Среда, 09 Март 2016   
Првите македонски духовно-национални центри во Нов Јужен Велс (4)

avstralija-mapa

ДЕЛ ОД КНИГАТА „МАКЕДОНСКИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ЦРКОВНИ ОПШТИНИ ВО АВСТРАЛИЈА, КАНАДА И САД“

Активностите за поорганизиран живот на Македонците во Сиднеј започнале во 1946 година со формирањето на огранокот на МАНС (Македонско-австралиски народен сојуз) под име “Весела Македонија”, под раководство на Кирил Ангелков, Васил Христов, Џон Пизарков, Васил Бошков, Мик Веловски, Иљо Малков и други. Оваа група Македонци развиле широки активности во националното и културното живеење на Македонците од сите делови на Македонија на тие демократски австралиски простори, организирајќи вечеринки, пикници и сл. Тоа резултираше да започне формирањето на Македонската православна црковна општина „Свети Кирил и Методиј“ во Розбери.

Така, според делото „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД“ од авторот на овие редови е забележано дека Управниот одбор на Општината со помош на тогашниот свештеник Методи Гогов, (подоцна архиепископ и поглавар на Македонската православна црква г.г. Михаил) купил една методистичка црква во населбата Розбери.

Објектот беше преуреден во православен духовно-национален дом и адаптиран за вршење богослужби, венчавки, крштевки и други црковни обреди кои за македонските доселеници во Сиднеј значеле пресвртница во нивниот национален и црковен живот.

crkva-rozberi
Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Розбери

Црквата „Свети Кирил и Методиј“ беше осветена на 30 август 1970 година, а чинот на осветувањето го изврши тогашниот надлежен архиереј, митрополитот Кирил. Новоадаптираната црква служеше како македонски храм цели 6 години, но бидејќи беше мала по простор и не можежеше да ги задоволи потребите на македонските верници, во 1976 година се пристапи кон изградба на нова црква на истото место.

Темелите за новиот духовно-национален храм „Свети Кирил и Методиј“  беа осветени од митрополитот Кирил, а потоа се отпочна со акција за собирање средства за црквата.  Изградбата на црквата беше завршена во 1977 година, кога на 16 октомври беше свечено отворена.

Осветувањето го изврши тогашниот поглавар на МПЦ, неговото блаженство г-дин г-дин Доситеј пред повеќе илјади посетители. За прв претседател на Управниот одбор беше избран Драган Размовски, а прота Владо Поповски беше назначен за парохиски свештеник.

Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Сиднеј има два престола, два олтара: еден посветен на св. Кирил и Методиј, а вториот на св. Ѓорѓи, кој бил осветен од архиерејот г-дин Тимотеј за време на Божиќните празници во 1989 година. Црквата има сала, помошни простории, канцеларии и библиотека. Во неа се формирани: Македонското фолклорно друштво “Даме Груев”, КУД “Илинден”, КУД “Македонка”, Фудбалскиот клуб “Македонски орел”, Неделното училиште, женската и други секции кои играат важна улога во севкупното живеење во општината.

Една од првите Македонски православни цркво во Австралија е, секако „Свети Димитрија“ во Вулунгонг.Почетнитеактивности за формирање на оваа црква беа од времето кога се формираше првата црква „Свети Ѓорѓи“ во Мелбурн. Меѓутоа, во 1967 година Македонците од овој дел на Австралија го регистрираа Првиот црковен одбор, кој успеа во наредните години да купи место за изградба на црквата.

crkva-vulungong
МПЦ
 „Свети Димитрија“ во Вулунгонг

Местото беше осветено од митрополитите Методиј и Кирил во мај 1969 година, а на 4 април 1971 година беше положен и осветен камен-темелникот на црквата. Со тоа почна акција за собирање материјални средства во која се вклучија голем број Македонци од сите делови на Македонија и затоа црквата беше изградена за кус период.

Таканаречено мало осветување на Храмот беше извршено на 27 август 1972 година што го изврши на симболичен начин градоначалникот на Вулунгонг, господинот Поркер. На тој ден беа собрани голем број средства. Посебно место во дарителството му припаѓа на Злате Танески од Белчишта, Охридско. Исто така, придонес во дарувањето имаат Мијал Стефановски, Ангеле Ристиќ, Димко Димитровски (кој беше прв претседател), Ангеле Брглевски, Димче Николовски, Каранфил Кочовски, Спасе Ложенковски и други.

Посебно место во духовно живеење имаат свештениците: Љупчо Милошевски (првиот свештеник), Васил Сламков, Васко Димитровски, Климе Џепаровски и други.

Црквата „Свети Димитрија“ е лоцирана во тесното градско подрачје на Вулунгонг во непосредна близина на брегот на Морето. Таа е изградена во форма на буквата „Г“, која денес е реновирана, приширена и разубавена и адаптирана за голем број верници. Во состав на црквата работи КУД “Вардар”, женската секција, фудбалска и други секции.

Почетните активности, пак, за изградба на црквата „Света Петка“ во Рокдеил започнаа во 1977 година со формирањето на Иницијативниот одбор. Поголемиот број активисти на Одборот беа членови на КУД “Илинден”, меѓу кои посебно место во почетните години им припаѓа на Паско Грбевски, кој беше прв претседател, на Јоне Белчев, Перо Кикереков, Јонче Кокаловски, Кире Циревски, Митре и Лазо Дупешеви, свештеникот Александар Ивановски и многу други општественици и патриоти од македонската колонија во метрополата Сиднеј.

crkva-sidnej
МПЦ
Света Петка“ во Сиднеј  

Во тој период Одборот купи една стара куќа која беше урната и на нејзино место е изградена денешната црква “Св. Петка”. Црквата беше осветена од поглаварот на МПЦ  г.г.Доситеј и митрополитот Кирил на 19 февруари 1978 година, во присуство на голем број Македонци од сите делови на Македонија и нивни австралиски пријатели. До црквата “Св. Петка” е изграден Македонскиот културен центар “Илинден” кој заедно со храмот претставува значаен простор за Македонците од Сиднеј. Центарот беше доизграден и осветен на 8 јануари 1989 година.

Ова црковна општина, за која денес, за жал и нехристијански и немакедонски се водат безконечни судски процеси, е една од најголемите и најзначајните во Австралија во која се одвивале голем број активности на сите полиња. Во состав на црквата работи Културниот центар “Илинден”, а во минатото таму се печатеше гласилото “Македонски весник”; се емитуваше и радио-час на македонски јазик, се играше и пееше. Исто така, во црквата се активни женската секција, како и детската градинка која е единствена детска установа надвор од Македонија.

Во реонот Кабрамата, пак, дел од Сиднеј е изградена третата МПЦ што го носи името “Свети Никола”. Иницијатива за изградба на оваа црква покренаа активистите од МПЦ “Свети Кирил и Методиј”, кои, поради оддалеченоста на црквата решија да изградат уште еден храм. Поточно, на 3 февруари 1980 година е формиран Одбор од 15 членови на чело со Драган Размовски кој спроведе широки активности за изградба на новата црква.

slave-katin-kniga1

Така, во мај 1983 година отпочна изградбата на црквата “Свети Никола” која на 8 февруари 1987 година беше извршено осветување на храмот од митрополитот Тимотеј со голем број свештеници. Црквата е од тврд материјал, има храм и голема сала, а во неа се активни женската и други секции.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.