Среда, 17 Февруари 2016   
Во „Непознатата земја“ Австралија (1)

svetot-na-dlanka

ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“

За патувањето за Австралија (Tera Australis incognita – Непознатата земја од Југот) како водич ни  послужија големиот број литературни дела од бројни британски патеписци, кои детално и точно ги пренесуваат податоците за таа интересна и богата земја на Абориџините во која прво дошле Холанѓаните, а потоа Британците кои ја населиле.

Инаку, според пишаните документи најмалиот, петтиот континент - Австралија за­фа­ќа површина од 7.704.159 километри квадратни, и има повеќе од триесетина милиони жители, од кои околу 300.000 се по потекло од сите делови на етничка Македонија и кои започнале да се доселуваат пред стотина години. Се нао­ѓа зад екваторот, на јужниот дел на Земјината по­лу­­топ­ка, меѓу Индискиот и Тихиот Океан, југоисточно од Азија. Таа како континент го зафаќа копното на Ав­стралија и островот Тасманија, а по пространство е колку Европа без скандинавскиот дел. Поголемиот дел е пустински, со пространи зелени појаси крај бреговите, со услови за живеење од тропска до умерена клима. Тој е чудниот континент којшто пленува со својата природна убавина, богатство и контрасти.

Во стариот и средниот век се претпос­та­ву­вало дека во јужните мориња постои копно кое сред­но­ве­ковните географи на латински го нарекле Terra Australis Incognita, што значи „Непозната јужна земја“, од каде го добила името Австралија. Не­сом­не­но е дека Индонезијците во Австралија дошле пред Европејците, а до нејзините северни брегови прво  стасале Португалците и Шпанците (Де Торез око­лу 1588 година).

Педантните хроничари и аналитичари забележале дека во Тихиот Океан се наоѓа половината од сите води на Зем­јата. Во него е речиси половината од Земјиниот  ек­ватор. Кога на едниот негов брег е ден, на спро­тив­ниот е  ноќ. Ветровите со месеци дуваат во иста на­сока без пречки. Големите долги бранови се тркалаат без застој, а од водите на океанот се из­дигаат илјадници острови, обраснати со густа троп­ска шума, поради што личат на расцветани градини што се наоѓаат на пловечки платформи.

svetot-na-dlanka-2

Патувањето од Македонија за Австралија го започнавме во едни декемвриски зимски денови. Беше среда, ден Гос­подов. На аеродромот во Цирих вриеше како во кош­ница. Пред полноќ, кога ги завршивме царинските и другите процедури се најдовме во меѓународната зона на аеродромската зграда.  А, таму многу патници кои брзаа кон своите дестинации. Меѓу нив имаше десетина патници од Ма­кедо­нија. Ние со нетрпение ја чекавме најавата за зами­ну­вање на авионот за Дубаи, кој потоа продолжуваше за Сингапур, а од таму за Сиднеј, Австралија – на петтиот континент.

Симпатичните сјујардеси во авионот не угостија со пиење и јадење и  со муабет, а пред сѐ поради спротивната насока од движењето на Земјата, не почувствувавме кога летна ноќта. Бргу се раздени и започна еден нов ден на Истокот. По околу пет часа летање, авионот ги надлета Обединетите Арапски Емирати. Во Заливот можеа да се видат многу бродови, а на копното во не­по­сред­на близина на брегот на видикот се појавија го­лем број рафинерии, нафтени полиња и непрегледни пустински простори.

Во Дубаи, градот што се простира во полупустинскиот дел, авионот меко се спушти на пистата на аеродромот. И лево и десно се гледаше само песок, а можеа да се видат и за­бележат контрастите на животот: од пустински де­лови, до прекрасни оази како рај на поднебјето.

По кусиот одмор го напуштивме Дубаи и авионот се упати кон исток, кон Сингапур. Го гледавме Сонцето како заоѓа кон запад кога се приближивме кон Сингапур, градот на сониш­тата и едно од најзначајните, ако не и најзначајно воздушно пристаниште на тие простори. Во да­ле­чи­ната се чувствуваше раздвиженост: се гледаа мали ос­трови, а во бескрајната водена шир некои од го­ле­мите бродови оставаа трага зад себе во синилата на брановите.

Авионот започна полека да се спушта кон пистата на аеродромот во Сингапур, кога и бевме­ предупредени дека има простор со воздушна тур­бу­лен­ција. Меѓутоа, и тие непријатни мигови како да ги за­боравивме кога се приближивме кон островите. Аеродромот „Чанги“ нуди едночасовно забавно протегнување на нозете по долгиот лет. Поголем дел од аеродромот се наоѓа во морскиот предел од каде на левата страна се гледаа зградите на­ни­жа­ни како бисер на брегот од заливот што ја прават оригинална разгледницата.

И во Сингапур авионот слета безбедно каде требаше да останеме извесно време колку човек да се освежи и одмори. Беше околу 21 часот по локално време кога го напуштивме авионот и се упативме кон аеродромската зграда. Тоа е прекрасен трговски центар, со безброј дуќани од типот на „плазите“ во Канада и САД, со ресторани, фонтани и сè што е последен дизајн, и хит на техниката. Задоволството и уживањето во вкусно уре­де­ни­те мали продавници на аеродромот „Чанги“ траеше кусо време, или така нам ни се причини, кога беше објавено дека нашиот авион заминува за Сиднеј.

Ни се причина дека и ноќта од Сингапур до Сиднеј беше куса. Во утринските часови во далечините се покажаа непрегледни пустински предели на Австралија. Од глетката во пустината човек има чувство дека на песокот и дивината им нема крај и дека таму некаде во близината престанува животот. Меѓутоа, набргу во далечината се појавија првите, веројатно, абориџински живеалишта, потоа помали населби и езерца, рекички, шуми, жито…

svetot-na-dlanka-3

Во раните мугри веќе бевме над недогледијата на патот кон Сиднеј. И над овој светски град, веројатно поради големиот авионски метеж на аеродромот, леталото направи круг над Сиднеј. Ова беше можност за миг да се ужива во прекрасната глет­ка над Сиднеј. Патувањето во Австралија за нас претставуваше вистински и голем предизвик и своевидна авантура.

Беше големо доживување од птичја перспектива да се види мостот „Харбор“, „Операта“, високите облакодери, безбројните фјо­р­до­ви и новите населби. Авионот слета на Сид­неј­скиот аеродром, кој е изграден во непосредна близина на заливот „Ботан“, каде од непрегледната водена шир како птица слета на копното. Тоа ни заличи како она слетување на авионите од над водите на Охридското Езеро кон копното на Охридскиот аеродром. Но, Сиднејскиот аеродром е огромен и преполн со авиони и други летала. Авионот се спушти на аеродром, на местото каде пред околу два и половина века за првпат со брод стасал ка­пе­танот Џејмс Кук и ја открил таа „непозната земја“ Австралија 

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.