Среда, 29 Јуни 2016   
МПЦ „Свети Климент Охридски“ во престолнината Канбера (20)

sko1

ДЕЛ ОД АКТИВНОСТИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА

Бројот на македонските иселеници се зголемува од година во го­дина. За жал, не постојат целосни и попрецизни податоци за тоа колку досега заминале и го напуштиле македонскиот дедовски праг. Според од­дел­ни показатели се проценува дека во светот живеат околу два  милион ма­кедонски преселеници од сите делови на етничка Ма­ке­донија, од кои само 300.000-500.000 во Австралија и Нов Зеланд.

Тешко може да се определи бројот на Македонци­те во дијаспората, бидејќи во новиот свет доаѓале и доаѓаат со тур­ски, грчки, бугарски, српски и други патни исправи. Зависно од тоа нивните имиња се приспособуваат на    зем­јите од каде што доаѓаат. Единствено, Македонците од Република Ма­кедонија заминуваат со македонски пат­ни исправи и официјално се                  ре­гистрираат како Ма­ке­дон­ци во прекуокеанските земји. За жал, и од Република Македонија не се водела точна евиденција За Македонците од    дру­гите делови на етничка Македонија, пак, процедурата за до­ка­жување на сопствениот идентитет е потешка и не­при­јат­на. Не ретко за тие страдалници, особено од егејскиот дел на Македонија се кршат и ос­новните морални па и човечки норми пропишани со Декларацијата на Обединетите    на­ции за основните човечки права.

Македонци во престолнина на Австралија-Канбера дошле пред тој да биде главен град на петтиот континент. Тие денес се горди што живеат во демократска Австралија и се дел од секојдневието на тие простори. Инаку, Канбера, главниот град на Австралија е најголемиот административен и дипломатски центар и седиште на австралиската Сојузна влада и на Парламентот. Градот како населба е формиран во 1913 година на сојузна територија, која политички е издвоена од рамките на државата Нов Јуже Велс, а од 1927 година е престолнина на Австралија.

На таа сојузна територија од 2.432 квадратни километри се населиле околу триста и осумдесет илјади од сите нации, народи и народности, етнички групи, од различни конфесии, кои го прават. Канбера е официјалната резиденција на претставникот на англиската кралица, на генералниот гувернер, Врховниот суд и на бројни владини одделенија и агенции. Тоа е исто така место на многу социјални и културни институции од национално значење.

sko2

Според делото „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД“ од авторот на овие редови, Славе Катин, Македонците стасале во Квинбијан и Канбера, пред тој да биде назначен за престолнина на Австралија. Првите доселеници биле од Егејска Македонија, од Леринско и од Костурско, најмногу од селата Трсје и Статица. Се претпоставува дека во Канбера и во Квинбијан живеат околу пет илјади Македонци, меѓу кои покрај доселениците од Леринско и Костурско, има и од Охридско, особено од Дебарца, од Битолско, од Преспа и од други места на етничка Македонија. Често се вели дека македонската заедница на тие простори е бројна и игра и претставува значаен дел од општественото живеење на Канбера.

Како резултат на бројноста на македонските доселеници во Канбера се јави потреба да се гради и втора македонска православна црква во главниот град, по црквата „Свети Илија“ во Квинбијан. Така, во 1982 година се формира Одбор за изградма за македонската православна црковна општина што го доби името на македонскиот просветитет „Свети Климент Охридски“ во Канбера. Иницијатори за таа идеја, покрај другите беа: истакнатите иселеници од македонско потекло: Симо Танески, Наум Деспотовски, Власе Николовски, Боб Спасеновски, Коста Мазенко  и многу други.

Катедралната црква „Свети Климент Охридски“ од Канбера, по многу нешта е единствена и значаен сакрален објект на петтиот континент. Таа е сместена во средината на една височинка во квартот „Ред Хил“ (Црвен рид), односно ридот „Нарабанда“ наречен со домородниот речник на Абориџаните. Тој дел каде е изградена црквата „Свети Климент Охридски“ е едно од најелитните места во Канбера. Таму се вишнеат повеќе амбасади и други дипломатски претставништва од многу земји во светот, од каде како на дланка се гледа голем дел од австралиската престолнина.

Широкиот простор каде што е изградена оваа македонска православна црквата на околу дваесеттина илјади квадратни метри е подарок од Федерална влада на демократска и мултукултурна Австралија од 1982 година. Тоа беше мотив повеќе за македонската заедница да се спроведе широка акција за собирање средства и и ангажирање за изградба за овој значаен македонски духовен и национален храм, за генерациите

Акцијата за изградба на новата македонска православна црква „Свети Климент Охридски“ наиде на големо разбирање и поддршка од македонските доселеници. Како резултат на тие активности, на 6 јуни 1983 година се удрени темелите на новиот храм, чие осветување го изврши надлежниот архиереј г. Тимотеј, во сослужение на свештениците, Ѓорѓи Кацарски, Ахил Теохарев и Наум Деспотовски, во присуство на бројни иселеници, дипломати и гости од федералната влада.

sko3

Во историјата на оваа македонската православна црква, 18 декември 1989 година, денот на осветувањето на храмот ќе остане забележан со златни букви. Тогаш надлежниот архиереј митрополитот Тимотеј, во сослужение на голем број свештеници од другите македонски православни цркви ширум Австралија и бројни иселеници и претставници на Владата на Австралија, дипломи од повеќе земји, преставници на други конфесии и бројно македонско иселеништво беше извршен свечениот чин, осветување на црквата „Свети Климент Охридски“, Со тоа се отворија портите на  уште еден македонски храм на петтиот континент.

Црквата „Свети Климент Охридски“ во Канбера е убав пример на македонска архитектура, која со проектот, димензиите и несекојдневниот изглед на современ и репрезентативен објект, влезе во регистерот на значајни споменици на Канбера. Со изградбата на салата, училиштето за македонски јазик, историја, географија и религија и другите објекти кои се планираат да се градат во иднина, се очекува овој храм да биде вистински македонски културно-просветен, религиозен и национален центар за Македонците од сите делови на Македонија, кои свиле ново гнездо во престолнината на демократска Австралија, Канбера.

Во состав на црковната општина со успех работи КУД “Младост” со мешаната играорна група “Св. Климент Охридски”, во кои членуваат бројни вљубеници на изворниот фолклор и песната и кои се негувачи на македонските традиции, обичаи и се‘ она - народното и современото што го зачувал македонскиот народ од сите делови на етничка Македонија. Исто така значајна улога има женската секција, неделното училиште и  другите асоцијации, кои заедно со свештеници Љупчо Симиџиовски и Александар Цандовски, ја афирмираа македонската вистина и создадоа погодни услови за творечко изразување  на Македонците на петтиот континент.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.