Среда, 13 Април 2016   
Славе Катин – автор на значајни лексикогравски дела (14)

slave-katin1

Славе Николовски-Катин, или како што е познат само како Славе Катин е голем вљубеник во својата родна Преспа, во етничка Македонија и македонскиот народ, како и во Македонците насекаде во светот. Тој е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно на етничка Македонија и на животот на Македонците во дијаспората.

Катин е роден на 19 август 1941 година во Долна Преспа, во куќа која во тоа време ја заплиснувале брановите на Преспанското Езеро, во непосредна близина на старата наколна населба Наколец, од каде е неговиот татко Ристо, кој ги остави коските како прогонет Македонец во Рио де Жанеиро во Бразил. Катин е роден на почетокот на Втората светска војна, кога Хитлеровска Германија, опијанета и заслепена од идеологијата на фашизмот, се крена против целиот свет, верувајќи дека има сили да завладее со него.

Краток  период по неговото раѓање, семјеството на Катин се вратило во Љубојно, од каде е неговата мајка Сандра (од семејството Грежловци). Таму Славе Катин го минува поголемиот дел од детството и младоста, а се навраќа во него цел живот. Во својата убава македонска куќа тој има библиотека со над четири илјади книги. Во Преспа од мали нозе го почувствувал печалбарскиот живот на луѓето од тој крај, особено преку печалбарската сага на дедо му Алексо (Алек) Ристов – Грежлов, кој педесеттина години живеел во Детроит САД и од неговите родители кои педесетина години живееле во Торонто, Канада. Основното и осумгодишното училиште (со мала матура) го завршува во Љубојно, а геодетскиот отсек на Средното техничкото училиште во Скопје. Студирал геодезија во Белград, а дипломирал на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во Торонто, пак, се школувал на специјализираниот Институт за англиски јазик и литература.

Патува непрестајно по светот цели педесет години. Затоа, најновата публикација „Светот на дланка“ е негово 50. издание, во кое се објавени 40 репортажи од доживувањата и посетите на 40 земји во светот. Тука се и трите патувања до Австралија, посетите на: Индија за погребот на Мајка Тереза, Емиратите, Израел, Турција, Украина и Русија, Средна и Јужна Америка, Бразил и Аргентина, Европската унија, од Германија до Шпанија и голем број земји на Блискиот Исток и Африка. Како куриозитет за него е тоа, што досега има 55 двонасочни, или 110 еднонасочни патувања преку Атлантскиот Океан, почнувајќи од првиот лет во САД во 1964 година и во Канада во 1966 година па се’ до денес.

bibliski-recnik

По дипломирањето на Филолошкиот факултет, односно по враќањето од Канада, Катин четири години работи како координатор и стручен преведувач во Хидробиолошкиот завод во Охрид, во периодот на истражувањето на Охридското Езеро, утврдено со Договорот помеѓу Заводот и Смитсоновата фондација од Вашингтон, дс, САД. Во тој период, Катин  интензивно работи на повеќе преводи од научен и стручен карактер, од македонски на англиски јазик и обратно, за потребите на Заводот, но и на низа преводи на англиски јазик на научни трудови објавувани во земјата и странство, особено во САД.

Славе Катин, меѓу другото, е познат со неговите лексикографски изданија. Негово прво дело е „Англиско-македонскиот лимнолошки лексикон“ (1986) во издание на Хидробиолошкиот завод од Охрид. Тој е резултат на неговата долгогодишна преведувачка дејност во областа на лимнологијата и хидробиологијата, остварена, пред се, во Хидробиолошкиот завод во Охрид. Ова дело е подготвено да пополни една празнина во овие науки и да им послужи како помагало на учениците, студентите и научните работници кои се служат со англиска литература од повеќе области и науки.

Исто така, Катин е автор и на  „Англиско-македонскиот биотехнички речник“ (1994), потоа на „Водич низ компјутерската терминологија“ (2000), со Стеван Томовски и на „Англиско-македонскиот ветеринарен речник“, (1996) со проф. Илинка Дракулевска-Грубовиќ и проф. Никола Јордановски.

Во „Англиско-македонскиот ветеринарен речник“ кој е прва публикација од ваков вид во Македонија, се собрани околу 15.000 зборови кои се употребуваат во ветеринарската стручна литература. Во него се поместени термини од ветерината, сточарството, земјоделието и другите сродни науки, со акцент на анатомијата, физиологијата на домашните животни, заштитата, одгледувањето, производството, преработката на сточните производи, репродукцијата и исхраната на добитокот, преработката на млекото, месото и други производи, како и термини од механизацијата во ветерината, земјоделието и сточарството. Исто така, во речникот се собрани и термини од паразитологијата, ентомологијата, фитопатологијата, пчеларството, ловот и риболовот.

slave-katin-knigi2

Значајното лексикогравско дело „Библиски речник“ (1997), од проф. Д-р Петко Златески, познат педагог од Теолошкиот факултет во Скопје и претседател на Библиското здружение на Македонија и Славе Николовски - Катин е првенец од ваков вид на македонски јазик, што излезе само после неколку години од појавувањето на комплетното македонско издание на Светото писмо на Стариот и Новиот завет. Составен е да служи како патоказ за истражувањето на Библијата, како помагало за секој љубител и читател на Светото писмо. Подготвен е да биде толкувач и водич низ библиските текстови и да помогне за подобро и полесно да се разбере Божјото слово.

Овој библискиот толковен речник, главно, содржи историски и археолошки податоци за личностите од Библијата, поединости за библиските настани и институциите, податоци за библиските книги. со најразновидни информации наменети за денешниот културен и религиозен свет. Исто така, дадени се и повремени кратки објаснувања на одделни теолошки термини, пропратени со бројни библиски цитати. На тој начин, доаѓа до израз изворниот мотив за составување на овој речник, тој да биде не само со научни, туку и со информативни карактеристики.

Се чини меѓу лексикогравското творештво на Славе Катин, изданија за деца „Ајде да учиме македонски и англиски“ (1997)(на француски и германски; потоа „Ајде да учиме македонски, англиски и турски“, со Исние Шабан; „Ајде да учиме македонски, англиски и албански“, со Лирија Реџепи; „Ајде да учиме македонски, англиски и влашки“,со Захарица Порчу и „Ајде да учиме македонски, англиски и ромски“, со Љатив Демир, имаат посебен простор во неговата дејност.

slave-katin-knigi3

Познато е дека англискиот францускиот, рускиот и германскиот јазик спаѓаат во групата јазици најчесто нарекувани како "јазици на иднината", зашто се најупотребувани во науката, техниката, културата, дипломатијата и бизнисот. Поради тоа, тие се најизучувани, не само во регионите во кои се најдоминантни, туку и во секоја цивилизирана држава во светот. Не случајно, најголемиот дел од научната и стручната литература, но и од светското книжевно творештво, се објавени токму на овие јазици.

 Речникот во слики - ајде да учиме англиски, германски и француски - се подготвени да пополнат една празнина во нашата средина и со нивниот  скромен, но значаен фонд на зборови на овие јазици, да биде достапни за повеќе слоеви на популацијата. Почнувајќи од оние во предучилишното, основното, средното и високото образование, па се до категориите граѓани, вработени или пензионирани, на кои ќе им помогнат да ја збогатат својата претстава за светот, преку перманентната комуникација со вредностите што до нас допираат преку електронските медиуми, од разни подрачја на нашата планета Земја.

Македонска нација

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.