Среда, 23 Март 2016   
КУД „Илинден“ – афирматор на македонскиот фолклор (6)

kud-ilinden

ДЕЛ ОД КНИГАТА „ВО АВСТРАЛИЈА КАКО ДОМА“

При нашата посета во Сиднеј ни беше речено дека Македонското културно-уметничко друштво „Илин­­ден“ од Рокдеил, е ороводник меѓу бројните културно-уметнички друштва во државата Нов Јужен Велс. Тоа било формирано на 26 ноември 1966 година од група Македонци, ентузијасти, кои, одделени од Македонија, преку орото, песната и музиката ја изразувале силната љубов кон родната земја- Македонија.

Со отворањето  на портите на Македонската православна црква „Света Петка“, во ноември 1976 година, друштвото „Илинден“ навлегло во една нова фаза на постигнување резултати. Имено, во друштвото се формирал Одбор од голем број активисти кои во исто време имале задолженија и во црковната општина и кои решиле тоа да биде во состав на црквата. Членовите на друштвото на најдостоен начин го презентирале фолклор пред македонските доселеници и другите етнички групи кои живеат во Австралија.

Инаку, Македонското културно-уметничко друштво „Илин­­ден“ од Рокдеил, пред­градие на Сиднеј, каде што живеат повеќе од дваесетина илјади наши луѓе, е ед­но од нај­ста­ри­те и најактивните македонски друштва на петтиот кон­ти­нент. Работи во составот на МПЦО „Света Петка“, и во него досега чле­нувале над 2.000 млади играорци, музичари, пејачи и други ен­ту­зи­јас­ти.

Во периодот од скоро педесет години КУД „Илин­­ден“ учествувало на многу ет­нички фестивали, црковни и други манифестации и било до­сто­ен ам­ба­садор на македонската игра и песна. Повеќе пати гостувале во Република           Ма­кедонија и учествувале на број­ни манифестации со постигнати видни ре­зултати. Оваа година македонското културно-уметничко друштво во              исе­леништвото го слави своето педесетгодишно по­стое­ње, исполнето со сто­тици успешни концерти, со мно­гу­број­ни награди и признанија и со многу ова­ции и аплаузи за успешната изведба на богатиот македонски на­цио­на­лен фолклор. Денес претседател на КУД „Илинден“ е истакнатиот иселеник Пеце Наумовски, а кореограф е познатиот фолклорист  Крис Каранфиловски.

Бевме информирани дека почетокот не беше лесен. Друштвото рабо­те­ло во тешки услови, меѓутоа желбата за орга­ни­зи­ра­ност и афирмација на македонскиот фолклор била го­ле­ма. Се започнало со организирање на игранки, про­сла­­ви и други свечености на кои се афирмирале млади­те фолклористи бурно поздравувани и подржувани од публиката на сите нивни настапи. Подоцна во состав на Друштвото се ос­но­вале драмска и фудбалска секција, кои имале за цел да ги опфатат новите генерации Македонци да се приклучат во се­вкупното живеење на досе­ле­ни­ците од Ма­ке­до­нија. Прв претседател на Друштвото бил Ристо Велковски, а пр­ва играорка Лена Белчева.

Sydney-Eisteddfod

При нашата посета разговаравме со еден од претседателите на КУД „Илин­­ден“, истакнатиот исе­­леник Кире Паовски, по потекло од Цапа­ри, Битолско, за кое често се ве­ли дека небаре цело село се преселило во Рокдеил. Кире е вљубеник во својот народ и голем активист во македонската заедница. Бил претседател на комисијата за културно-просветна работа при црквата „Света Петка“ и претседател на КУД „Илин­­ден“ и повеќе пати на чело на оваа македонска асо­цијација која постигнува видни резултати на полето на ширењето на македонските обичаи, традиции, песна­та и игрите и македонскиот народен фолклор на австралискиот континент.

Бевме информирани дека во изминатиот период чле­ну­вале илјадници Маке­донци, претежно родени во Австралија. Друштвото постојано учествувало на нај­раз­лични фол­клор­ни фестивали меѓу кои заслужува да се споменат, меѓу другите, нас­та­пите на Етничкиот фол­клорен фестивал „Квантас“, што се одр­жа на 6 јуни 1991 година во поз­натата светска куќа „Опера Хаус“ под по­кро­ви­тел­ство на Владата на Нов Ју­жен Велс, каде што достојно го пре­зен­ти­ра­ше маке­дон­скиот фол­клор со другите етнички групи што живеат на петтиот континент.

За успехот на фестивалот КУД „Илин­­ден“ беше ставено во та­канаречената „Златна гру­па“ и доби парична награда. Исто така, Друштвото учествувал на фе­сти­валот „Свети Кирил и Методиј“ во Розбери, што се одр­­жа во чест на на­ционалниот празник Илинден, како и на фестивалот „Илин­­ден“ во Рок­деил, потоа настапи на првиот фолк-фестивал „Македонија 91“ во Кан­бе­ра, а гостуваше во Њукасел и во многу други места ширум Австралија.

anticki-makedoncii

Прославата на 49-годишното постоење на Маке­дон­ското културно-умет­ничко друштво „Илин­­ден“ е уште еден доказ за континуитетот во ет­но-презентацијата и воопшто за достигањата на ма­ке­донските до­се­ле­­ни­ци во Сиднеј, каде што иако толку далеку од дедовската земја, Ма­­ке­донија ги негуваат, чуваат и афирмираат национал­ни­те и културните вред­­нос­ти како дел од меѓу­нацио­нал­ниот и демократскиот мозаик на Ав­стра­лија.

Покрај Маке­дон­ското културно-умет­ничко друштво „Илин­­ден“, од активностите на Македонците треба да се одбележи дека во Сиднеј постојан голем број друштва и различни асоцијации на доселениците од Македонија. Меѓу другите се: Македонскиот просветно-училишен одбор за Нов Јужен Велс; Македонското пензионерско друштво “Методија Андонов - Ченто”, кое е  формирано на 20 март 1990 година од членови кои црквуваат во “Св. Недела” во Кабрамата; во повеќе градови на Австралија се одржуваат македонски фолклорни фестивали на новокомпонирани песни; во Илавара постои Македонскиот театар што го носи името на  нејзиниот режисер и основач  Благоја Нешковски, млад талентиран уметник што прерано го заврши својот живот; во Илавара е формиран Македонски добротворен центар, како  продолжение на Македонското добротворно здружение формирано во 1983 година; КУД “Охридски бисери” од Беркли; КУД “11 Октомври” од  Илавара; КУД “Вардар” од Грингила;  КУД “Вардар” од Бенгстаун и други македонски друштва и асоцијации во Нов Јужен Велс.

esma-tomov

Исто така,  Катедрата за македонски јазик на Универзитетот „Маквори“ во Сиднеј, е една од најзначајните образовни институции за Македонците и бројните лингвисти во Сиднеј. Таа е основана во 1984 година и до денес голем број лингвисти ги завршиле своите студии по македонски јазик и литература на престижниот универзитет „Маквори“. Тоа е поврда за признавањето на македонскиот јазик и литература, за македонска нација и вистината за Република Македонија.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.