Среда, 04 Ноември 2015   
Слогата и единството на македонците нарушени пред првиот Илинден и трае до денес (2 дел)

janko-tomov

Пишува: ЈанкоТОМОВ

Психолошки гледано, за слогата и единството на македонците во Република Македонија, а и во етничките делови, како и во целата диаспора, се добива одговорот кој предупредува за национална и суверена катастрофа.

Да се вратиме на македонското самопочитување и на единството, кое е пречка за нашата опстанок, битност и иднина. Сето тоа доаѓа од времето пред Илинденското востание, кога се ослободени околните кнежества на Македонскиот полуостров, познат како Балкански полуостров, од Отоманското-Турско владеење, како Бугарија и Србија, со помош на Русија, за време на Руско-турските војни. И на крај, во 1820-сте години Пелопонес- Атика, односно јужниот дел на Балканскиот полуостров, со поранешните градовите држави, како  Атина, Спарта и други, од страна на Британците и Германците, нарекувајки ја Грција. Додека границите на Античка Македонија на Филип Втори Македонски, во времето под Отоманско владеење останаа во состав на таа империја. За жал македонците не беа помогнати од големите сили, а посебно од Царска Русија, која сета помош ја даваше на Бугарија и Србија, што денес кога Бугарија и го сврте грбот на Руската Федерација и се сврте кон западот со ЕУ  и НАТО, кои се против славјанството,а Русите се освестија дека го подржале погрешниот!

Покасно поради љубомората и дрчноста на околните Македонски соседи, кои имаа желби да грабнат и да освојат за себе делови од Македонија и македонскиот народ, тоа го остварија за време на Балканските војни во 1913 година. До тогаш Македонскиот народ, иако под 5-вековно Отоманско-Турско ропство, живееше побезбедно и послободно, користејки го својот Македонски говорен јазик, со своите 20-тина диалекти и поедини акценти, како и оригиналното Македонско Кирилично или Црковно  писмо .

Поимучните Македонци, деца на чорбаџии, градежни мајстори, занаетчии и од сл. професии, претежно од градовите и побогатите села од Македонија, добија  право од Отоманските владетели од Цариград, да се школуваат во училишта на Бугарската Егзархија и Грчката Патријархија, после Руско-Турската војна.  а исто така и да  се школуваат во Царска Русија, Бугарија и Србија. Владите на тие држави ги помагаа македонците желни за наука, со стипендии, со цел да ги придобијат  за свои национални и политички цели. Така се створи и извесна национална поделеност мегу Македонската интелигенција, која имала и извесно влијание врз полуписмениот и неписмен Македонски народ. Значи отпочнала национална односно денационална поделба меѓу Македонците, вршена под влијанија од околните православни кнежества-држави.

Со изучување на македонците, во оближните држави на Македонија, многу од нив добиваат и служби во нивните влади и институции, сменувајки ги нивните имиња и презаимиња и со тоа и исвесно запоставување на македонската национална свест. Но тоа антимакедонско влијание се губело, нарочно кога истите Македонски интелектуалци, ги посетувале или останувале во  своите родни краишта, а и кога имале прилика да во тие земји надвор од Македонија да се здружуваат со своите сограѓани. Значи националниот Македонски дух, меѓу народот во Македонија, бил посилен од наметнатата “национална наука” или лукавото “национално перење на мозокот” на интелектуалците, кои како војници и војни старешини, учители, инжинери и службеници и со сл. работни места, по општините, агрикултурите-стопанствата и сл., се враќале во своите места. Со еден збор сите ученици и студенти во тугина, кои  биле во контакт при студиите или се вракале во своите родни места, лесно го прифаќале својот роден Македонски дух и традиционален карактер, кој преовладувал и ги усмерувал сите нив да ги одржат и усовршат своите говорни Македонски диалекти и културните национални и традиционални навики, а да не ги користат освоените од туѓина.

Овде дакажам за Врховниот Македонски Комитет, основан паралелно со ВМОРО, од владата на Бугарскиот Царски двор.

Сите Македонски дејци и револуционери, пред Илинденското востание, кои биле на школување, на работа или избегани од турските тротури во Македонија, добивале служби од поедини институции во Бугарија, од бугарската влада, се разбира со цел да ги придобие за својата Бугарска кауза. Така скоро сите Македонци, во тоа време, кои студирале или работеле интелентуални работи, како учители, службеници, војни старешини и на слични работни места, а биле оснивачи или членови на Покраинските комитети на  ВМОРО во Отоманска Македонија, како и Задграничниот комитет на ВМОРО во Софија или на Врховниот Македонски Комитет (ВМК), знаеле да бидат претпазливи. Во најмала доза на произнесување, ако јавно се против владата и институциите на Царска Бугарија, ќе им било ускратено готопримството во Бугарија, ке им биле одземени работните интелектуални места, што туку ги добиле и на крајот ке биле затварани и протерувани од Бугарија. Тоа слично го правела и Српската влада, према интелектуалните Македонци, кои студирале на факултетите и кои работеле по институциите на власта во Србија. Така има случаеви, поедини Македонски интелектуалци, да барале работа во Србија со: Досега бев учител во Бугарија, а сега сакам да бидам учител во Србија.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.