Среда, 16 Декември 2015   
Слика за фолклорната група „Селјани“ од Торонто (12)

slave-nikolovski-katin-2
Пишува СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

ОД АКТИВНОСТИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ НАДВОР ОД ЦРКОВНИТЕ ОПШТИНИ

Според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, фолклорната група „Селјани“ е формирана при крајот на 1969 година, со цел да учествува и да презентира дел од македонските изворни ора, песни и обичаи на Првиот интернационален караван на нациите, што се одржа истата година во То­ронто, а на кој се претставија македонските иселеници коишто живеат и работат на тие простори. Фолклорната група „Сел­јани“ постигна забележителен успех на Караванот, што беше добра основа и поттик за натамошна макотрпна ра­бота на сите членови и резултатите што ги имаат.

Првиот учител, кореограф и инструктор на младите фолклорни ентузијасти од групата „Селјани“   беше Олга Сандоловиќ, родена Велов, специјалист за бал­кан­ски игри и многу познат учител за фолклор во Се­вер­на Америка, а големи заслуги имаше и д-р Тим Рајс, про­фесор на Музичкиот факултет на Универзитетот во То­ронто, кој им ја пренесе вештината за инструментите гајда, кавал, тамбура и тапан.

Од 1975 година директор и кореограф на Фолклорната група „Селјани“ стана Џим (Митре) Николов, кој заедно со својот животен сопатник сопругата Дина беа матицата и душата на оваа многу значајна фолклорна група. Џим е познат во македонската колонија во Торонто не само со својот ведар дух и интелектуални способности, туку е и одличен познавач и вљубеник во македонскиот из­вор­ен фолклор; одличен играорец, свири на кавал, ги пее старите изворни македонски песни и живее со народното богатство од Македонија, особено од егејскиот дел на Македонија.

Џим Николов е економист по професија, со високо образование, честит Канаѓанец од македонско по­тек­ло,  роден во Торонто. Татко му е од селото Трсје, Леринско, а мај­­ка му од градот Лерин. Неговите родители со себе го понеле ма­ке­дон­ското изворно фолклорно богатство и му го пре­неле на Џим, кој се гордее со своето македонско по­тек­ло. Џим Николов е добитник на значајни награди, приз­нанија и пофалници за постигнатите резултати во фолк­лори­сти­ката. Но, големи заслуги за тоа има неговата со­пруга Дина која, исто така, е родена во Торонто, а по по­текло е од Беломорска Македонија; која е гимназиски професор, а во групата игра и свири на тамбура и често беше домаќинка на заедничките другарувања.

zensko-oro
Женско македонско оро

Членовите на македонската Фолклорна група „Сел­­јани“, главно, беа интелектуалци од македонско по­текло од егејскиот дел на Македонија, но родени во Ка­нада, кои со голема љубов и ентузијазам го негуваат маке­дон­скиот изворен фолклор. Меѓутоа, меѓу нив имаше и членови од други народи, како Англичани, Кинези, Мексиканци и други. Треба да се каже дека сите од гру­пата истовремено беа и играорци и дел од музичката секција, сви­реј­ќи на из­вор­ни инструменти.

Поголемиот број од песните и ората што беа на нивниот ре­пер­тоар се    сни­мени на албум под наслов „Селска му­зика од Ма­ке­донија“, што е единствен проект од ваков вид реализиран во То­ронто, а и пошироко. Содр­жи 14 изворни македонски песни. На првата страна од плочата по­местени се следните пе­сни „Ајде ред се редат“,Не си го продавај Кољо“, „У вој двор“, оваа песна ја има запишано по­зна­тата интерпретаторка  Мери Мајнас по потекло од селото            Не­во­лјани, Леринско, која беше учесник и на фолк-фестивалот „Валандово“ 1989 и 2007 година. Песната се однесува за де­нот „Лазарова сабота“ кога млади девојки носат венчиња од пролетни пол­ски цвеќиња и одат од куќа до куќа          по­сакувајќи здравје, среќа, долг живот и бериќет. Овој обичај во леринскиот крај се пренесувал уште од вре­ме­то пред христијанството, во античкиот период.

