 220). Во тоа време на чело на ВМРО е Тодор Александ¬ров, кој воспоставил еден вид автономија во пиринскиот дел на Македонија. Бугарската влада донела одлука за затворање на македонските дејци и забрана на неколку македонски весници на македонската емиграција во Бугарија. На овие дејства Александров одговорил: "Ние не сме сакале, ниту сме предизвикале да се водат борби по улиците, но веднаш со достоинство сме одговарале, а и во иднина ќе одговараме на предизвиците на самозабора¬вените бугарски влади и одделни министри... И Стамбо¬лиски и Рајко и сите ја сметаа ВМРО за нула без Бугарија и се обидуваа да ја уништат и внатре во Македонија под српско ропство, а во согласност со српска¬та држава и во пределите на царска Бугарија. Резултатите од тоа се видливи... Ако Радев не добил поука од тоа, нека си ги проба силите." (Д-р Бранислав Синадиновски: "Тодор Александров", стр. 225). Заради ваквите свои ставови Александров бил критикуван од бугарската влада и нивните меѓусебни односи биле доста заладени. Александров бил критикуван и заради убиствата на бугарски функционери. Во весникот "Тајмс" Тодор Александров дал интер¬вју, во кое, меѓу другото рекол: "Во име на организацијата ВМРО јас и формално изјавувам дека таа ќе ја прекине вооружената борба ако бидат исполнети следните барања: 1) Распуштање на српските чети на Стојан Мишев, Циклев и други предавници секаде во Македонија и нивно казнување за сторените престапи (силувања, убиства, грабежи); 2) Примена на клаузулите на Мировниот договор за заштита на правата на националните малцинства под контрола на Друштвото на народите и со гаранција на големите сили; 3) амнестија на сите Македонци и дозвола за враќање во Македонија на бегалците и емигрантите под контрола на Друштвото на народите и со гаранција на големите сили; 4) Слобода на избори во собранието и давање право на Македонците да формираат легални политички партии." (Д-р Бранислав Синадиновски: "Тодор Александров", стр. 101 и 162). Во една друга прилика Тодор Александров изјавил: "Денес Македонија ја сака својата независност во границите од пред 1912 година со Солун како главен град. Тоа е впрочерм барање кое ние го предадовме на Европа во Декларацијата која нашата организација ја поднесе на конференцијата во Лозана". (Д-р Бранислав Синадиновс¬ки: "Тодор Александров", стр. 160). Македонскиот истражувач и правник Ставре Џиков во својата книга "Македонија во комунистичкиот триаголник", на стр. 11, пишува: "Во разговорите на Парис¬ката конференција Италија инсистирала на созда¬вање автономна македонска држава. Англиската делегација била за протекторат над Македонија од страна на Друштвото на народите, додека американската и јапонската делегација го поддржувале англискиот предлог, според кој, САД требало да станат мандатор на Македонија во името на Друштвото на народите." И денес, по толку години од Париската конфе¬ренција, Македонците се уште бараат помош од меѓународните тела, овојпат од Обединетите Нации и од меѓународните организации за заштита на човековите права. За жал, и покрај голем број вакви напори, Македонците кои живеат во Бугарија и Грција се уште немаат ниту основни човекови права, иако обете држави се декларираат како "демократски". Напротив, таму до денес продолжува процесот на денационализација врз Македон-ците. И сето тоа се случува пред очите на Обединетите Нации и меѓународните организации за заштита на човековите права. Но, таква била политиката на големите сили отсекогаш. Во врска со ова ќе наведеме уште неколку цитати од книгата на Бранислав Синадиновски, под наслов "Тодор Александров". Овде читаме: "Велика Британија, на пример, како најмоќна светска сила, имала најсилни политички и економски позиции во Турција, така што таа била живо заинтересирана за сочувување на нејзиниот територијален интегритет и спречување малите балкански држави да го решаваат источното прашање по воен пат. Слична политика водела и Франција... Се поголем интерес за Балканскиот Полуостров почнала да пројавува и Австро-Унгарија. Тој интерес посебно се засилил по Берлинскиот конгрес во 1878 година, кога и било дадено правото да ја окупира Босна и Херцеговина... Сметајќи се за законски наследник на Византија, на Отоманската империја во распаѓање, Русија се подготвувала да загосподари со Црно Море и да излезе на топлото Бело Море, како и во регионите на источниот Медитеран. Затоа тие ги водеа Кримската (1853 - 1856) и Руско-турската (1877 - 1878) војна, превземајќи истовремено бројни дипломатски и политички акции и интервенции во разни балкански проблеми. П р о д о л ж у в а Јанко Томов |