Среда, 30 Март 2016   
Во Литературното друштво „Григор Прличев“ во Рокдеил (7)

mldgp

ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“

Една од најзначајните македонски асоцијации во Сиднеј и пошироко е, секако, Македонското литературно друштво „Григор Прличев“. Тоа е прво литературно друштво од таков вид во дијаспората. Друштвото беше формирано на 31 март 1978 година од група ентузијасти и вљубеници во македонскиот мајчин јазик, литературата и културата. Познатиот иселеник, поет, писател, драматург, општественик  Душан Ристевски беше првиот избран претседател на Друштвото, во кое се зачленети десетици познати и признати  вљубеници на убавиот македонски литературен јазик, во поезијата и прозата, во публицистиката и новинарството., во зближувањето на македонските доселеници, коишто се активни на полето на литературата.

Во книгата „Светот на дланка“ од авторот на овие редови се вели дека, меѓу другото, Друштвото „Григор Прличев“ со неколку илјади книги, списанија и други материјали, организираше наградни конкурси за најдобри литературни творби, а организира и богата издавачка дејност на дела од македонските доселеници, кои во слободното време се занимаваат со пишување. Во Друштвото членуваат голем број творци на поетски остварувања. Тие се чувари на сè она што е македонско и се продолжувачи на културните вредности на македонскиот народ од сите делови на Македонија во дијаспората.

При посетата на Сиднеј се сретнавме, другарувавме и разговаравме со бројни наши колеги членови на Друштвото. Од нив бевме информирани дека издавачката дејност на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ е многустрана. Меѓу другото, таа има големо значење за афирмирање на литературните остварувања на Македонците во Австралија и светот, како и за достоинствено презентирање на македонските доселеници и нивните културни вредности кои се дел од мултикултурата на многунационалното и демократско општество во Австралија.

mldgp-2

Македонското литературно друштво Григор Прличев во Сиднеј, ја прослави 35- годишнината од формирањето. Притоа, Иван Трпоски, поет, писател, познат и признат деец, кој е и библиотекар во Друштвото, меѓу другото, го изјави следното:

„Од активностите на Друштвото вредно е да се одбележи традиционалниот конкурс за “Прличева награда” за поезија и проза, каде најдобрите дела се наградуваат во три категории; првите и вторите награди се во плакети и третите награди со комплети книги. Поради покажаните успеси во полето на литература и култура, тоа е  наградувано, како од страна на македонската заедница во Австралија, така и од страна на австралиската јавност. За зал, Друштвото се‘ уште не добило никакво признание од татковината Македонија. Инаку, улогата на Друштвото е насочена кон одржување и ширење на македонскиот јазик, литература, култура и историја на австралиските простори.Друштвото Григор Прличев во својата 33 годишна макотрпна работа има објавено 60-тина списанија Повод, 50-тина збирки песни, драми, раскази, поеми од своите членови, а круна на сето тоа се објавените два зборници на македонски јазик и една антологија на англиски јазик.

Убаво е да спомнеме и тоа дека друштвото Григор Прличев е единствено друштво во светов кое работи самостојно, без ничии патронат. За помошта од Македонија, пак, ни е мошне чудно: Кога немавме своја држава, добивавме повеќе помош од тогашните југо-власти, сега имаме држава, за која го кревавме гласот до небо, но не добиваме никаква помош, велат македонските иселеници, членови на друштвото”, рече познатиот и признат поет, писател, вљубеник во своето Волино,  Иван Трпоски.

mldgp-3

Библиотеката, именувана по преродбеникот од Охрид, Григор Прличев, веќе 38 години успешно функционира во Сиднеј. На 31 март 1978 библиотеката ја основаа членовите на австралиско-македонската заедница во Сиднеј, а целта е да се изучува, зачува и промовира македонскиот јазик и македонските литературни. Мисијата на библиотеката е да се збогати мултикултурното општество во Австралија со македонски книжевни дела. Три и пол децении од основањето на библиотеката е историски момент за македонската заедница.

Денес друштвото „Григор Прличев“ претставува столб на културните и литературните збиднувања на Македонците и нивните пријатели во Австралија и ширум светот. Тоа е едно од најзначајните публицистички куќи, културни и се’македонски центри кое ги собира, зближува и надградува бројните интелектуалци, вљубеници во пишаниот збор, во театарскиот храм и во се она што значи зачувување и афирмација на културата, јазикот, името и вистина за  македонскиот народ и етничка Македонија.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.