Среда, 06 Април 2016   
Публицистичко новинарски остварувања во друштвото „Григор Прличев“ (8)

vidici

ДЕЛ ОД КНИГАТА „МАКЕДОНСКИОТ ИСЕЛЕНИЧКИ ПЕЧАТ“

Бројот на македонските гласила во Австралија се зго­лемува од година во година како потреба за национална афирмација и презен­ти­­рање на активностите и достигнувањата во новата средина и секако,  на мај­чиниот македонски јазик.  Истовремено, тие се моќен фактор за зачувување на националниот дух, го јакнат патриотското единство и ги афирмираат националните доблести рамноправно со другите етнички групи што жи­веат во Австралија.

Инаку, Друштвото „Григор Прличев“ е формирано на 31 март 1978 година во Сиднеј, а во него членуваат Маке­донци ентузијасти, вљубеници во            ма­­кедонскиот јазик и литература. Списанието на Друштвото, го уре­ду­ва Редакциски одбор составен претежно од ентузијасти со потекло од Ох­ридско-стру­шкиот и Битолско-преспанскиот регион.

Едно од најзначајните македонски гласила што повеќе години се издаваше во Ав­стра­­лија, секако беше списанието „Повод“. Тоа беше прво македонско списание во Австралија и един­стве­но од ваков вид во иселеништвото. Излегуваше како орган на Македонското литературно друштво „Григор Пр­ли­чев„ во Сиднеј.

Според книгата „Македонскиот иселенички печат“ од авторот на овие редови, Славе Катин, првиот број на „Повод“ се појави на 15 ју­ни 1978 година на четири стра­ници со формат 30 х 21 см. додека наредните пет броеви ја имаа ис­тата      фор­ма, а имаа зголемен број страници, во периодот од речиси пет години колку што из­ле­гу­ваше, отпечатени се 28 броеви, на различен формат.

dusan-risteski-ivan-trpovsk
Душан Ристевски и Иван Трпоски

Во воведот на првиот број, а слични текстови се об­­­ја­­вени и во на­ред­­ните броеви, се вели дека спи­са­ние­то „По­­вод“, покрај пре­зен­ти­ра­ње­то на ли­те­ра­тур­ните и про­свет­ните достигнувања во Татковината, ќе објавуваат лич­ни творби од областа на поезијата, прозата и журна­ли­сти­­­ката на членовите на Македонското ли­те­ратурно дру­­ш­тво „Григор Прличев“, а по пат на кон­курс, и на чле­но­­ви и други лица кои се зани­ма­ваат со пи­шување лич­ни творби за животот во Австралија. Во на­та­мош­ниот текст од првиот број се вели дека со фор­мирањето на Друш­твото „Григор Прличев“ се појави 'рку­лецот којшто се разграни наоколу и во сво­јата утро­ба ги привлече заин­­тересираните љубители на македон­скиот ја­зик и ли­те­ратура.

Содржината на списанието „Повод“ е разновид­­на. Се­кој број е по­светен на по еден македонски лите­ра­ту­рен деец со осврт на неговите најдобри ли­те­ра­турни ос­­тва­рувања. Потоа, застапени се рубриките: „Де­ла на на­ши членови“, „Од македонското народно на­след­­ство“, „За ма­ке­дон­ски­от јазик и литература“, „Стра­ни­ци од ли­те­­­­ратурата“, „Јазично катче“, „Дет­ско катче“, ка­ко и го­лем број рекламно-пропагандни материјали од не­­кои прет­­ставништва во Австралија и од македонски­те исе­ле­­­ници соп­стве­ници на разни бизниси во Сиднеј и око­ли­­ната.

Во почетокот на  печатењето на списанието „Повод“ (1978 година), из­ле­гоа три броја.  Првиот број излезе во ју­ни, вториот во август и третиот во октомври. Потоа се зголеми бројот на страниците и се подобрува ква­ли­тетот на списанието. Овие броеви ги уредува Ре­дакциски одбор во состав: Цане Долевски, Лилјана То­шевска и Душан Ристевски, како глав­ни и одговорен уред­ник, додека Миле Петровски е технички уредник.

