Среда, 07 Октомври 2015   
Македонската династија на кралот Македон (4)

makedon

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Према митологијата, втор син на Зевс бил Македон, родоначалник на Македонците е епонимен херој на Македонија, од планината Олимп и Термајскиот Залив до Грамос, односно планината Пинд. Според Костопоулос (1992, 13), најголемиот огранок на Македонците, под етнонимот Македонци, потомци на Зевсовиот син Македон, ги населувале северните делови, од Олимп, преку Пиерија вклучувајќи ја и планината Пинд, на бреговите на реката Бистрица (Халиакмон). Овие области ја сочинувале подоцнешна „Стара Македонија”.

Кралот Македон имал три сина, Аматија, Пинд и Пиер. Аматија или уште Ематија, од зборови од палеобалканската глосологија, аматос или ематос; песок, песочен, па и песочник, е епонимен херој или крал на македонската област Ематија (песочник), која ја опфаќала земјата на долниот Халиакмон до Аксија (Вардар), т.е. цела Долна Македонија, освен Пиерија, т.н. Македонско Приморје. Мпампиниоти (1998, 733) смета дека етимолошкиот збор ематија се однесува на песокот на морскиот брег. Хомер (XIV, 225) за областа Ематија вели дека „… Хера, одејќи од Олимп, дојде до ематските краеви мили”. Главниот град на оваа област исто така се викал Ематија. Према Страбон (околу 63 години п.н.е. до 19 век н.е.), Македонија некогаш се викала Ематија.Додека пак Зонара (1875, стр. 150) тврди дека дури и градот Солун (Тесалоника) некогаш се викал Ематија. Папазоглоу (1957, 145) тврди дека под ова име имало повеќе градови во Македонија.

Синот на Македон Пинд, светло, блескаво, бело) е епонимен херој на западниот дел на Македонија. По него е и името на гигантската (џиновска) планина Пинд на границата меѓу Македонија, Теспротија, Енхелеја и Тесалија, како и една река во Локрида.

Према легендата (Аелианус, Нат. Аним. X, 40), браќата на Пинд го замразиле поради неговата убавина и го принудиле да се повлече во шумата каде единствено негово друштво биле дивите животни и една голема змија.

Синот на Македон, Пиер (светец, или на бога посветен) е митски и епонимен крал на градот и областа Пиерија во Македонија. Пиерија го опфаќала маке-донското приморје по должината на Термајскиот Залив, од устието на реката Пенеј на југ, Халиакмон на север, Олимп и Пиерската Планина. Градот Пиерија се наоѓал во непосредна близина на стариот свет град на Македонија, Дион. Пиерија уште се викала и земја на Музите и биле центар на верскиот и културен живот на сите Македонци за време на кралот Архелај (413-399 години п.н.е.). Инаку Пиерија значи богата или света земја, а таа била Света Гора за античките Македонци, каде биле сместени сите дванаесет богови на Олимп, нивните хра-мови и светите говеда на богот Аполон. Етимолошкиот збор потекнува од пи, пи-ар; мрсен, прекра-сен, богат и свет, света земја.

Кралот Пиер со нимфата Метона имале син Еагар и девет ќерки Пиериди. Според жената на Пиер, е и епонимниот град во Пиерија Метона, еден од најстарите градови на Пиерија и Македонија воопшто, на бреговите на Термајскиот Залив.

Еагар е син на Пиер и нимфата Метона. Станал крал на тракијските Бистонци. Со музата Калиопа или Полихимнија, го добил синот Орфеј. Еагар се споменува и како татко на Лин и Марсија.

Орфеј е најстар син на кралот Еагар. Најголем дел од животот Орфеј го минал како крал на Македонија, Одриз и Тракија. По смртта тој е погребан во македонска Пиерија, во градот Леибетра (близу Дион), кој му бил и роден крај и подигната му е голема кедрова биста. Со нимфата Евридика ималa син Леонт. Набрзо по мажењето, Евридика била гризната од змија отровница, додека со другарка ѝ шетале по цветните полиња на Пиерија. Орфеј не можел да ја преболи смртта на саканата жена и затоа се симнал во подземјето на богот Хад за да ја врати меѓу живите.

Како дете, првите поуки за пеењето и свирењето Орфеј ги добил од Аполон, кој му подарил лира со седум жици, а Орфеј додал уште две за да бидат еднакви со бројот на музите. Кога Орфеј пораснал, силата на неговата песна и музика биле волшебни. Према Есхил (525-456 години) и Агамемнон (1630), додека Орфеј пеел, јата птици кружеле околу неговата глава, реките ги застанувале теченијата, рибите скокале од морето, дрвјата се нишале, карпите затреперувале, а сите животни се собирале околу неговите нозе.

Орфеј се занимавал со земјоделие и други корисни работи, а според Диодор Сиц (I, 69, 92, 96) се смета за пронаоѓач на азбуката; додека според Еврипит и Алкест (966-969) се користеле „тракиски таблици” на кои биле испишани зборови од Орфеј. Извесно време престојувал и во Египет. Но, загубата на својата Евридика никако не ја преболел. Долго ја оплакувал, а заедно со него плачела и целата природа. Најпосле, Орфеј решил да појде во темното царство на душите на умрените и да го замоли господарот на Подземјето Хад и неговата жена Персефона да му ја вратат спругата. По долината на Вардар и Морава, или по Дунав, заедно со Аргонаутите Орфеј стасал до Стишкото поле во Хипербореја и на бреговите на Стига (денешна Млава) долго го чекал водачот на чамецот Харон, возач на душите на умрените во Хад. Херон застанал крај брегот и Орфеј го замолил заедно со умрените души да го пренесе, но тој одбил.

