Во Прилепа града, во Џогдере маало, во илјада деветсто петнаесетта година, Лефтерија Јосифовска, машко дете родила, нункото, името му го даде Кузман.
Имењак на охридскиот легендарец, капидан Кузман, порасна Кузман, здраво и бистро момче, на школо тргна, со повик на школското ѕвонче, таму си најде, клупско другарче Борче.
Со учењето, Кузман проблеми нема, секој сака, од него да гледа, во летниот распуст, на бавча тој оди, со дедо му таму, по цел ден седи.
Од дедо му, тој многу приказни слуша, за комити, војводи, аскери и паши, дедо викај ме Питу, тој не се плаши, црвено знаме крева, аскерот во паника бега.
На студија, Кузман духовно не мирува, разни студентски кружоци, тој одржува, пред властите, политички демонстрации води, македонска самостојна држава, да се роди.
На Илинден денот, во 1940-тото лето, на митингот во Тризла, Кузман говор држи, за значењето на илинденската слава, за македонските, национални и социјални права.
Џандарите, митингот во обрач го држат, говорникот за да го фатат, во заточение, него да го пратат, преоблечен Кузман, во ромски руби.
Незабележан од никој, обрачот го проби, во илегалство оди, од таму борба води, за обесправениот народ, за неговите права, за македонска држава, национално рамноправна.
Аспарух братот, и сестра му Маре, двајцата тие, во партизани отидоа, со братот Кузман, таму се видоа, со оружје в раце, во борба влегоа.
За македонска држава, борба водеја, загина Маре, партизанка многу млада, вечна í слава, Бог нека ја прости, улица во Прилеп, нејзино име носи.
Со Рацин и Венко, разговор Кузман прави, Македонска азбука, да се направи, штотуку Рацин, на машина почна да ја чука, македонските изроди, во него пукаа.
Рацин смртно погоден, падна тука, го погребаа него, под густата бука, заврши неговиот македонски борбен дух, убијците изјавија, дека имал слаб слух.
На преспанското советување, во 1943-тото лето, наредба дава, генералот Светозар Вукмановиќ - Темпо, македонските борци, да не навлегуваат во туѓа територија, поради нив, немаме иста историја.
Му возврати Кузман, вашата татковина е цела, нашата Македонија, е разделена на четири дела, имаме права, заеднички да се бориме, непријателите од Македонија, да ги истераме.
Бригадата, Ченто во Егејот ја прати, од острата зима, за да се спаси, и од честите напади, од албанските балисти, поддржани тие, од германските фашисти.
Темпо на Тито, писмо му прати, против работата на Кузман и Ченто, одговор Темпо, од Тито доби, некој од нив, мора да си оди.
Во Скопје града, во населбата Козле, за кузмановата скривница, ОЗНА дозна, покана итна, дома тој доби, на состанок, одма за да оди.
Состанокот, итно ќе се држи, во близина на железничката пруга, штотуку сите, се собраа тука, еден од озновците, гласно викна.
Блокирани сме, да бегаме секој, за да не настрадаме некој, забега и Кузман, тие пукаа во него, убиен тој падна тука на снегот.
Убијците се разбегаа низ градот, за да ги сокријат гревот и срамот, пријателите од жал, носеа црн шал, некои од жал, добија срцев бол.
Животот свој, Кузман го даде, македонска слободна др жава, не виде, убијците, му се познати луѓе, работеле тие, за интереси туѓи.
Македонијо земјо, ти балканско чедо, во тебе се родија, баба и дедо, си раѓала, раѓаш, и ќе раѓаш, јунаци смели, и јудејци гнили.
Томе Велјановски - Марулецо, Гетеборг, Шведска. |