Среда, 16 Март 2016   
Во Сиднеј како на Широк Сокак во Битола (5)

sidney

ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“

Сиднеј е една од првите англиски населби на петтиот континент и е формирана во 1788 година. Денес е најголемото морско пристаниште, град на фјордовите и главен град на државата Нов Јужен Велс. Таму, во близина на Ботани Беј, во минатото се истоварил капетанот Џејмс Кук, поставувајќи ги темелите на денешна модерна и мултикултурна Австралија. По Мелбурн, Сиднеј е втор македонски центар и место каде се зборува и англиски и македонски јазик.

Во Сиднеј се сретнавме со поголем број Македонци од Битола, Ѓавато, Цапари, Охридско, Љубојно и други преспански места од етничка Македонија, од Леринско, Прилеп, Мариово... Со нив разговаравме за животот и нивните постигнувања и проблеми во Австралија. Но, за нив беше поважно да се зборува за Македонија, за нивните родни места, за приликите и неприликите во новите општествени услови, за политичкото милје и за сè она што е интересно околу и за Република Македонија.

Во текот на нашиот престој времето во Сиднеј беше врнежливо. Земјата беше жедна за вода и се чинеше дека е зима, а не почеток на летото. Нашите домаќини се потрудија да видиме поголем број знаменитости и карактеристики на Сиднеј , но и да се запознаеме со животот и активностите на Македонците.

Така, уште во почетокот на нашиот престој во Сиднеј ни се укажа прилика да се сретнеме и да разговаравме со претставници на Македонскиот просветно-училиштен одбор. Од тие македонски просветители во Австралија бевме запознати дека Одборот имал за цел да ги координира сите македонски училишта таму каде што живееле Македонци; да изработува годишни наставни планови и програми од I до  XII одделение и да одржува семинари по македонски јазик.

Првата настава по македонски јазик се извела во мај 1976 година во населбата Њутаун и дека Македонскиот просветно-училиштен одбор за Нов Јужен Велс со успех започнал да работи од 1978 година. Тој давал голем придонес во образованието и воспитувањето, како и всадувањето љубов кај децата од македонско потекло кон дедовската земја и бил чувар на македонскиот јазик, литературата, културата, обичаите, традициите...

sirok-sokak

Бевме информирани дека Одборот бил единствена македонска институција од таков вид надвор од Македонија која опфаќала повеќе од 30 наставници во етничките училишта со околу 1.400 ученици, како и триесеттина наставници, еден координатор и повеќе од 600 ученици во саботните средни австралиски училишта во Сиднеј, Њукасл, Вулунгонг и Квинбијан.

Иницијативата за формирање на Македонскиот просветно-училиштен одбор ја дале наставниците кои ја изведувале наставата по македонски јазик во Етничкото училиште во сиднејската населба Њутаун, која почнала со работа во мај 1976 година. Истата година во јуни во населбата Јагуна, а подоцна и во други училишта во населбите Кенливејл, Анклиф и во Сент Џорџ, се формирале нови училишта. Идејата за формирање на Одбор била поддржана од црковната управа на МПЦО „Света Петка“ од Рогдеил и од другите македонски асоцијации во Сиднеј. Затоа Македонците во Рогдеил, предградие на Сиднеј се чувствувале како да се на Широк Сокак во Битола.

Исто така, ни беше речено дека Македонскиот просветно-училиштен одбор успеал да го зголеми бројот на македонските етнички училишта за дополнителна настава по македонски јазик, потоа да го воведе македонскиот јазик во саботните училишта и да воспостави добри врски со австралиското и македонското општество. Така, секоја сабота македонскиот јазик, литература, култура, историја и географија се учеле во 12 етнички училишта во Нов Јужен Велс.

Овие училишта ги посетувале околу 800 ученици, а наставата ја изведувале 24 наставници. Од I до IV одделение учеле во 6 редовни училишта на Министерството за образование на Нов Јужен Велс. Македонскиот јазик како втор јазик го учеле околу 700 ученици, а наставата ја изведувале шест наставници. Исто така, во 7 гимназии од VI до XII одделение, 28 наставници им предавале македонски јазик на околу 600 ученици, за што полагале и матурски испити и им стоела оценка за предметот македонски јазик.

svetot-na-dlanka vo-avstralija-kako-doma

Улогата на Македонскиот просветно-училиштен одбор била непроценлива и од големо значење за афирмација на македонскиот јазик и културата во Австралија, каде македонскиот јазик рамноправно се употребува во ова мултикултурно општество како што се практицираат и другите етнички јазици.

Се чини дека наставниците што биле испратени од Министерството за образование и наука на Република Македонија биле од големо значење за работата на Одборот. Така, во 1983 година бил изработен Наставен план и програма од прво до шесто одделение и од седмо до дванаесетто одделение.     

 За одбележување е тоа што аставниците и членовите на Одборот во соработка со наставниците и професорите од Македонија издале околу петнаесетина учебници и други наставни помагала на македонски јазик, кои претставуваат убав прилог кон македонската книжнина и придонес во наставните процеси во училиштата во Австралија и пошироко каде се учи македонскиот јазик. Овие изданија целосно биле финансирани од австралиската влада.

И денес овој Македонски просветно-училишен одбор има многу значајна улога во воспитно-образовните проџеси кај македонските и другите ученици кои го учат македонскиот јазик во демократска и мултикултурна Австралија.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.