Среда, 14 Октомври 2015   
МПЦ „Свети Димитрија - Солунски“ - македонски центар во Маркам (3 дел)

slave-nikolovski-katin-2
Пишува СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

ОД ЦРКОВНОТО ЖИВЕЕЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА

Градот Маркам се наоѓа во северниот дел на метрополата, Торонто, на растојание од дваесетина километри од Скарборо, преку автопат број 7. Денес, меѓутоа, тие простори се споени и патникот неможе да ја одреди граница меѓу населените места. Таму има нови населби со убави куќи и градби на различни бизниси и фабрики кои ги поврзуваат предградијата  Јуниовил, Ричмонд, Томвил, Њумаркет и други места со Торонто. Само сообраќајните знаци ги покажуваат границите помеѓу овие населби кои сега станале една целина.

Инаку, во Маркам живеат повеќе од 150.000 жители, од кои околу петнаесет илјади се од македонско потекло и кои претежно дошле од Битолско, Леринско, Преспанско, Солунско, Костурско, Охридско, од Мала Преспа и од други места на етничка Македонија.

Градот е еден од постарите предградија на Торонто со интересни  архитектонски карактеристики. Тоа се гледа во архитектурата и изгледот на старите градби со типично британски стил, кој денес се измешал со новите современи стилови од сите делови на светот. Централниот дел на Маркам е со посебни карактеристики, каде живеат многу Канаѓани од различни  земји и со различни религии.

Македонците се меѓу поновите мигранти во Маркам, кои за среќа го избрале ова убаво место за живеење и работа. Тие особено започнаа да се населуваат по 1985 година, кога и започна организиран заеднички живот на духовно-национална основа. Македонската православна црква "Свети Димитрија Солунски" во Маркам е собиралиште на Македонците од сите делови на Македонија на духовно, национално и културно поле.

Според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, оваа значајна црковна институција, од почетокот до денес, меѓу другото,  има за цел силно да ја јакне љубовта, верата и надежта меѓу македонските иселеници на тие простори.

Во аналите на Македонската православна црква "Св. Димитрија Солунски“ од Маркам е запишано дека активностите за формирање на овој духовно-национален дом датираат од 23 јануари 1988 година, на денот познат како “Водици ". Имено, на тој голем верски празник група Македонци ја организираа првата зедничка вечер во преполната сала "Ла Роса", каде што гостите ги забавуваше македонскиот оркестар "Бисер". Од тој ден, активностите на Македонците од Маркам и околината продолжија да растат и да се збогатуваат од ден на ден. Тоа беше почетокот за организирање средби, дружења и разговори, а беа направени планови за идните национални и црковни активности.

sv-dimitrija-solunski
Црвата „Свети Димитрија Солунски“ во Маркам

Меѓу другите активности, во 1989 година, Македонците од Маркам организираа дочек на Новата година во хотелот "Шератон", каде гостите ги забавуваа естрадни уметници од Македонија. Притоа беа собрани поголем број средства за изградба на македонска црква. Истата вечер беше формирано „Здружението на Македонците од Маркам“, чиј активности продолжија и на 5 март 1989 година, во просториите на црквата "Свети Климент Охридски" во Торонто. Тогаш беше избрана комисија составена од истакнати членови кои вложија средства и време за афирмација и привлекување на поголем број членови на оваа нова асоцијација. Тогаш Македонците во Маркам одлучија Здружението да се развие во црковната управа и заедница за сите Македонци, без разлика од кој дел на Македонија дошле во Канада.

Како резултат на нивните национални и културни активности, членовите на здружението  "Македонците од Маркам" ја формираа фолклорната група "Билјана", потоа отворија училиште за македонски јазик, национална историја, географија и веронаука, како и фудбалски тим. Ова доведе до зголемување на културните, образовните и спортските активности. Затоа се доби голема поддршка од македонската православна црква "Св. Климент Охридски" и организацијата "Обединети Македонци“. Така и започнаа да се организираат заеднички вечери, банкети и други манифестации  на кои се собираа средства за новата македонска црква.

Како резултат на бројните активности во тој период, во февруари 1992 година, Управата одлучи да купи објектот кој претходно беше градинка, лоцирана во близината на централниот дел на градот. По исплатата на средствата, градинката беше преобразена во црква. Со тоа се овозможија услови за организирање на промоции на различни видови манифестации на кои што беа собрани средства за изградба на новата црква "Св. Димитрија Солунски".   

Беа организирани прослави на верски празници, како што се "Митровден, "Нова Година", Василица" и други. Со тоа се привлече голем број Македонци кои живеат во околните населби на Маркам и Скарборо да станат членови на црквата. Тогаш се одлучи на местото на старата згарда да се изгради нова црква во стилот на македонската црковна архитектура. Плановите за новата зграда беа во завршна фаза кога Митрополитот Кирил  ја посети оваа  нова црковна заедница. Исто така, и  архимадритот Никодим Царкњас ја посети и беше гостин на македондка црковна општина во Маркам.

Се чини дека еден од најзначајните датуми за црквата "Свети Димитрија Солунски“ е 15 мај 1994 година, кога поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот г.г. Михаил, заедно со голем број свештеници, а во присуство на градоначалникот на Маркам и неколку стотици Македонци од Маркам и околината  го постави и го благослови камен-темелникот. Потоа на 7-ми август 1094 година беше одржана првата богослужба во новата црква. Овој црковен чин подоцна прерасна во акција на собирање донации за доградба на новата црква.

Интересно е да се спомене дека при осветувањето беше откриена вода во делот на црквата "Св. Димитрија Солунски". Многумина велат дека им се прикажала водата пред да започне изградбата на црквата. Кога Митрополитот Кирил, пак, видел вода за време на неговата посета на Маркам, тој направил освет, велејќи дека таа е света вода која може да се пие и да се користат за здравје. Светата вода тече постојано и се користи од страна на голем број верници. Ова е прва света вода некогаш откриена во македонска православна црква на северноамериканскиот континент.

Црквата  "Св. Димитрија Солунски" е изградена за помалку од една година. Голем број Канаѓани од македонско потекло помогнаа со средства или со вложен труд. Кај сите нив беше голема радоста што црквата е посветена на свети Димитрија Солунски. Уште поголема беше радоста  по две години кога на 12 мај, 1996 година, ариепископот на МПЦ г.г. Михаил ја освети црквата во присуство на голем број македонски свештеници од Канада и САД, илјада верници, гости и пријатели на Македонците, како и гости од Македонија на чело со авторот на овие редови во својство на потпретседател на Комисијата за односи со верските заедници на Република Македонија. Ова беше голема победа, успех и радост, бидејќи тој ден,  всушност, го означи почетокот на новото црковно-националното живеење на Македонците во Маркам.  

mitropolit-kiril

Македонската православна црква "Свети Димитрија Солунски" во Маркам е изградена  од тврд материјал. Овој објект има сала и други простории кои служат за крштевање, свадби и други потреби, а храмот е украсен со нов фрескоживопис и иконографија, дело на академскиот сликар Ѓорѓи даневски, што претставува убав македонски пример на тие канадски простори.

Во состав на црквата се активни: Женската секција, која е формирана уште во 1991 година,  Играорната групата "Билјана", Фудбалскиот тим, неделното училиште, црковниот хор, литературната секција, клубот на пензионерите и други секции, кои заедно со управата,  свештениците и другите членови на црквата се значаен дел на секојдневниот живот и редовните црковни активности на Македонците во Маркам.

Продолжува

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.