Во 1979 година се печатени, исто така, три броја, но како тримесеч­ници, сите на 20 страници, со формат 21 х 30 см., додека четвртиот, бројот 7 е издаден на 24 стра­ници и на помал формат (16 х 21 см.). Во овој и во дру­гите броеви во наредниот период застапени се рубриките: „Од број до број“, „Наши писатели“, „Дела на наши пи­са­тели“, „Од ма­ке­донското народно творештво“, „Конкурс“, „Јазично катче“, „Осврти“, „За­бавно кат­че“, „Резултати од конкурсите“ и други.

Во наредните 1980 и 1981 година,  се отпечатени по четири броја: од бројот 8 до бро­јот 11 и од 12 до 16, како три­ме­сечници чиј број на страници се движи од 26 до 32. Во сите нив, а и во наредните во кои се застапени ру­б­ри­­ките од претходните години, одговорен уредник е Ду­­шан Ри­стев­ски, а му по­­магаат членови на Друштво „Гри­гор Пр­ли­чев“.

Секоја година во списанието „Повод“ се објавуваше кон­курс, од кој се избираа најдобрите литературни твор­би во годината, со учество на ав­то­ри кои анонимно и ши­фрирано ги испраќаа своите лични творби поезија, проза и детска  литература. Во­о­бичаено, на кон­курсите пристигнуваа голем број литературни творби, од кои посебна ко­мисија, составена од членови на Друштвото и видни општественици од македонско потекло, избира  и ги рангираа остварувањата како први, втори, трети и четврти и ги наградуваа со скромен па­ричен износ. Во текот на петте конкурсни нат­пре­вару­вања, на­градени се 18 песни, 10 раскази, 6 песни за деца и 6 детски раскази.

На  12 април 2013 година , во Сиднеј на свечен начин се одбележа 35 годишницата од постоењето на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј,. На свечаноста присуствуваа стотина членови како од Сиднеј така и од поближните градови кои имаа можност да се присетат за почетоците од формирањето и безбројните активности со кои Друштвото се постави на пиедестал како поборник за македонскиот јазик, литература и култура во Австралија, да се потсетат за значајното списание „Повод“ кое одигра значајна улога во публицистичко-новинарската дејност на друштвото „Григор Прличев“.

knigi

Друштвото од самиот почеток превзеде водечка улога во негување на македонскиот јазик преку издавање на списанието „Повод“, организирање на наградни конкурси за „Прличева награда“, издавање книги од самите членови и формирање на библиотеката „Григор Прличев“. Од самиот почеток Друштвото ја превзеде улогата на организирање Денови на македонската култура, филмски фестивали, изложби, семинари и конференции, поетски средби, театарски вечери,  јавни протести, дебати и издавање писмени ноти во борбата за зачувување на македонскиот идентитет, барање човекови права за Македонците во поробениот дел на Македонија и апели за да се поддржи правото за самоопределување на Македонците во Австралија и да се запре дискриминаторската политика на Европската заедница.

За своите најактивни членови, соработници и помагатели, Друштвото им додели благодарници за нивните напори во негување на македонскиот јазик. Исто така по изнесените претходни предлози на свечаноста се одлучи едни од најактивните членови да бидат прогласени за почесни-доживотни членови. Иван Трпоски беше прогласен за почесен член, а Душан Ристевски за почесен член-претседател. Исто така  на средбата едногласно се одлучи на најиздаваниот поет и писател Иван Трпоски да му се додели посебна Прличева награда за книгата „Угреј сонце во мојот сон“ што беше издадена како избор од неговата поезија по повод авторовата 35 годишна публистичка дејност.

Исто така им се додели посебна благодарница на Димче Џајкоски од Маседон Травел и на филантропистот Др. Васил Тулевски за нивното парично донирање кон издавањето на книги од Друштвото.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.