Песната „Прстен ми падна“ е на­сло­вот на популар­но аранжираната стара фолклорна пе­сна од Битолско-прилепскиот крај. Во песната се зборува за свршеницата која е несреќна, бидејќи не мо­же да ја вети својата љубов на младиот овчар кој  го нашол нејзиниот пр­стен; „Мори, ој невесто“ - и оваа песна ја има за­пишано Мери Мајнас, а е наградена на Интер­на­­цио­нал­­ниот музички фестивал во Ланголен, во Велс. Во оваа песна се ­збо­рува за ноќта пред свадбата кога се­меј­ството и гостите ѝ пеат на ­не­­вестата колку убаво изгледа во невестинската облека. Оваа песна се пе­­ела и се пее во леринскиот крај; песната „Криво женско оро“, потекну­­ва од воденско-костурскиот регион, а изведена е со хармоника, кларинет и тапан.

На втората страна од лонг–плеј плочата  се по­ме­сте­ни: „Пушченото оро“ (Пуштеното оро), популарна игра од Јужна Македонија, исто така, поз­­ната како буфско или арменско оро. И ова оро потекнува од ле­рин­ски­от ре­гион, изведено со кларинет и тапан;  „Три години Ка­те“„Из­лези да се рашетам“ е песна од костурскиот крај и зборува за мла­дата девојка која е импресионирана од убавото момче што го видела во селото Дреново, Костурско. Девојката ја моли својата мајка да и’ најде строј­ник за да се омажи за момчето; „Ѓурѓовден“ која е песна  од леринскиот регион; „На Тумба Турци“ , исто така, е запис од Мери Мајнас на­градена на Меѓуна­ро­ден музички фес­тивал во Ланголен, во Велс. Сторијата е во врска со та­гата што се по­јавува кај ветените бракови. Така, една убава де­вој­ка е ветена со не многу атрактивен, но богат човек од едно далечно се­ло.

Пес­ната е од ле­ринскиот крај; песната „Ој Јоване“  ја за­пишале Драги и Милка Ѓеорѓиевиќ по потекло од селото Болно, Ре­сен­ско. Ова е уште една ри­туална фолк-бисерна  песна што се пее на Лазарова сабота во преспанскиот регион; „Што ми е мило“ е на­сло­вот на многу по­пу­лар­­ната народна песна во која младиот човек ис­ка­жува кол­ку многу би сакал да има дуќанче во Струга, сè со цел да ги гле­да девојките кои по­минуваат покрај ду­ќа­нот; „Овчеполска потрчулка“ ­е по­с­ледна на лонг–плеј плочата „Селска музика од Македонија“.  И оваа игра е наградена на фестива­лот во Велс.

Македонската Фолклорна група „Селјани“  на англиски јазик ја има издадено книшката „Македонија - збир на текстови за историјата и културата на Македонија“, со следните наслови: Етнокултурален профил на Онтарио, Кратка историја на античкиот период, Формирањето на слав­јан­ската алфа-бета, Историја на македонската поезија, Ма­кедонски народни прикаски, Македонски собир, Ве­лиг­ден во Македонија, Божик во Маке­до­нија, Ма­ке­дон­скиот народен вез, Македонските фол­клорни ин­стру­менти, песната „Т'га за југ“ и други мате­ри­јали. Уред­ни­ците на оваа книшка се Дина и Џим Николови, а уред­ник е Мери Димитриу, кои се заблаго­да­руваат на Ми­нис­терството за култура и рекреација на Онтарио за по­мошта што им ја дало за изда­ва­њето на книшката.

Македонската Фолклорна група „Селјани“, исто така, има пре­пе­ча­тено книга за Македонија од 1903 го­дина, која е на француски јазик, со стандардна го­лемина, а покрај изворните ора и песни при­кажува и народни обичаи, носии, везови, инструменти и друго. Членовите на оваа гру­­па потврдуваат дека културата на народите претставува висок дос­трел на човештвото, а културните вредности на македон­ски­те до­се­ле­ници во демократска Канада одиграа пресудна уло­га за одржување на ма­кедонскиот идентитет и нацио­нал­ната креативност и виталност.

