Среда, 16 Септември 2015   
„Македонското прашање“ како завереничка концепција на историјата (1)

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

makedonskoto-prasanje

Непосреден повод за оваа монографија е повторното отварање на „македонското прашање” како завереничка концепција на историјата, која не се симнува од дневно-политичката светска сцена веќе 2 500 години, реметејќи ги меѓународните односи на овој многу осетлив простор на Европа.

makedonskoto-prasanje-2Истражувањата во овој труд имаат за цел да придонесат за историската вистина и разбирањето на сопствената историја и автохтоноста на македонскиот народ, неговиот национален идентитет и континуитет, да го истакне придонесот на Македонија во светската цивилизација и да се спротистави на историските злоупотреби за овој проблем.

Клучниот збор во ова истражување е името Македонија, т.е. етнонимата и мислата дали денес издвоените политички ентитети имаат исклучиво право на монопол над историското наследство; дали денешните млади генерации, родени и израснати во два политички конфротирани дела на северна и јужна Македонија, воспитани со убедување дека Македонците немаат доволно сознанија за да можат да сфатат дали Македонија е или не е основа за поврзување со нив.

Како да бидат убедени денешните Грци, чии предци на Балканот дошле во XI век п.н.е. без ова име, туку како Ахајци, а името не го добиле ни 800 години подоцна во Хомеровата „Илијада”, во VII век п.н.е., дека името Македонија не е најтесно поврзано со она што современите историчари (Ј.Г.Дројзен) погрешно го нарекувале „елинизам”, иако Елините првпат во својата вековна историја, административно го освоиле јужниот дел на Македонија дури по Првата балканска војна 1912 година, односно во 1913 година (Букурешки договор, 13. 08. 1913 година).

Или како да се задоволат денешните Македонци, кои исто така не го колонизирале Балканот со сопственото име, во VI од н.е.,дека во својот автономен процес на развој, географскиот поим Македонија постепено го прифаќале како знак на национална припадност и создавање македонска национална свест?

Што со староседелците во Македонија, со потомците на најголемата светска империја на Александар Македонски итн? Значи во прашање е процесот на етнонимите. Се работи за еден сложен проблем, кој во македонскиот случај има драматичен карактер и претставува предизвик кој долго ќе биде експлоатиран за да се докаже овој или оној карактер на Македонија, т.е. за да се дефинира македонската нација.

Заради подобро согледување на проблемот и наследникот на традиционалната македонска култура и наследството воопшто, истражувањата и анализите опфаќаат период од прастарите времиња на праисторијата на јужниот Балкан, следејќи ја огромната улога на домородците и палеобалканската, односно „егејската култура” на овој простор, селидбата на Елините – Ахајците со развојот на Микенската држава, миграцијата на Дорците, а како последица од тој егзодус на првите Елини на Балканот и воспоставување на нови општествено-политички односи во Архајскиот и класичниот период, со појавата на Дорска Спарта, Дорска Арга, Македонија и значењето на нивните култури.

Потоа следи историјата на античка Македонија, македонската окупација на Елада и создавање Македонска светска империја и нејзин придонес во светската цивилизација, улогата на палеобалканскиот јазик во формирањето на старогрчкиот јазик, македонскиот или Александровиот „коине”, кој денес е основа на официјалниот јазик во Грција и друго.

Следена е судбината на македонскиот свет под владеењето на Рим и Византија во различни периоди со улогата на македонската династија и Александровиот „коине” јазик, миграцијата на Словените и создавањето на Самоиловото царство, словенскиот јазик и писменост, како и културниот придонес на македонските Словени во светското наследство. На Отоманската окупација на Македонија, на нејзиниот период со преродбата на Македонија не им е даден простор, зашто не се предмет на овие истражувања.

