Среда, 24 Февруари 2016   
Разговор со Гордана Димовска добитничка на четири награди за литературни дела

razgovor-so-gordana-dimovska-1

Во Австралија и низ светот има искрени Македонци кои жртвувајки се себе си,посветувајќи љубов,време и средства се борат за македонските светлини со денови,месеци,години,децении.

Благодарение на такви доследни личности со. врста  македонска свест,кои восхитуваат,охрабруваат и импресионираат со македонски КОД е Гордана Димовска.

Гордана Димовска се јавува како литературен творец исто така како есеист,научник,публицист и новинар. Нејзините литературни состави со неизмерна љубов ги кити за родното поднебје и огништето. Пишува и за борците и националните празници.

Гордана Димовска со силината на зборот и мудроста проткаена низ нејзините новинарски,научни и литературни дела храбро се бори за Македонија. Со посветеноста на делата за Македонија ја брани и воспева,будно и успешно се бори за откривање на вистината.

Македонските историски светлини ги истражува будно,секојдневно низ македонските и светските извори,библиотеки,архиви,музеи и новинарски белешки и записи.

Соработува со македонските медиуми во Австралија и светот.

Дава и објавува свои статии,колумни,есеи до каде ќе може да стигне за да осветли настани поврзани со родната татковина.

Но да одиме по ред.

razgovor-so-gordana-dimovska-2

1. На традиционалниот награден конкурс за Прличева награда за 2015 година во организација на Македонското литературно друштво"Григор Прличев" Сиднеј, добивте четири награди. Ова преставува несомнено голем успех а и вложен труд. Кажете ни подетално кои награди ги добивте и за кои категории.?

Г.Д – Благодарам за честитките Љубица. Да, добив четири награди на литературниот конкурс распишан од страна на литературното друштво "Григор Прличев" – Сиднеј.

Прва награда – „Две солзи” – расказ на годината за возрасни.

Трета награда – „Калина” – расказ за возрасни

Прва награда – „Букви” – поема за деца

Втора награда – „Подарок” – расказ за деца

2. Дали литературните творби ги спремивте специјално за конкурсот или ви беа напишани од порано.Која ви беше инспирацијата?

Г. Д – Јас секогаш кога добивам инспирација за некој настан од минатото или тема која не е доволно опфатена во овие литературни форми, пишувам. Во овој случај, двата раскази за возрасни и песната за деца ги спремив специјално за конкурсот а расказот за деца Подарок ми беше спремен од порано но не беше објавен. Морам да кажам дека многу ја ценам долгодецениската работа на „Григор Прличев“ кои со години го поттикнуваат пишувањето кај писателите и поети од македонскот потекло во Австралија.

3.Дали и порано сте учествувале на овој конкурс и дали сте добиле награди,какви и кога?

Г. Д - Да, во 2013 година учествував на овој конкурс, и ги добив следниве награди: трета награда за поемата за возрасни „Мајчин глас“ и трета награда за расказот за возрасни: „Непребол”. Во 2014 ја добив првата награда за расказот за возрасни “Старото училиште“.

razgovor-so-gordana-dimovska-3

4.Кажете ни ги вашите први средби со пишаниот збор и вашите први инспирации и творби?

Г.Д – јас уште како ученичка пишував најдобри литературни состави, есеи. Прв состав кој го паметам беше насловен Есен во Македонија во кој многу сликовито ја опишав есента.  Потоа како 14 годишна ученичка направив и есеј за патронот на училиштето „Крсте Петков Мисирков” во С. Бистрица и добив втора награда и бев поканета да го прочитам истиот во студиото на Радио Битола. Прва песна која ја имам напишано се вика Копнеж. Значи кога пишуваш уште од рана возраст тоа е знак на нескриен талент а инспирацијата најповеќе доаѓа од големата љубов кон македонскиот јазик која ја осетив од мојот прв контакт со букварот. Кога мајка ми ми кажа дека ме запишала на училиште во прво одделение, јас и реков “Е од денес нема повеќе играње, сега ќе учам“. Денес како иселеник, пишувам од други причини и побуди. Целта ми е да откривам се што можам за неправдите кои се сторени над нашата земја, последиците од тие историски неправди, пишував многу колумни за сочувување на името Македонија. Првата беше под наслов “Македонија и само Македонија“ а потоа следуваше и „Конкурс за ново име – срамота на векот” објавени на веб страницата на Радио Илинден, Мелбурн и „Македонска нација” во 2010 година. Потоа ја објавив „Сочувајте го името – спречете го обезличувањето “која силно одекна во целиот свет и кажа НЕ за било каква промена на македонското име. Поради тоа што сум голем поборник за зачувување и негување на македонскиот јазик, напишав многу колумни на таа тема меѓу кои Силата на македонскиот збор, Македонскиот јазик во медиумите, Од срцето на народот, Може ли јазикот да исчезне, Македонскиот јазик симбол на македонското постоење моја прва статија во веб порталот  Македонска нација во кој денес сум и еден од уредниците. Многу статии, исвестувања за настани се објавени и во македонските весници „Денес“ и „АМН“ во Австралија а преземани од многу други медиуми ширум светот.

