Среда, 02 Март 2016   
Австралија за Македонците е и далечна и блиска (3)

happy-australian-day

ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“

Кога се форматираше сликата за Австралија во која нашите патувања беа врзани со активностите и пос­тиг­нувањето на Македонците, не е на одмет да се додадат и некои други податоци за оваа земја. Така, главен град на Австралија е Канбера и се наоѓа на територијата на федералната влада. Сиднеј е главен град на Нов Јужен Велс, Мелбурн на Викторија, Бриз­бен на Квинсленд, Аделаида на Јужна Ав­стра­лија, Перт на Западна Австралија, Хобарт на Тас­ма­нија и Дарвин на Северната Територија. Најголеми пла­нини се Австралиските Алпи и Сините Планини на исток и југоисток.

На овој континент има степи, по­лу­пус­ти­ни и пустини (Големата песочна пустина и Го­ле­ма­та Вик­то­риина пустина). Таму владее тропска кли­ма на се­вер, умерена и суптропска на југ и на ју­го­ис­ток, троп­­­скопустинска и степска во најголемиот дел на континентот, а има мало количество врнежи. Во Австралија  има малку реки, најголема од нив е реката Мери со дес­на­­та притока Дарлинг, долга 3. 490 км и која се влева во Индискиот Океан.

Денес Австралија е една од најразвиените ин­дус­триски и економски сили и има значајна улога во светот. Австралиската нација, која на картата на светот постои околу 250 години, а која е составена од ­многу нации и етнички групи, претставува пример за многу на­роди и земји. Етничките групи со своето заедничко жи­веење го градат познатиот австралиски мул­ти­на­ционален мозаик на културите на народите што жи­веат на тие простори.

Патникот кој бил во Австралија, а не ги видел нејзините пасишта со стадата овци кои обично бро­јат по неколку десетици илјади, тешко може да каже дека навистина ја запознал оваа земја. Околу 200 милиони овци, а од нив повеќе од 100 милиони од расата - мерино, се темел на сите стопански за­фа­ти на австралиската влада и австралискиот на­род. Треба да се додаде дека бројни македонски семејства, особено од Бе­ло­мор­ска Македонија кои живеат во Западна Австралија се занимаваат со овчарство. Според некои податоци ако се смета дека секое семејство просечно има по че­тири членови, тогаш произлегува дека секое семеј­ство во Австралија има стадо од околу 60 овци. Кога ќе се каже дека на секое семејство му припаѓаат по околу 7 го­веда, се добива приближно јасна слика за бас­но­словното богатство што Австралија го има на своите па­сишта.

ovca-koala

Во оваа пригода ќе нагласиме дека за молзење на овците во Австралија, ниту струч­њаците за овчарство никогаш не слушнале. Ко­га на еден од нив му кажувавме за нашите шар­пла­нин­ски и пелистерски бачила, за одличното млеко и си­рење, солзи му потекле од смеење, бидејќи и са­ма­та помисла на молзење овци му беше смешна. По тој наш терк, сите жители на Австралија би морале да се занимаваат со молзење, за да може околу 200 милиони овци секој ден да се молзат. Што би останало од продуктивноста на трудот и имотите кога неговите вработени би се за­ни­мавале, меѓу другото  и со таа работа - молзење?

Затоа, овчарските фар­ми во Австралија сè повеќе ги освојуваат ненаселените прос­тори на континентот. Големото „море“ со темна боја и засушена трева на тропската горештина во Квин­сленд е полно со мекорунести овци и друг до­биток што ја прават Австралија земја на месото.

На аеродромот во Сиднеј нè пречекаа голем број нашинци како што и во минатото пречекувале голем број гости од Македонија. Средбата беше пријателска и многу срдечна. По пристигнувањето бевме сместени во еден убав хотел од каде можеше да се види голем дел од метрополата. Нашата љубопитност да се сретнеме со Македонците во Сиднеј беше голема. Затоа домаќинот не прошета низ повеќе интересни квартови и делови каде се доселиле голем број Македонци, особено од Битолскиот крај.

Во тие почетни моменти во новата средина, домаќините ни укажаа прилика да присуствуваме и да бидеме гости на концерт на македонски ора и песни што го приреди Македонското културно-уметничко друштво „Илинден“ од Рокдеил. Задоволството беше големо. Се интересиравме за историскиот развој на „Илинден“, за минатото, сегашноста, за идните планови и перспективи.. Притоа, бевме информирани дека тоа е едно од најактивните македонски друштва на петтиот континент, а работи во состав на МПЦО „Света Петка“. Во него членови се млади играорци, музичари, пејачи и други ентузијасти, претежно родени во Австралија.  Ни беше речено дека членството на КУД „Илинден“ учествувало на бројни етнички фестивали, црковни и други манифестации и било достоен амбасадор на македонската игра и песна.

kengur-emu

Исто така разговаравме и се потсетивме за Културно уметничкото друштво „Илинден“ кога гостуваше во Република Македонија, каде учествуваше на бројни манифестации и постигна видни резултати, со бројни успешни концерти, за што учесниците добија награди и признанија. Авторот на овие редови се потсети и евоцираше спомени од  гостувањето на „Илинден“ во Македонија, кога публиката постојано ги наградуваше учесниците со аплаузи за успешната изведба на богатиот македонски фолклор.

Ова значајно македонско друштво, за кое со право се вели дека е ороводник меѓу бројните културно-уметнички друштва во државата Нов Јужен Велс беше формирано на 26 ноември 1966 година од група Македонци, ентузијасти, кои, одделени од Македонија, преку орото, песната и музиката ја изразуваа силната љубов кон родната земја.

Бевме информирани дека со отворањето  на портите на Македонската православна црква „Света Петка“, во ноември 1976 година, друштвото „Илинден“ навлегло во една нова фаза на постигнување резултати. Имено, во друштвото се формирал Одбор од голем број активисти кои во исто време имале задолженија и во црковната општина и кои решиле тоа да биде во состав на црквата. Членовите на друштвото на најдостоен начин го презентираат богатството на македонскиот фолклор пред македонските доселеници и другите етнички групи кои живеат на петтиот континент, во Австралија, земјата која за Македонците е и далечна и блиска.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.