Примарните извори за проучување на древната историја на Македонија во ова истражување, претежно се од грчко, потоа од римско потекло, иако во последно време многу историографи покажуваат сè поголем интерес за оваа материја. Благодарејќи на придобивките кои елинската цивилиација ги наследила од претходните култури (палеобалканската, вавилонската, египетската, хетитската, егејската, критската и пелашката), употребата на писмата и доведувањето на Македонија на чело на европскиот културен свет, многу моменти од праисторијата се осветлени не само со дела и остатоци од материјалната култура, туку и со пишани податоци, кои претежно се наоѓаат во грчката литература.

Заради тоа, во оваа прилика Грција ке биде предмет на нашите главни истражувања и анализи, но само толку, колку што претставува едно од главните жаришта и извор на информации за судбината на Дорските преселби на територијата на Балканот. Со доаѓањето на Дорците и со историската појава на античките Македонци, започнала изградбата на една нова цивилизација, обележана со употреба на железото.

По исцрпувачката светска Тројанска војна на Елините, Дорците и Македонците извршиле општествена ревитализација на Балканот. Оваа појава историски не е доволно осветлена и се третира како „темен или мрачен период од историјата”. Меѓутоа, ако се сака да се разбере античкиот и византискиот свет и подоцнешните настани, оваа појава треба да се анализира како од историски, така и од цивилизаторски аспект. Истото тоа се однесува и за уметничките достигнувања, зашто дорските и македонските достигнувања во уметноста и Александровиот „коине” јазик во лингвистиката и литературата, како и словеномакедонскиот јазик, дале свој придонес во светската култура.

Родени и живејќи од искон на простори кои во минатото беа средиште на цивилизираниот свет, каде никнале култури и се раѓале идеи, каде се родиле великани со значење не само за историјата на европската култура, туку и за човештвото, ја разбудија свеста и меѓудругото дадоа повод за ова истражување. Тоа што се одиграло на овие простори, не може да се спореди со ништо во било кој дел од светот, ниту во кој било период (Томсон,1954 година).

Тргнувајќи од потврдените научни сознанија дека Балканскиот Полуостров се смета за лулка на културата на „Стара Европа”, во овој труд се користат и авторовите неодамна објавени резултати од лингвистичките, митолошките, етнолошките и праисториските истражувања на територијата на Панонија. Тие покажаа дека голем број хидроними и топоними припаѓаат на една заедничка, општа палеоглосологија на Балканот од семејството на протоиндоевропскиот јазик. Ономастиката Дунав (Зевс-Зан и Диас-Дан, генитив Даноу и биус, т.е. Даноубиус, е персонификација на богот на боговите Зевс), неговите притоки и острови, припаѓаат на палеоглосологијата на Балканот и претставуваат алегорија на сиот митолошки систем на Хомеровата и Хесиодовата космогонија и теогонија од Олимпискиот Партенон на античките богови.

Со ономастиката се утврдени и топоними каде што живееле разни праисториски племиња од големото семејство на Тироите,       Бореите и Хиперборејците (Дануни, Мишани, Мосиники, Каки, Минијци, Лапити, Тирои и други), кои со миграција во II милениум п.н.е., ги пренеле својата архетиписка култура и придонеле во ширењето на цивилизацискиот центар на југ, во грчка Атина, на Крит, во Мала Азија, Италија, Либија итн, што е предмет на првиот дел од оваа книга.

Балканскиот Полуостров, или европскиот југоисток, со своите проблеми влегува во третиот милениум како невралгичен јазол и епицентар на современите светски потреси. Заради тоа, е општа е намерата на авторите да укажат на архетипичноста на многу духовни остварувања на Балканот, на придонесот на Македонија во светската цивилизација, на нужноста од корекција на искривената слика за хиеархијата на изворните европски духовни вредности и дека балканските народи ги врзува заедничка нишка на блескаво културно наследство, кое било расадник на европската и светската цивилизација, што е изнесено во II дел на оваа книга.

Пишуваат:

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски -
Катин

antonie-donco
Антоније Шкокљев - Дончо

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.