5.Во вашиот поетски дух провејуваат носталгија,љубов,копнеж кон родната Македонија.Со неизмерна љубов ги китиш песните и расказите.Од каде извира толкава љубов и посветеност?

Г. Д – тоа е сосема искрено чувство –Â  инспирацијата доаѓа од големата љубов кон родината, носталгијата која ја чувствува секој иселеник. Па така сосема нормално се наметнува и потребата да создавам творби и раскази во кои ќе се рефлектираат македонските белези од аспект на иселеник. Постои потреба од создавање на творби и раскази поврзани за просторот и времето во кое се живее но и за историските ликови и настани. Исто така тие треба да бидат блиски на детето од македонско потекло во Австралија на кое ќе му го поттикне интересот и  учењето за земјата и историјата. На тој начин, децата кои учат македонски јазик во Австралија ќе имаат голем избор на песни и раскази кои заедно со нивните учители ќе ги спремаат за  училишните приредби.  

6.Вашето творештво е збир од есеи,колумни,научни трудови и пораки.Од кога сето ова го истражувате и од каде толкава упорност,воља,сила и посветеност да го откривате сето тоа?

Г. Д – Моето творештво се состои од колумни, научни трудови, есеи, песни, раскази, новинарски записи. Поинтензивно започнав со пишување на колумни и научни трудови во 2008 година, поттикната од масовниот протест Македонија Македонци засекогаш во Мелбурн. Јас бев и активно вклучена во неговото организирање заедно со други наши големи патриоти и активисти во Заедницата. Мојата задача беше главно да пишувам објави во медиумите, учество во радио програми со цел да го повикаме народот помасовно да излезе на протест како и припремање на пораки за транспарентите кои ги користевме на протестот. Кога нешто силно сакаш, не постои пречка да не го реализираш. 

7.Со кој друг соработувате при собирање на материјали за вашите написи  освен архивите,музеите,библиотеките?

Г. Д – Најчесто работам сама во изнаоѓањето на стари белешки, објави во весници за Македонија. Најчести извори за делови во научните трудови се архивите на стари онлајн весници или State Library Melbourne. Имам соработка и со “Љубители на литература, култура и наука Св. Висарион“ – и професорот Ванѓелко Лозаноски од Демир Хисар, Македонија.

8.Каде ги објавувате вашите колумни,есеи?

Г.Д – Објавувам на мојот блог Macedonian timeline, и веб порталот Македонска нација.

9.Колку колумни,есеи,научни трудови досега сте објавиле.Дали се собрани и издадени како книга?

Г. Д - не можам да кажам точен број на издадени колумни, научни трудови но сигурно е 500 досега. Некои се објавени во мојата книга “Вечна светлина над Македонија“ во 2014 година.

razgovor-so-gordana-dimovska-4

10. Кои книги ги имате објавено?

Г. Д - За првпат се појавија мои песни и раскази во книгата “Од љубов со љубов за Македонија“ во 2011 година. Потоа во 2012 година заедно со професорот и писател Ванѓелко Лозаноски ја издадoвме книгата “Љубовната одисеја на Александар Македонски и Бела Ица“. Во 2014 година ја издадов книгата “Вечна светлина над Македонија”.

11. Бевте успешен просветен работник,заштитник и мисионер на македонскиот јазик,со љубов и мајчинска нежност успешно ги воспитувавте Македончињата во Австралија ?

Кажете ни нешто повеке за тоа.

Г.Д - Мојот ангажман во Викториското училиште за јазици започна во 1999 година во училиштето Altona Bay Secondary College а потоа започнав во VSL  Keilor Downs Secondary College се до минатата година кога поради недоволен број на ученици се затвори класот во кој предавав на почетокот на 2015. Тоа беше едно убаво искуство, можност да се предава убавиот Македонски јазик на децата во Австралија а чувството дека нашиот јазик зазема посебно место во ова мултикултурно општество е уште поголемо. Да се надеваме дека повторно ќе дојде до зголемување на бројот на ученици во наредните години затоа што навистина е од голема важност да се зачува во австралиските училишта и да продолжи да го гради културниот имиџ на македонската нација.

12. Што планирате во иднина да објавите.Дали е во подготовка нова книга?

Г. Д – Да, дури одговорам на вашите прашања го припремам и материјалот за новата книга која ќе содржи раскази и песни а како специјален додаток ќе бидат и неколку историско научни трудови и колумни. Ви благодарам за интересот за моето творештво и активности во Австралија.

Разговорот го водеше Љубица Поповска

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.