Членовите на оваа значајна фолклорна група со свои­те фолклорни вредности се прет­ставени на многу­број­ни етнички фестивали во Ка­нада, а гостувале во САД, Велика Британија и Република Македонија. Тие наста­пија и на фолк-фестивалот „Марипоса“, на Универ­зи­тетот во  То­рон­то, Универзитетот во Јорк, на фестивалот во Стратфорд, на фести­ва­лот за жената и уметноста, на Хар­борфронт и други. Фолклорната група „Селјани“ беше ед­на од де­сетте групи што ед­на не­де­ла ја претставувала провинцијата Онтарио на Општинските игри во Монтреал во 1976 година.

Тоа беа не­за­бо­­равни моменти за чле­но­вите на играорната група која остави силен впе­­чаток на милионскиот аудиториум, а по­стигна за­бележителен успех и на Меѓународниот музички фестивал во Ланголен, во Велс во 1977 година, на кој настапија фолклорни групи од разни земји. На овој меѓународен фестивал групата се претстави со тради­цио­нал­ни извор­ни фолк-нумери од Македонија и го зазеде второто место на на­родни песни, третото за на­родни инстру­мен­ти, а петтото место во народни игри меѓу силната конку­рен­ци­ја од четириесетина фолклорни ансамбли од светот.

esma-slave-katin
Монографијата “Есма“ Славе Катин е издание на „Македонска искра“ и на Хуманитарното здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски’, Скопје, 2015, 1-380, и монографијата „Томов“ е од истиот автор, а е издание на „Македонска искра“, Скопје, 2007, 1-320.

Во 1980 година групата гостуваше во Република Ма­ке­донија и, по­крај другото, настапила на фестивалот „Илинденски денови“ во Битола. Фолклорната група „Селјани“ била прогласена како голем зачувувач на традиционалниот стил на ма­ке­донските игри.

Фолклорната група „Селјани“ во последните го­ди­ни имаше настапи на поголем број фестивали, собири и друг вид манифестации во Канада и САД и постигна забе­ле­жителни резултати. Така, во мај 1991 година, по по­­­вод 125-годишнината на Канада, а во организација на Ка­надско-ма­ке­дон­ската федерација се одржа ма­нифестацијата „Оро ма­кедонско, наша Ка­нада“, на ко­ја Фолклорната група „Селјани“ се претстави со изворни песни и ора и остави силен впечаток.

Во ноември 1994 година, го славеше своето две и пол де­це­нис­ко постоење. Во таа чест, во познатиот комплекс „Хар­бор фронт центарот“ што е лоциран во при­ста­ниш­те­то на езерото Онтарио, беше ор­ганизиран „Македонскиот фестивал“. Како гости на Фолклорната група „Селјани“ нас­та­пија неколку фолклорни гру­пи, кои ги презентираа богатите ма­ке­донски ора, пес­ните, обичаите, носиите и фолклорните традиции.

Исто така, Фолклорната група „Селјани“ повеќе пати има настапено на „Карванот на на­циите“ што се одржува секоја година во Торонто и на кој се­која нација се претставува со своето богатство од фолклор, ку­ли­нар­ство, литература и култура во целина. Потоа, забележителен успех има по­стигнато на Меѓуна­род­­ниот фолклорен фестивал во Флорида, САД, како и другите бројни кон­­церти ширум северно-американскиот континент.

Главната цел на групата е да го развива тради­цио­­­налниот ма­ке­донски изворен фолклор и што е можно повеќе да го прет­стави на ори­гинален изворен начин. За таа цел, покрај ората и песните, тука се и народните инструменти, традициите, стилот на пеењето, из­вед­бата на песните, како и обичаите и народните носии.

Не­кол­ку членови од групата се и собирачи на носии и ин­струменти и други рачно изработени пред­мети од различни места на Македонија. Работата на фол­клорната група овозможува да се зачуваат маке­дон­­ските традиции, да ги презентираат из­ворните ора и песни преку жи­во­писните мариовски, сми­­левски и носии од егејскиот дел на Маке­до­нија, како и  ширење и раз­­вој на македонското фолклорно бо­гатство.

Продолжува

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.