Тогаш Орфеј запеал и засвирил на својата златна лира. Воодушевен од боженствената музика, Херон го повел Орфеј по водите на Стига во Хомолоските пештери каде се наоѓал престолот на богот Хад. Во подземјето се разлеале свирката и песната на Орфеј за неговата љубов кон Евридика, за неговата тага, за маките заради прекинатата љубов и копнежот по саканата сопруга, а целото царство на Хад било восхитено. Песната го смирила Кербер, тркалото на Иксион (запалено тркало со распнатиот крал, кого Зевс го казнил зашто ја посакал љубовта на Хера) престанало да се врти, Тантал заборавил на гладот и жедта, додека Сизиф ја прекинал својата тешка и јалова работа и седнал на огромната карпа која ја тркалал. Ни владетелите на Подземјето не останале рамнодушни кон овој ненадминат пејач. Восхитениот бог Хад го запрашал Орфеј зошто дошол во неговото царство. што очекува од него и се заколнал со цврста божја заклетва, со Персефона и водите на реката Стига дека ќе ја исполни молбата на славниот пејач.

Орфеј го замолил да ја врати во животот неговата Евридика, да ги почитува радостите на животот зашто умрела многу млада и се симнала во неговото царство. Хад и Персефона ја вратиле Евридика, но му забраниле да ја по-гледне додека со неа не излезат на светлоста на денот и за време на патувањето по подземниот свет ниту еднаш да не се заврти, зашто ќе ги следи богот Хермес. Меѓутоа, мачен од копнежот и стремежот, Орфеј го забавувал чекорот и наслушнувал. Ништо не се слушало, го обзел немир заради Евридика и се завртел. Во истиот миг по вторпат ја изгубил саканата сопруга и тоа засекогаш. Вратата на Хад се затворила. Орфеј се скаменил, обземен од очај го снемало животот во него. Седум дена несреќниот пејач не јадел, седум месеци плачел без прекин жалејќи се на боговите, на темното царство и својата судбина.

Кога се вратил од царството на Хад без Евридика, Орфеј го презрел Дионис и сите богови, ја одбивал љубовта на жените и го понижувал женскиот род, заради што Зевс го убил со молња, или го убиле тракиските жени. Целата природа го оплакувала Орфеј. Душата на поетот се симнала во царството Хад и таму ја сретнал сенката на Евридика, со љубов ја прегрнал и оттогаш тие не се разделувале. Овој мит за Орфеј најверојатно настанал во раниот VI век п.н.е. во врска со доктрината на една орфејска секта. Следбениците на оваа секта верувале во божјата природа на човечката душа и првобитниот грев. Ги употребувале орфејските мистерии, биле вегетаријанци и носеле бели одела. Сочувани се околу 87 орфејски химни. Сцени од митот за Орфеј често биле претставувани на вазните и амфорите од античкиот и подоцнешниот период, како и на голем број мозаици, дури и на христијанската иконографија, каде Орфеј бил сфатен како персонификација на Христос (Среовиќ и срд. 1992, 312).

Аполодор Рх. во „Аргонаутика” (I, 23 и понатаму) опишува дека по совет на мудриот кентаур Хирон, кој живеел во пештера на тесалиската планина Пелион, Јасон го повикал Орфеј да им се придружи на Аргонаутите. Со својата песна и музика Орфеј им давал такт на веслачите и ги развеселувал јунаците на сите свечености во текот на нивниот долг пат. Со помош на Орфеј, Аргонаутите пребродиле многу тешкотии, им побегнале на сирените, е со својата песна и свирка ги смирувал страшните бури, па дури и змејот кој го чувал златното руно. Од наведените митолошки истражувања може да се заклучи дека македонскиот крал Орфеј бил современик и учесник во експедицијата на Аргонаутите, која според хронологијата на Ератостен се одиграла во 1225 година п.н.е., а Орфеј истотака бил и современик на легендарниот Херакле.

Понатаму Орфеј бил правнук на Македон, од Зевсовата македонска династија, т.е. бил домородец. Ако се прифати мислењето на Херодот (I, 7, 33) дека „… границата на човечкиот живот е 70 години и дека власта од таткото на синот, временски трае околу 23 години…”, произлегува дека Македон владеел околу деведесет години порано, т.е. околу 1315 години п.н.е. и бил современик на кралот на Теба, Кадма. Потоа, дека Орфеј владеел пред микенскиот крал Агамемнон (околу 1200 години п.н.е.), додека Македон пред атинскиот крал Тезеј, најголемиот атински херој (околу 1235 години п.н.е. според Плутарх). Сенц (1910, 675) го лоцира кралот Орфеј во 1250 години п.н.е.

Пишуваат:

antonie-donco

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски -
Катин

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.