Среда, 28 Октомври 2015   
Топографска локализација на праисториска и античка Македонија (7)

topo

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА                          

Од митологијата може да се заклучи дека праисториска Македонија постоела како посебна човечка заедница и таа претставувала дел од егејскиот свет и од големото палеобалканско неолитско семејство. Во географска смисла таа се наоѓала како „сендвич” меѓу Пелазгија на југ и Бригија и Пелагонија на север. Таа го опфаќала просторот на планинските масиви на Олимп, на исток, преку Пиерија и Пинд на запад, Каракамен и Вич северно, со рбетот на сливот на реката Бистрица (Халиакмон).

Многубројните автохтони неолитски племиња им биле соседи на Македонците. Најблиски сродници им биле Магнетите во тесалиската Магнезија, југоисточно од Олимп. Позападно биле Еолците (Минијците, Лапитите, Тироите и Флегијците), потоа Хистиеотидите и Теспротите. На запад биле Енхелејците, а на север Бригите и Пелагонците, додека на исток Пеонците, Тракијците и Мигдонците.

Реката Бистрица или Халиакмон е брза и силна планинска река. Нејзиното име е македонско, од групата на палеобалканската глосологија, каде зборот халис значи многу, додека вториот дел акмајо значи силен, односно акме е остар агол, т.е. многу силна река со големи свиоци. Нејзиниот правец е од северозапад кон југоисток, а должината околу 230км. Извира од планинскиот масив на Костурската околија (Орестида), минува преку областите Елимеја, Пиерија и Ботиаја, а се влева во Термајскиот Залив на Егејското Море.

На основа на географските односи, нејзиното течение може да се подели на горен, среден и долен дел. Горниот тек и припаѓа на висорамнината Орестис или Корешта (етим. планина, гора) со просечна надморска височина од 650-700м, опкружена со високи планински венци. Четирите притоки од разни правци се спојуваат во с. Четирок и го продолжуваат текот југоисточно, каде ги примаат водите на Костурското Езеро (Келетрон), а каде се наоѓа едно од најстарите наоѓалишта на соеничката архитектура, кај селото Дупјак од 5 260 години п.н.е. Во непосредна близина на ова село е и неолитскиот град Рупишта или Аргос Орестикон, лулка на македонската династија на Филип и Александар Македонски.

Средниот тек на Бистрица минува низ голема клисура меѓу високите планини Пинд, Хасија, Пиерија, Аскио, Вермио и Олимп. Должината на клисурата е околу 130 км и во нејзината средина реката Бистрица прави еден многу остар свиок од околу 45 степени во вид на кривина од северозапад према североисток, што најверојатно им дало повод на жителите оваа област да добие име Елимеја (Од зборот: елик, еликс, елигмос: свиок, кривина).

Завршниот тек на реката ја напушта клисурата во висина на градот Бер, меѓу планината Каракамен и Пиерија и низ централната рамница Солунско Поле во Ботиаја (босис, боско: ливада, да се храни, како и ботер: овчар и ботон: добиток кој пасе), прави мал лак и се влева во Термајскиот Залив. Во неолитот, Термајскиот Залив навлегувал длабоко во Ботиаја, па така градот Пела бил приморски град. Денес постои езерото Лудија со истоимена река. Македонскиот збор термос значи врел. Наведените простори на Халиакмон (Бистрица), со своите стрмнини, котлини, висорамнини и приморски рамници, биле лулка на праисторијата на Македониците, кои од првите историчари во класичниот период биле означени како Горна Македонија.Така на пример, Тукидид (463-403) разликувал „Горна и Долна или Приморска” Македонија.

За развојот на Македонската држава, парафразирајќи го Херодот (VIII, 137), Костопоулос (1992, 18) наведува дека древните Македонци од Орестида (Костур) во текот на времето се споиле со соседните самостојни Македонци кои живееле во Еордаја, Елимеја (Кожени и Гревени) во северна Тимфаја (Хасиа), во Линкестида (Лерин) и во Пелагонија, т.е. во Горна Македонија,  што било име за Западна Македонија и сите заедно значително ги прошириле своите граници на исток.

Бидејќи во подножјето на Пиерските Гори ја создале својата престолнина Аига, продолжиле со понатамошното ширење на својата држава во централната македонска рамница, околу долните теченија на Халиакмон, Лудија и Аксија во т.н. Приморска Македонија. Подоцна предците на Александар I (495-452) уште по-веќе ја прошириле Македонија на исток со спојување на своите сонародници, така што создале силна држава од Олимп и Егејското Море, до Шар Планина, Осоговските и Рилските Планини.

Но многу пред него, околу 2 500 година, п.н.е. историчарот Тукидид (II, 99) уште поубаво ја опишал територијалната распространетост на Македонија: „Меѓу Македонците се бројат Линкестите и Елемејците и други племиња од горната страна, кои се нивни сојузници и подложници, но имаат свои кралства. Сегашната Македонија покрај море ја стекнал најпрво Александар, таткото Пердика и неговите предци Темениди, кои потекнуваат од старо време од Арго (во Орестида) и се крунисале протерувајќи ги Пиерите после жестоката битката кај Пиерија (1 200 година п.н.е.), кои подоцна се населиле под Пангеон, преку Стримон Фаргет и други места… а од з. Ботиаја Ботијанците, кои сега живеет во соседство на Халкиѓаните.

Од Пеонија стекнале тесно парче земја по течението на реката Аксиј, кое се простирало од внатрешноста до Пела и морето, а преку Аксиј сè до Стримон, владеат со т.н. Мигдонија, протерувајќи ги Едонците. А прогонувајќи ги од т.н. Еордаја Еордајците, од кои многу загинале, а еден мал дел од нив се населил околу Фиска и од Алмопија Алмопијаните. Тие Македонци ги совладуваат и останатите племиња, кои уште и сега ги држат под власт и од Антемунт и Крестонија во Бисалтија и голем дел од земјата на самите Македонци. Сè заедно се нарекува Македонија, а Пердика Александров бил нивни крал, кога Ситалко почнал да ги напаѓа”.

Така, во новите општествено-политички услови, наместо Халиакмон (Бистрица), столб на Македонската држава станала реката Вардар. Оваа силна река со право го носи древното македонско име Аксиј.  Етимолошки потекнува од основата аксо, аксомај : да води и аксиос: одличен, достоен, вреден. Кај Хомер „ реката Аксиј е широка река, која земјата ја оплодува со најубава вода”, а во врска со учеството на македонските Пеонци на страната на Троја во војната, кои ги предводел Пирехмо.

Војводата Пирехмо, со храбрите криволаките Пеонци, на коли јуришал на грчките лаѓи, кога Патрокло го погубил и бил погребан во Троада. Оваа вредна, најголема река во Македонија, е долга 388км, површина на сливот е 22 387км², извира кај селото Вруток, во подножјето на Шар Планина и се влева со широк облик во Солунскиот Залив и располага со голема хидроенергија.

Нејзините долини и долините на нејзините притоки се одликувале со голема плодност и претставувале главен земјоделски реон, посебно во Долна Македонија која била јадро на античката Македонска држава. Со време, околу тоа јадро се собрале сите соседни македонски племиња, создале единствена моќна држава, која тргнала во освојување на дотогаш познатиот свет.

Области во Македонија

Во праисторискиот и историскиот период во Македонија се издиференцирале следните геополитички области (Тукидид, II, 99 и Папазоглу, 1957):

Горна Македонија

Орестида, Елимеја, Линкестида, Пелагонија, Деуриоп,  Дасарет, Атинтанија,

Тимфаја, Параваја,Еордаја.

Долна Македонија

Аматија (Ематија), Пиерија, Ботиаја, Алмопија, Амфиакситида, Мигдοнија.

Источна Македонија

Крестонија, Едонија, Бисалтија, Пиерија, Парорбелија, Халкидики, Синтика, Пеонија, Одомантика

 

Пишуваат:

antonie-donco

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски -
Катин

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.